Жалец
Жалец (германски: Sachsenfeld[2]) — град во централна Словенија. Тој е седиште на општина Жалец. Градот е сместен во долината на долниот тек од реката Савиња, западно од Цеље. Основна економска активност во регионот е одгледување хмељ, кој исто така е застапен во грбот на градот. Градот се наоѓа во трациционалниот регион Штаерска. Општината е вклучена во Савињскиот статистички регион.[3]
Жалец Žalec | |
---|---|
Црква и одбранбена кула од 16. век | |
Локација во Словенија | |
Координати: 46°15′3.59″N 15°9′50.18″E / 46.2509972° СГШ; 15.1639389° ИГД | |
Држава | Словенија |
Традиционален регион | Штаерска |
Статистички регион | Савињски регион |
Општина | Жалец |
Површина | |
• Вкупна | 3,0 км2 (10 ми2) |
Надм. вис. | 255,3 м |
Население (2016)[1] | |
• Вкупно | 4.892 |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Име
уредиГрадот бил потврден во пишаните извори како Saxenburc и Sachsenwelde во 1182 година (и како Saschenvelde во 1232 и Sachsenfelde во 1256 г.). Средновековните германски имиња се засновани на народна етимологија од словенечко име, веројатно генитив од множинската форма *Жалци. Ова пак било засновано на личното име *Жал и означува „потомци на Жал“.[4] Во модерниот германски јазик, населбата била позната како Sachsenfeld.[2][5]
Црква
уредиПарохијалната црква во градот е посветена на Свети Никола и припаѓа на епархијата Цеље. Таа била изградена помеѓу 1903 и 1906 година на местото на црква од 16. век. Црквата од 6. век имала изѕидан заграден простор за да го заштити месното население од османлиските налети. Кружна кула од заградениот простор сѐ уште стои веднаш до црквата.[6]
Наводи
уреди- ↑ Statistical Office of the Republic of Slovenia
- ↑ 2,0 2,1 Leksikon občin kraljestev in dežel zastopanih v državnem zboru, vol. 4: Štajersko. 1904. Vienna: C. Kr. Dvorna in Državna Tiskarna, p. 44.
- ↑ Žalec municipal site
- ↑ Snoj, Marko. 2009. Etimološki slovar slovenskih zemljepisnih imen. Ljubljana: Modrijan and Založba ZRC, p. 485.
- ↑ Mueller, Edwin. 1961. Handbook of Austria and Lombardy-Venetia Cancellations on the Postage Stamp Issues 1850-1864.
- ↑ Slovenian Ministry of Culture register of national heritage reference numbers ešd 3537 & 10470
Надворешни врски
уреди- Жалец на Ризницата ?
- Жалец на Геопедија Архивирано на 29 септември 2012 г.