Храстник
Храстник (словенечки: Hrastnik) — град во средна Словенија. Градот е центар на општината Храстник. Градот е дел од историскиот регион Штаерска. Градот сега е вклучен во Засавскиот статистички регион.[1]
Храстник Hrastnik | ||
---|---|---|
Местоположба на Храстник. | ||
Координати: 46°8′52.4″N 15°5′9.9″E / 46.147889° СГШ; 15.086083° ИГД | ||
Држава | Словенија | |
Традиционален регион | Штаерска | |
Статистички регион | Посавски | |
Општина | Храстник | |
Површина | ||
• Вкупна | 5,8 км2 (2,2 ми2) | |
Надм. вис. | 296,2 м | |
Население (2020) | ||
• Вкупно | 4.962 | |
• Густина | 860/км2 (2,200/ми2) | |
Час. појас | UTC+1 | |
Пошт. бр. | 1430 | |
Рег. таб. | LJ |
Историја
уредиВо минатото, мнозинството жители на градот биле вработени во индустријата за стакло, јаглен или хемиската индустрија. Денес, фабриките за стакло и хемикалии сè уште работат, но многу луѓе одат на работа и во соседните градови како што се Трбовље или Загорје на Сава.
Јагленот започнал да се ископува во Храстник во 1822 година. Производството било ограничено до 1849 година, кога градот бил поврзан со Австриската јужна железница. Храстник е познат и по производството на стакло.
Првото училиште било отворено во Храстник во 1860 година. Првично во него се школувале само децата на рударите, но станало јавно училиште во 1872 година. Во 1879 година била изградена посебна училишна зграда. Училиште на германски јазик било основано во 1907 година и работел до крајот на Првата светска војна.[2]
Цркви
уредиПарохиската црква во градот е посветена на Христос Кралот и припаѓа на Римокатоличката епархија Цеље. Изградена е во 1936 година. Втората црква на југот на градот, која припаѓа на истата парохија, е посветена на Богородица од планината Кармил. Датира од 16 век, а е реновирана во 17 век.[3]
Наводи
уреди- ↑ „Občina Hrastnik“. www.hrastnik.si. Посетено на 2021-11-26.
- ↑ Savnik, Roman (1976). Krajevni leksikon Slovenije, vol. 3. Ljubljana: Državna založba Slovenije. pp. 109–112.
- ↑ „RKD.SITULA.ORG“. rkd.situla.org. Посетено на 2021-11-26.
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место Архивирано на 20 јуни 2012 г.
- Храстник на Geopedia