Автомобилски регистарски таблички во Словенија
Автомобилските регистарски таблички во Словенија, од лево на десно, се состојат од:
- две букви како ознака на подрачјето
- грб на административната единица
- блок со броеви и букви
- зелена рамка околу целата ознака
Кај приколките редоследот е обратен, од десно на лево.
Од влегувањето на Словенија во Европската унија на 1 мај 2004 г., се издаваат регистарски таблички кои на левата страна имаат сино поле со буквите SLO и 12 кружно наредени ѕвездички кои ги симболизираат државите членки на Европската унија.[1]
На тие нови таблички веќе не постои зелената рамка околу регистарската ознака. Исто така, не се користат буквите “Č“, “Š“ и “Ž“, а наместо нив се користат “X“, “Y“ и “W“.
кратенка | подрачје | пример | Опфатени општини |
---|---|---|---|
CE | Цеље | Цеље, Лашко, Мозирје, Словенске Коњице, Шентјур кај Цеље, Шмарје кај Јелше, Велење и Жалец | |
GO | Нова Горица | Ајдовшчина, Идрија, Толмин и Нова Горица | |
KK | Кршко | Брежице, Кршко и Севница | |
KP | Копер | Изола, Копeр, Пиран, Сежана и Илирска Бистрица | |
KR | Крањ | Јесенице, Крањ, Радовљица, Шкофја Лока и Тржич | |
LJ | Љубљана | Домжале, Гросупље, Храстник, Камник, Кочевје, Литија, Љубљана, Логатец, Рибница, Трбовље, Врхника, Загорје на Сава и Церкница | |
MB | Марибор | Ленарт, Марибор, Ормож, Птуј, Руше и Словенска Бистрица | |
MS | Мурска Собота | Горна Радгона, Лендава, Мурска Собота и Љутомер | |
NM | Ново Место | Чрномељ, Метлика, Ново Место и Требње | |
PO | Постојна | Постојна | |
SG | Словењ Градец | Дравоград, Радље на Драва и Словењ Градец |