Air Berlin
Air Berlin PLC & Co. Luftverkehrs KG e втората најголема Германска авиокомпанија, после Луфтханза. Заснована е на аеродромот во Берлин, и оперира на познати туристички одредишта, одредишта во Средоземјето, Канарските Острови и северна Африка, како и во поголемиот дел од Европски градови од 21 аеродром низ Германија. Главната база е аеродромот Берлин Тегел, со помали бази на аеродромите во Штутгарт, Нирнберг и Аеродром Палма Де Мајорка, (Шпанија).
| |||||||
Основан | 1978 | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Јазли | Аеродром Берлин Тегел Аеродром Диселдорф Аеродром Нирнберг Аеродром Минхен Аеродром Палма Де Мајорка | ||||||
Поважни градови | Аеродром Цирих Аеродром Хамбург Аеродром Хановер | ||||||
Програма за чести летачи | topbonus | ||||||
Летала | 125 (+130 orders, 10 options) incl. LTU jets | ||||||
Одредишта | 79 | ||||||
Седиште | Берлин, Германија | ||||||
Раководство | Joachim Hunold (CEO) Elke Schütt (CCO) Karl F. Lotz (COO) Ulf Hüttmeyer (CFO) Wolfgang Kurth (CMO) | ||||||
Мрежо место | http://www.airberlin.com/ |
Историја
уредиВо 1978 година, капетан на Американската авиокомпанија Pan Am, ја формира AirBerlin, со седиште во Орегон, САД. Посебниот политички статус на западен Берлин за време на студената војна значеше дека сообраќајот кон Берлин беше ограничен само на авиокомпании од трите победнички држави од Втората светска војна, САД, Обединето Кралство и Франција. Исто така, целиот екипаж во воздухопловите мораше да поседува пасош на една од трите споменати држави. Првиот авион во флотата на airBerlin беше Боинг 707, купен од Американската авиокомпанија TWA. Овој авион беше стациониран на аеродромот во Берлин. Со тој авион беше планирано да се лета на одредишта кон Средоземјето и Канарските Острови, во соработка со Berliner Flug Ring, во тоа време најголемиот туристички оператор во западен Берлин. Airberlin ја презеде соработката на место на AeroAmerica, уште еден американски авиопревозник заснован во Германија, кој беше заснован на аеродромот Берлин Тегел од 1974 до 1979. Покрај чартер летовите, AirBerlin исто така оперираше и редовни линии кон Брисел (Белгија) и Орландо (САД) во почетокот на 80-тите години. Air Berlin најпрвин започна со зголемување на флотата преку купување на уште еден авион од типот Боинг 707. Потоа, тие беа заменети со понапредни Боинг 737-200, кои беа покомпатибилни со идните планови на Air Berlin. Кон крајот на 80-тите години, флотата на Air Berlin се состоеше од комплетно нови авиони, Боинг 737. По обединувањето на Германија, Германски инвеститори го откупија мнозинскиот дел од акциите на Air Berlin. Авиокомпанијата се приклучи кон ИАТА и започна со редовни воздушни линии кон Лондон, Цирих, Виена и Барселона во 1997 година. Во јануари 2004, Air Berlin започна соработка со авиокомпанијата Niki од Австрија, каде што откупи 24% од мнозинскиот пакет акции.
Во 2006, Air Berlin објави во јавноста дека откупи 100% од акциите од Германската авиокомпанија Дба, и во август 2006, откупот беше и официјално комплетиран. Во март 2007, Air Berlin исто така го откупи мнозинскиот пакет акции и во Германската чартер авиокомпанија LTU International, со што ја создава четвртата најголема авиокомпанија во Европа, пренесувајќи преку 22,1 милион патници во 2006 година. Во исто време, Air Berlin откупи и 49% пакет акции во Швајцарската авиокомпанија Belair, сопственост на туристичкиот оператор Hotelplan.
Понова историја
уредиНа 20 Септември, 2007 година, Air Berlin објави дека ќе го откупи нивниот конкурент Air Condor, во договор со кој Thomas Cook тур-операторот би добил 30% удел во акциите на Air Berlin. Но, поради зголемените трошоци, како и зголемената цена на нафтата и помалиот проток на сообраќај, оваа зделка беше откажана во јули 2008. На 18 Јуни, 2008 година, Аir Berlin објави дека ќе спушти на земја 14 авиони за кратки одредишта и ќе го намали бројот на прекуокенски летови со цел да се зголеми профитабилноста на компанијата. Исто така беше одлучено дека летовите кон Кејптаун, Виндхоек и Бангкок ќе бидат намалени, на сметка на зголемување на летовите кон Мајами, Канкун и Монтиго Беј.
Сервис
уредиAir Berlin не е комплетно нискобуџетна авиокомпанија, туку наместо сервис од една точка до друга, таа исто така нуди и конектирање кон други одредишта преку нејзините централи. Авиокомпанијата вклучува храна и пијалаци во текот на летот. Пијалаците и кексите се бесплатни на летови до 4 часа, додека на летови над 4 часа исто така се добива и бесплатно главно јадење, со што повеќе наликува на Американските нискобуџетни авиокомпании.
Одредишта
уредиПогледни опширно, Одредишта на Air Berlin.
Флота
уредиФлотата на Air Berlin (вклучувајќи ги тука и подружниците) се состои од следниве авиони:
Авион | Број | Седишта | Одредишта | Забелешки |
---|---|---|---|---|
Airbus A319-112 | 14 (1 order) |
150 | Германија, Европа | |
Airbus A319-132 | 4 |
144 | Германија, Европа | |
Airbus A320-214 | 32 (3 orders) |
174 | Германија, Европа | |
Airbus A321-211 | 6 |
210 | Германија, Европа, Северна Америка | |
Airbus A330-200 | 10 |
303 (24/279) | Северна Америка, Азија, Кариби |
Бизнис и економска класа, 7 од нив се во боите на LTU |
Airbus A330-300 | 3 |
387 | Северна Америка, Азија, Кариби и туристички одредишта низ Средоземјето |
ќе бидат заменети со Boeing 787 почнувајќи од март 2010 |
Boeing 737-700 | 16 (33 orders) |
144 | Германија, Европа | |
Boeing 737-800 | 35 (60 orders) |
186 | Германија, Европа и Северна Африка | |
Boeing 757-200 | 2 | 209 | припаѓа на Belair; и оперира летови од Цирих кон Средоземјето |
ќе бидат заменети со Airbus A320 |
Boeing 767-300 | 1 | 252 (42/210) | припаѓа на Belair; оперира летови од Цирих кон Средоземјето |
|
Boeing 787-8 | 25 нарачки 10 опции |
c. 280 | A330-300 замена | |
Bombardier Dash 8 Q400 | 5 (5 orders) |
76 | Германија, Европа | to be delivered in 2009; позајмени на LGW |
Вкупно: | 125 (130 orders) |
Надворешни врски
уреди- Air Berlin
- Air Berlin Fleet
- Air Berlin: Investor Relations Архивирано на 9 мај 2008 г.
„Air Berlin“ на Ризницата ? |