Сежана
Сежана (италијански: Sesana) — град во регионот Приморска во Словенија, близу границата со Италија. Тој е седиште на Општина Сежана. Градот се наоѓа на висорамнината Карс, и е оддалечен 17 километри од Трст, Италија, и 80 километри од Љубљана, главниот град на Словенија.[2]
Сежана Sežana | ||
---|---|---|
град | ||
Локација во Словенија | ||
Координати: 45°42′12.25″N 13°52′14.17″E / 45.7034028° СГШ; 13.8706028° ИГД | ||
Држава | Словенија | |
Традиционален регион | Приморска | |
Статистички регион | Крајбрежно-крашки | |
Општина | Сежана | |
Површина | ||
• Вкупна | 15,3 км2 (59 ми2) | |
Надм. вис. | 360,5 м | |
Население (2016)[1] | ||
• Вкупно | 5.665 | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Име
уредиГрадот бил потврден во пишаните извори како in Cesan во 1152 година (и како Ses(s)ana во 1293 и Sexana во 1442 г.). Потеклото на името е нејасно. Раните транскрипции не поддржуваат врска со Света Сузана или со фрулијанскиот топоним Susáns. Наставката -ана укажува на романско потекло, со можност називот да е изведен од латинското лично име Сесиус. Друга можност е називот да е изведен од имотното име *Sextiānum, а исто така можно е да е од ломбардско потекло.[3] Во 19. век имињата Сесана и Сехсана биле во официјална употреба.[4]
Историја
уредиДо 1918 година, градот бил дел од Австриската монархија, на чело на истоимената област, еден од единаесетте Bezirkshauptmannschaften во покраината Австриско приморје.[5]
Сежана останало мало и незначително село сè до средината на 19. век, кога австриската јужна железница, која ги поврзува Виена и Трст, била изградена во близина. Со тоа Сежана бил поврзан на голема сообраќајница и наскоро станал најважен центар на висорамнината Карс, заедно со Опичина. По 1918 година, градот бил припоен кон Кралството Италија и вклучен во покраината Трст.
Во текот на фашистичкиот период, населението било подложено на насилна политика на италијанизација, и голем дел од месното население се приклучило на милитантната анти-фашистичка организација ТИГР. Во текот на втората светска војна, посебно по 1943 година, областа станала бојно поле помеѓу партизанскиот отпор и фашистите и силите на Нацистичка Германија. Во мај 1945 година, Сежана бил ослободен од југословенските партизани. Помеѓу јуни 1945 и септември 1947 година, градот бил администриран од британска и американска војска. Во 1947 година, Сежана станал дел од Социјалистичка Федеративна Република Југославија и во 1991 година од независна Словенија.
Стопанство
уредиМногу индустриски претпријатија се наоѓаат во Сежана, вклучувајќи големи компании како и многу мали претпријатија. Сежана исто така е центар за туризам. Со местоположбата помеѓу Љубљана, Трст, и јадранскиот брег и многутте значајни туристички знаменитости во близина, како ергелето во Липица, Постојнска Јама, Шкоцкански Јами, пештерата Виленица и утврденото село Штањел, Сежана е привлечно туристичко одредиште. Градот исто така е значаен земјоделски центар.
Збратимени градови
уреди
|
Галерија
уреди-
Црква „Св. Мартин“
-
Градска архитектура
-
Ботанички парк
-
Ботанички парк
-
Железничката станица
Наводи
уреди- ↑ „Statistical Office of the Republic of Slovenia“. Архивирано од изворникот на 2008-11-18. Посетено на 2016-10-14.
- ↑ „Sežana Municipality site“. Архивирано од изворникот на 2008-12-09. Посетено на 2016-10-14.
- ↑ Snoj, Marko. 2009. Etimološki slovar slovenskih zemljepisnih imen. Ljubljana: Modrijan and Založba ZRC, p. 375.
- ↑ Handbook of Austria and Lombardy-Venetia Cancellations on the Postage Stamp Issues 1850-1864, by Edwin MUELLER, 1961.
- ↑ Die postalischen Abstempelungen auf den österreichischen Postwertzeichen-Ausgaben 1867, 1883 und 1890, Wilhelm KLEIN, 1967
- ↑ „Sežana Municipality Committee for International Cooperation“. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 2016-10-14.
Надворешни врски
уреди„Сежана“ на Ризницата ? |
- Сежана на Геопедија Архивирано на 29 јули 2017 г.
- Sežana Архивирано на 28 јуни 2005 г., Официјално мрежно место на општината (словенечки)
- Град Сежана Архивирано на 18 февруари 2021 г., информации за градот