Аеродром Франкфурт
Аеродромот Франкфурт на Мајна (IATA: FRA, ICAO: EDDF), обично познат како Аеродром Франкфурт и познат на германски како Flughafen Frankfurt am Main или Rhein-Main-Flughafen, е голем меѓународен аеродром во близина на Франкфурт, Германија.
Аеродром Франкфурт Flughafen Frankfurt am Main | |||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Аеродромот Франкфурт од воздух (2010) | |||||||||||||||||||||||
Општо | |||||||||||||||||||||||
Тип | Јавен | ||||||||||||||||||||||
Сопственик/Оператор | Fraport | ||||||||||||||||||||||
Местоположба | Франкфурт, Хесен, Германија | ||||||||||||||||||||||
Јазол за | |||||||||||||||||||||||
Надморска височина | 364 ft / 111 m | ||||||||||||||||||||||
Мрежно место | www.frankfurt-airport.com | ||||||||||||||||||||||
Писти | |||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||
Статистика (2011) | |||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||
Раководен од сообраќајната компанија Fraport, аеродромот Франкфурт е далеку најпрометниот аеродром по патнички сообраќај во Германија, трет најпрометен во Европа (зад Хитроу и Шарл де Гол) и деветти најпрометен во светот во 2011. Патничкиот сообраќај на аеродромот Франкфурт во 2011 бил 56,4 милиони. До зимата 2011/12, аеродромот Франкфурт опслужуваше најмногу меѓународни одредишта во светот, дури 275 одредишта во 111 земји.[3] Со товар од 2,17 милиони тони во 2011[1], тој е најпрометен аеродром во Европа во поглед на товарниот сообраќај. Јужниот дел на аеродромот бил дом на воената база Рајна-Мајна, која била главна воена основа за САД од 1947 до 2005, кога воената база била затворена и имотот откупен од Fraport.
Аеродромот Франкфурт е главниот јазол на Lufthansa, германскиот национален авиопревозник и Condor Flugdienst. Поради ограничувањата на капацитетот во Франкфурт, Lufthansa основала втор јазол на аеродромот во Минхен, каде се присутни многу клучни летови на средни и долги релации.
Аеродромот бил прошируван повеќепати од неговото отворање во 1936 и денес има два големи терминала (Терминал 1 и Терминал 2), со капацитет од околу 65 милиони патници годишно и четири писти. Во изминативе години биле преземени големи градежни зафати со цел аеродромот да биде во можност да го прифати авионот Ербас А380, вклучувајќи голем објект за одржување на авионот, бидејќи флотата на авиони од овој тип на Lufthansa е сместена на аеродромот во Франкфурт. На 20 октомври 2011 била пуштена во употреба четвртата писта, која ќе му овозможи на аеродромот да ја задоволи очекувана побарувачка на околу 700.000 движење на воздухоплови во 2020. За справување со очекуваниот број на патници од околу 90 милиони во 2020, на 10 октомври 2012 во близина на терминалот 1 бил отворен нов негов дел за дополнителни шест милиони патници, додека големиот трет терминал за 25 милиони патници се очекува да биде отворен во 2013.
Транспорт до аеродромот
уредиЈавен превоз
уредиПстојат две железнички станици на аеродромот во Франкфурт, една за локален сообраќај и една за меѓуградски сообраќај. На железничката станица на терминалот број 1 пристигаат возовите со број Ѕ8 и Ѕ9 на секои 15 минути. Патувањето до главната железничка станица трае 11 минути а до центарот на Франкфурт трае 15 минути.
Историја
уредиАеродромот Рајна - Мајна е отворен во 1936 година, и во тоа време бил втор најголем аеродром во Германија, после аеродромот Темпелхоф во Берлин. Плановите за нов аеродром во околината на Франкфурт постоеја од некаде 1930 година. За време на втората светска војна, аеродромот се користеше и во воени цели. После војната служеше и како главна основа на Американските воздушни сили во западна Германија. Германската национална авиокомпанија Луфтханза започна со летови од аеродромот во 1955 година. Аеродромот не се преточи во вистински меѓународен аеродром сè до 1972, кога новиот терминал (сегашен Терминал 1) беше отворен. Во 1962 година беше отворен уште поголем терминал (терминал Mitte), преку кој се планираше да се опслужуват преку 30 милиони патници.
Структура на терминалите
уредиАеродромот во Франкфурт има два терминала кои се меѓусебно поврзани.
Терминал 1
уредиТерминалот 1 е отворен 1973 година и е познат како терминал Mitte. Терминалот е поделен на три нивоа, нивото за заминување е најгоре, во средина е нивото за пристигање како и прибирање на багаж. На најдолното ниво е мултифункционален паркинг како и железничка и автобуска станица. Постојат три оддели кои се поделени меѓу авиокомпаниите во овој редослед:
Оддел 1
уредиОдделот 1 е на две нивоа, со порти нумерирани од А51 до А65 позиционирани директно над портите нумерирани од А08 до А42.
- Adria Airways (Љубљана, Виена)
- Austrian Airlines (Виена)
- Austrian Airlines оперирано од Austrian Arrows (Инсбрук, Салцбург, Виена)
- Cirrus Airlines (Базел/Мулхоуз)
- Croatia Airlines (Дубровник, Сплит, Загреб)
- LOT Polish Airlines (Гдањск, Краков, Познањ, Варшава, Вроцлав)
- Луфтханза (Абу Даби, Абуџа, Акра, Адис Абеба, Александрија, Алжир, Алма Ати, Аман, Амстердам, Ашгабат, Асмара, Астана, Атина, Атланта, Бахреин, Баку, Бангалор, Бангкок, Барселона, Базел/Мулхоуз, Пекинг, Бејрут, Белград, Берлин-Тегел, Берген, Билбао, Билунд, Бирмингем, Болоња, Бостон, Бристол, Брисел, Букурешт, Будимпешта, Буенос Аирес, Каиро, Калгари, Кејптаун, Каракас, Казабланка, Ченај, Чикаго, Копенхаген, Далас, Дамам, Делхи, Денвер, Детроит, Доха, Дрезден, Дубаи, Даблин, Диселдорф, Единбург, Екатеринбург, Фаро, Фиренца, Гдањск, Женева, Гетеборг, Гуанг-жу, Хамбург, Хановер, Хелсинки, Хоф-Плауен, Хонгконг, Хјустон, Хајдерабад, Истанбул Ататурк, Џакарта, Џеда, Јоханесбург, Карачи, Катовице, Казан, Картум, Киев, Калкута, Краков, Куала Лумпур, Кувајт, Лагос, Лахор, Ларнака, Лајпциг, Линц, Лисабон, Лондон, Лос Анџелес, Луанда, Лион, Мадрид, Малабо, Манчестер, Марсеј, Мексико, Мајами, Милано Малпенза, Минск, Москва, Оснабрик, Мумбаи, Минхен, Мускат, Нагоја, Нанѓинг, Њујорк, Њуарк, Ница, Нирнберг, Осло, Осака, Падерборн, Палма де Мајорка, Париз Де Гол, Перм, Филаделфија, Портпанд, Порто, Прага, Ријад, Рига, Рим Фјумичино, Самара, Сан Фраnциско, Сао Паoло, Сиетл, Сеул, Шангај, Сингапур, Софија, Сплит, Ставангер, Стокхолм - Арланда, Штутгарт, Талин, Техеран, Тел-Авив, Токио, Тулуза, Торонто, Триполи, Тунис, Торонто, Уфа, Валенсија, Ванкувер, Венеција, Верона, Виена, Вилнус, Варшава, Вашингтон, Загреб, Цирих)
- Lufthansa Regional оперирано од Air Dolomiti (Верона)
- Lufthansa Regional оперирано од Lufthansa CityLine (Бордо, Бресло)
- оперирано од PrivatAir (Њуарк, Пуне)
- Luxair (Луксембург)
- Scandinavian Airlines System (Копенхаген, Гетеборг, Осло, Стокхолм)
- Swiss International Air Lines (Цирих)
Оддел 2
уреди- Aegean Airlines (Атина, Солун)
- Air Algérie (Алжир)
- Air Canada (Калгари, Монтреал, Торонто, Отава)
- Air China (Пекинг, Шангај)
- Air Malta (Ла Валета)
- Air Moldova (Кишинев)
- Air Namibia (Виндхоек)
- Alitalia
- Alitalia оперирано од Alitalia Express (Милано, Рим)
- All Nippon Airways (Токио)
- Bulgaria Air (Софија)
- Carpatair (Тимисоара)
- Condor Airlines (Агадир, Анхориџ, Анталија, Бургас, Канкун, Коломбо, Фербанкс, Халифакс, Хавана, Холгуин, Ибица, Ла Палма, Ланцароте, Ларнака, Лас Вегас, Маурициус, Менорка, Момбаса, Порламар, Палма де Мајорка, Порто Плата, Пунта кана, Родос, Салвадор, Сан Хосе, Санто Доминго, Тангиер, Тенерифе, Солун, Тобаго, Ванкувер, Варадеро)
- Cyprus Airways (Ларнака)
- EgyptAir (Каиро)
- Kuwait Airways (Кувајт)
- Libyan Airlines (Триполи)
- Middle East Airlines (Бејрут)
- Qatar Airways (Доха)
- Royal Air Maroc (Казабланка)
- Royal Jordanian (Аман)
- Singapore Airlines (Њујорк, Сингапур)
- South African Airways (Кејптаун, Сингапур)
- SriLankan Airlines (Коломбо)
- SunExpress (Анталија)
- Syrian Arab Airlines (Алеп, Дамаскус)
- TAM Linhas Aéreas (Саун Пауло)
- TAP Portugal (Фунчал, Лисабон, Порто)
- TAROM (Букурешт, Клуж)
- Tunisair (Џерба, Монастир, Тунис)
- Turkish Airlines (Анкара, Истанбул Ататурк, Измир)
- United Airlines (Чикаго, Лос Анџелес, Сан Франциско, Вашингтон)
- Vietnam Airlines (Ханои, Хо Ши Мин)
Оддел 3
уреди- Air India (Чикаго, Делхи, Лос Анџелес, Мумбаи)
- American Airlines (Чикако О'Хара, Далас)
- Asiana Airlines (Сеул)
- Brussels Airlines (Брисел)
- El Al (Тел Авив)
- Ethiopian Airlines (Адис Абеба)
- Iran Air (Техеран)
- Thai Airways International (Бангкок)
Терминал 2
уредиТерминал 2 е отворен во 1994 година. Дизајнот е заснован на основа на железничка станица и е подделен во два оддела.
Оддел 1
уреди- Aer Lingus (Даблин)
- Aeromexico (Мексико, Монтереј)
- Air France (Париз Де Гол)
- Air France оперирано од HOP! (Лион)
- Air Mauritius (Маурициус)
- Air Via (Бургас, Варна)
- Belavia (Минск)
- Blue Wings (Адана, Кајзери)
- Bulgarian Air Charter (Бургас, Варна)
- China Airlines (Tајпеј)
- China Eastern Airlines (Шангај)
- Czech Airlines (Прага)
- Delta Air Lines (Атланта, Синсинати, Њујорк)
- Eritrean Airlines (Асмара)
- Georgian Airways (Тбилиси)
- Gulf Air (Бахреин)
- Inter Airlines (Анталија, Истанбул Ататурк)
- Japan Airlines (Токио, Нарита)
- KLM
- KLM оперирано од KLM Cityhopper (Амстердам)
- Korean Air (Сеул)
- Malaysia Airlines (Куала Лумпур)
- Montenegro Airlines (Подгорица)
- Pegasus Airlines (Анталија)
- Rossiya (Санкт Петербург)
- Saudi Arabian Airlines (Џеда, Ријад)
- Sky Airlines (Анталија)
- TUIfly (Анталија, Катанија, Ибица, Керкира, Кос, Ланцароте, Менорка, Палма де Мајорка, Патрас, Родос, Сал, Тенерифе, Солун, Тира)
- Turkmenistan Airlines (Ашгабат)
- Ukraine International (Киев, Лавов, Симферопол)
- Uzbekistan Airways (Ташкент)
Оддел 2
уреди- Aeroflot (Москва)
- Air Astana (Алма Ати, Астана, Караганда, Костанај)
- Air Transat (Калгари, Едмонтон, Халифакс, Торонто, Ванкувер)
- Ariana Afghan Airlines (Кабул)
- British Airways (Лондон- Хитроу)
- British Airways оперирано од BA CityFlyer (Лондон - Сити)
- Bulgarian Air Charter (Бургас, Варна)
- Cathay Pacific (Хонгконг)
- Cyprus Turkish Airlines (Анкара, Анталија)
- Emirates (Дубаи)
- Etihad Airways (Абу Даби)
- Finnair (Хелсинки)
- Flybe (Бирмингем, Манчестер, Саутемптон)
- Iberia (Мадрид)
- оперирано од Air Nostrum (Сарагоса)
- Icelandair (Рејкјавик)
- LAN Airlines (Мадрид, Сантјаго)
- Nouvelair (Монастир)
- Qantas (Сингапур, Сиднеј)
- SATA International (Понте Делгада)
- Saravia (Саратов)
- S7 Airlines (Mосква, Новосибирск, Омск)
- Yemenia (Сана)
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Повеќе од 56 милиони патници на аеродромот Франкфурт во 2011“. Fraport.com. 13 јануари 2012. Посетено на 19 јануари 2012.[мртва врска]
- ↑ „EAD Basic“. Ead.eurocontrol.int. Посетено на 2012-01-19.
- ↑ 3,0 3,1 „Figures“. Fraport.de. 2012-01-13. Архивирано од изворникот на 2011-05-24. Посетено на 2012-01-19. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „FRAPORT“ е зададен повеќепати со различна содржина.