Загорје на Сава
Загорје на Сава (словенечки: Zagorje ob Savi) — град во средна Словенија. Градот е центар на општината Загорје на Сава. Градот е дел од историскиот регион Горењска. Градот сега е вклучен во Засавскиот статистички регион.[1]
Загорје на Сава Zagorje ob Savi | ||
---|---|---|
Местоположба на Загорје на Сава. | ||
Координати: 46°8′23.3″N 14°59′25.5″E / 46.139806° СГШ; 14.990417° ИГД | ||
Држава | Словенија | |
Традиционален регион | Горењска | |
Статистички регион | Посавски | |
Општина | Загорје на Сава | |
Површина | ||
• Вкупна | 2,8 км2 (1,1 ми2) | |
Надм. вис. | 269,5 м | |
Население (2020) | ||
• Вкупно | 6.023 | |
• Густина | 2,200/км2 (5,600/ми2) | |
Час. појас | UTC+1 | |
Пошт. бр. | 1410 | |
Рег. таб. | LJ |
Етимологија
уредиЗагорје првпат се споменува како Сагор (германски: Sagor) во писмените записи на Патријаршијата во Аквилеја кои датираат од 1296 година. Името на населбата е сменето од Загорје во Загорје на Сава во 1955 година.[2]
Историја
уредиАрхеолошките докази покажуваат дека областа била веќе населена во доцното бронзено време и железното време. Во 1755 година во областа биле откриени наоѓалишта на јаглен и започнал економскиот развој на градот. Ископувањето јаглен беше една од главните активности на областа до 1995 година, кога беа затворени последните рудници.[3] Во 2010 година, градот беше силно погоден од поплави.
Црква
уредиПарохиската црква во населбата е посветена на светите Петар и Павле и припаѓа на Римокатоличката надбискупија Љубљана. Станува збор за неороманска црква изградена во 1873 година.
Наводи
уреди- ↑ „Občina Hrastnik“. www.hrastnik.si. Посетено на 2021-11-26.
- ↑ Leksikon občin kraljestev in dežel zastopanih v državnem zboru, vol. 6: Kranjsko. 1906. Vienna: C. Kr. Dvorna in Državna Tiskarna, p. 96.
- ↑ E-občina. „Občina Zagorje ob Savi“. www.zagorje.si (словенечки). Посетено на 2021-11-28.
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место Архивирано на 20 јуни 2012 г.
- Литија на Geopedia Архивирано на 14 септември 2019 г.