Адам Гнезда Черин
Адам Гнезда Черин (роден на 16 јули 1999 година, во Постојна) — словенечки фудбалер, играч од средниот ред на Панатинаикос и на словенечката репрезентација.
Адам Гнезда Черин | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 16 јули 1999[1] | ||
Роден во | Постојна, Словенија[1] | ||
Држава | Словенија | ||
Висина | м[1] | 1,80||
Позиција | среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Панатинаикос | ||
Број | 16 | ||
Младинска кариера | |||
Браво | |||
Домжале | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2017-2019 | Домжале | 53 | (8) |
2019-2022 | Нирнберг | 5 | (0) |
2020-2022 | → Риека | 58 | (3) |
2022- | Панатинаикос | 60 | (4) |
Репрезентација ‡ | |||
2015-2016 | Словенија 17 | 5 | (1) |
2017 | Словенија 19 | 3 | (1) |
2018-2021 | Словенија 21 | 12 | (0) |
2020- | Словенија | 33 | (4) |
* Ажурирано на: 13 мај 2012 ** Ажурирано на: 1 јули 2012 |
Клупска кариера
уредиГнезда Черин ја започнал кариерата во екипата на Домжале. После две години, во кои запишал 65 натпревари и 10 голови за Домжале, тој ја напуштил татковината и потпишал за германскиот клуб Нирнберг. Своето деби во Втората Бундеслига го направил на 21 септември 2019, влегувајќи од клупата на местото на Хано Беренс, во ремито 1-1 на домашен терен против Карлсруе. Поради слабата минутажа во Нирнберг, забележувајќи само 5 настапи во текот на сезоната 2019-2020, тој заминал на двегодишенна позајмица во хрватската Риека каде одиграл 73 натпревари и постигнал 3 гола.
На 2 јули 2022 година, Панатинаикос го купил Гнезда Черин од Нирнберг за €700,000, а играчот се согласил да потпише четиригодишен договор.[2] Дебитирал за атинскиот гигант на 4 август 2022, во поразот со 2-0 од Славија Прага во третото квалификациско коло од УЕФА Лигата на конференции. Своето деби во грчкото првенство го направил на 21 август 2022, во победата со 1-0 на домашен терен над Јоникос. Својот прв гол во дресот на Панатинаикос го постигнал на 29 октомври 2022, во победата со 5-1 на гостувањето кај Волос.
Репрезентативна кариера
уредиОткако настапувал за младите словенечки селекции под 17 и под 19 години, на 11 септември 2018 година, тој го направил своето деби за словенечката репрезентација под 21 година во натпревар од квалификациите за Европското првенство 2019, во кој го победиле Казахстан со 2-1.[3]
За сениорската репрезентација дебитирал на 11 ноември 2020 година, во пријателски натпревар против Азербејџан кој завршил 0-0. Својот прв репрезентативен гол го постигнал на 14 ноември 2021 година, во победата со 2-1 против Кипар, во натпревар од квалификациите за Светско првенство 2022.
Во јуни 2024, бил избран во списокот од 26 играчи кој ја претставувале Словенија на Европското првенство 2024 во Германија.[4] Тој играл од почеток до крај во сите четири натпревари на својата земја, која германската авантура ја завршила во осминафиналето по поразот на пенали од Португалија во Франкфурт, откако по 120 минути игра немало постигнат гол (0-0).[5]
Хронологија на репрезентативните настапи
уредиСтатистика
уредиКлупска статистика
уредиСтатитиката е ажурирана на 21 мај 2022.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2017-2018 | Домжале | 1.СНЛ | 11 | 0 | КС | 0 | 0 | ЛЕ | 2[6] | 0 | - | - | - | 13 | 0 |
2018-2019 | 1.СНЛ | 35 | 7 | КС | 2 | 1 | ЛЕ | 4[6] | 0 | - | - | - | 41 | 8 | |
јул.-сеп. 2019 | 1.СНЛ | 7 | 0 | - | - | - | ЛЕ | 4[6] | 1[6] | - | - | - | 11 | 1 | |
Вкупно Домжале | 53 | 7 | 2 | 1 | 10 | 1 | - | - | 65 | 9 | |||||
сеп. 2019-2020 | Нирнберг | 2Б | 5 | 0 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 5 | 0 |
2020-2021 | Риека | 1.ХНЛ | 28 | 1 | КХ | 3 | 0 | ЛЕ | 5[7] | 0 | - | - | - | 36 | 1 |
2021-2022 | 1.ХНЛ | 30 | 2 | КХ | 3 | 0 | ЛК | 4[6] | 0 | - | - | - | 37 | 2 | |
Вкупно Риека | 58 | 3 | 6 | 0 | 9 | 0 | - | - | 73 | 3 | |||||
2022-2023 | Панатинаикос | СЛ | 34 | 1 | КГ | 4 | 3 | ЛК | 2[6] | 0 | - | - | - | 40 | 4 |
2023-2024 | СЛ | 26 | 3 | КГ | 4 | 0 | ЛШ+ЛЕ | 4[6]+6 | 0 | - | - | - | 40 | 3 | |
Вкупно Панатинаикос | 60 | 4 | 8 | 3 | 12 | 0 | - | - | 80 | 7 | |||||
Вкупно во кариерата | 176 | 14 | 16 | 4 | 31 | 1 | - | - | 223 | 19 |
Титули
уредиКлупски
уредиПанатинаикос
уреди- 2023-2024
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Slovenia – A. Čerin – Soccerway“. Soccerway. Посетено на 26 August 2020.
- ↑ To. G. (2 July 2022). „Gnezda Čerin za štiri leta k Panathinaikosu“ (словенечки). RTV Slovenija. Посетено на 3 July 2022.
- ↑ Slovenia U21-Kazakistan U21 2-1 transfermarkt.it
- ↑ „Kek izbral šestindvajseterico za Evropsko prvenstvo“ [Кек ги избра 26-те играчи за Европското првенство 2024] (словенечки). Football Association of Slovenia. 7 June 2024. Посетено на 18 June 2024.
- ↑ „ВИДЕО: Кошта ја прочита Словенија, Португалија по пенали во четвртфинале!“. gol.mk. 1 јули 2024. Посетено на 2 јули 2024.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 6,6 Во квалификациските кола.
- ↑ 2 настапи во квалификациските кола.
Надворешни врски
уреди„Адам Гнезда Черин“ на Ризницата ? |