Радовљица (германски: Radmannsdorf) — град во регионот Горењска на северот на Словенија. Градот е административно седиште на Општина Радовљица.[2]

Радовљица
Град
Стариот град
Стариот град
Радовљица is located in Slovenia
Радовљица
Радовљица
Локација во Словенија
Координати: 46°20′33.06″N 14°10′19.48″E / 46.3425167° СГШ; 14.1720778° ИГД / 46.3425167; 14.1720778
Држава Словенија
Традиционален регионГорењска
Статистички регионГорењски регион
ОпштинаРадовљица
Површина
 • Вкупна4,9 км2 (19 ми2)
Надм. вис.&10000000000004912000000491,2 м
Население (2016)[1]
 • Вкупно6,011
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)

Географија

уреди

Градот се наоѓа на јужниот нагиб од планинскиот венец Караванки, околу 6 километри од Бледско Езеро во сливот на Сава Долинка и Сава Бохињка, кои претставуваат извори на реката Сава.

Железничката станица во Радовљица е станица на железничката линија Тарвизио-Љубљана.

Историја

уреди
 
Портал на црквата „Св. Петар“.

Населбата околу црквата изградена по наредба на патријарсите на Аквилеја во Крањска марка била првпат спомената во документ од 1296 година, а добила пазарни права од војводата Хајнрих од Корушка во 1333 година. Во 14. век таа била под власт на грофовите на Ортнебург, била наследена од страна на цељските грофови во 1418 година, и, по смртта на грофот Улрих II Цељски во 1456 година, потпаднала под хабсбуршкиот цар Фридрих III.

Со Војводството Крањска, Радовљица бил вклучен во внатрешно австриските поседи на Хабсбуршката Монархија и заработил градски права. Од 1867 до 1918 година, поштата на градот го користела двојазичното име Радмансдорф - Радовљица. Градот бил од австриската страна во Австроунгарија по спогодбата од 1867 година и административен главен град на истоимениот округ, еден од 11. Bezirkshauptmannschaften во кралската земја Крањ.[3]

Масовна гробница

уреди

Радовљица е место на масовна гробница поврзана со втората светска војна. Гробницата Андрејчево поле се наоѓа на ливада во средината на затрупан канал западно од населбата, помеѓу патот кон Лесце и железницата. Таа содржи посмртни останки од два неидентификувани затвореници од поранешниот затвор во Радовљица.[4]

Значајни личности

уреди

Значајни личности кои се родени или кои живееле:

Наводи

уреди
  1. Statistical Office of the Republic of Slovenia
  2. Radovljica municipal site (словенечки)
  3. Klein, Wilhelm. 1967. Die postalischen Abstempelungen auf den österreichischen Postwertzeichen-Ausgaben 1867, 1883 und 1890.
  4. Andrejc Field Mass Grave on Geopedia Архивирано на 9 мај 2020 г. (словенечки)

Надворешни врски

уреди