Мурска Собота
Мурска Собота (словенечки: Murska Sobota; германски: Olsnitz; унгарски: Muraszombat) — град во североисточна Словенија и седиште на Градската општина Мурска Собота. Градот се наоѓа на реката Мура во областа Прекмурје. Мурска Сабота е регионален главен град на Помурскиот статистички регион.[1]
Мурска Собота Murska Sobota | |||
---|---|---|---|
Местоположба во Словенија. | |||
Координати: 46°39′36.5″N 16°9′47.2″E / 46.660139° СГШ; 16.163111° ИГД | |||
Држава | Словенија | ||
Традиционален регион | Прекмурје | ||
Статистички регион | Помурски | ||
Општина | Мурска Собота | ||
Прво спомнување | 1297 (како Белмура) | ||
Град | околу 1479 | ||
Површина | |||
• Вкупна | 14,48 км2 (5,59 ми2) | ||
Надм. вис. | 189,1 м | ||
Население (2020) | |||
• Вкупно | 11.107 | ||
• Густина | 770/км2 (2,000/ми2) | ||
Час. појас | UTC+1 | ||
Пошт. бр. | 9000 | ||
Повик. бр. | 02 | ||
Рег. таб. | MS | ||
Мреж. место | murska-sobota.si |
Етимологија
уредиОфицијално, градот е познат како Мурска Собота, иако неформално обично се нарекува Собота (словенечки: Sobota) од неговите жители, а Мурска (Murska) од луѓето од другите делови на Словенија.
Населбата првпат била потврдена во писмени документи во 1297 година како Белмура (Belmura) (и како Муразомбата (Murazombatha) во 1348 година и Муразумбота (Murazumbota) во 1366 година)[2]. Традиционалното германско име на градот е Олсниц (германски: Olsnitz), кое потекнува од старото словенечко име Олшница. Современото словенечко име е превод на унгарското име Муразомбат (Muraszombat), кое било официјалното име на градот до 1919 година. На унгарски, szombat значи „сабота“, што се однесува на практиката на градот да одржува саеми и панаѓури секоја недела на тој ден. На македонски името на градот би било Мурска Сабота.
Историја
уредиМурска Собота бил окружен (унгарски: járás) град на округот Вас во Кралството Унгарија до 1918 година. Заедно со поголемиот дел од Прекмурје, бил анектиран од Унгарија за време на Втората светска војна, од 1941 до 1944 година. Помеѓу 1944 и 1945 година бил под Нацистичка германска окупација, а советските трупи го зазедоа во мај 1945 година.
Мурска Собота порано беше најсеверниот град во Југославија, а низ историјата се префрлаше преку границите меѓу Словенија, Југославија и Унгарија. Унгарците сè уште претставуваат малцинство од 3.000 лица. Во 1919 година овде била прогласена Република Прекмурје и градот бил прогласен за главен град на новата држава. Во 1991 година, за време на Десетдневната војна меѓу Словенија и Југословенската федерална армија, Мурска Собота беше бомбардирана од воздух, без жртви или видливи штети. Денес, тој е мирен град со економија базирана на регионална администрација, лесна индустрија, трговија и бањски туризам. Во април 2006 година, градот стана седиште на новосоздадената Римокатоличка епархија Мурска Собота, која е суфраган на надбискупијата Марибор.
Клима
уредиГодишните врнежи во Мурска Собота се меѓу најниските во Словенија. Се одликува со нестабилност на врнежите, чести се силни суши.
Климатски податоци за Murska Sobota | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Највисока забележана °C (°F) | 16.4 (61.5) |
21.7 (71.1) |
25.6 (78.1) |
27.9 (82.2) |
31.4 (88.5) |
35.0 (95) |
35.6 (96.1) |
37.9 (100.2) |
30.6 (87.1) |
27.9 (82.2) |
21.9 (71.4) |
19.8 (67.6) |
37.9 (100.2) |
Прос. висока °C (°F) | 2.5 (36.5) |
5.8 (42.4) |
11.0 (51.8) |
15.6 (60.1) |
20.8 (69.4) |
23.7 (74.7) |
25.9 (78.6) |
25.6 (78.1) |
21.2 (70.2) |
15.2 (59.4) |
8.0 (46.4) |
3.5 (38.3) |
14.9 (58.8) |
Сред. дневна °C (°F) | −1.2 (29.8) |
0.9 (33.6) |
5.3 (41.5) |
9.8 (49.6) |
15.0 (59) |
18.0 (64.4) |
19.7 (67.5) |
19.0 (66.2) |
14.8 (58.6) |
9.4 (48.9) |
3.9 (39) |
0.0 (32) |
9.6 (49.3) |
Прос. ниска °C (°F) | −4.9 (23.2) |
−3.4 (25.9) |
0.1 (32.2) |
3.9 (39) |
8.6 (47.5) |
11.9 (53.4) |
13.5 (56.3) |
13.0 (55.4) |
9.4 (48.9) |
4.7 (40.5) |
0.3 (32.5) |
−3.1 (26.4) |
4.5 (40.1) |
Најниска забележана °C (°F) | −26.9 (−16.4) |
−26.4 (−15.5) |
−18.0 (−0.4) |
−5.8 (21.6) |
−4.2 (24.4) |
−0.1 (31.8) |
5.1 (41.2) |
2.1 (35.8) |
−3.5 (25.7) |
−8.6 (16.5) |
−16.6 (2.1) |
−22.4 (−8.3) |
−26.9 (−16.4) |
Прос. врнежи мм (ин) | 31 (1.22) |
36 (1.42) |
47 (1.85) |
55 (2.17) |
72 (2.83) |
104 (4.09) |
97 (3.82) |
93 (3.66) |
81 (3.19) |
71 (2.8) |
70 (2.76) |
48 (1.89) |
805 (31.69) |
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 0.1 mm) | 8.9 | 8.2 | 10.3 | 11.9 | 12.6 | 14.4 | 12.3 | 11.4 | 10.3 | 10.2 | 10.7 | 10.6 | 131.9 |
Сред. бр. сончеви часови месечно | 65 | 103 | 148 | 177 | 233 | 236 | 265 | 253 | 182 | 130 | 72 | 57 | 1.913 |
Извор: Slovenian Enivironment Agency (ARSO), sunshine hours are for: Murska Sobota 1971-2000 [3] (data for 1971-2000) |
Збратимени градови
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „murska sobota“.
- ↑ Snoj, Marko (2009). Etimološki slovar slovenskih zemljepisnih imen. Ljubljana: Modrijan. p. 276.
- ↑ „Murska Sobota Climate normals 1971-2000“ (PDF). ARSO. Посетено на 17 September 2015.
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место
- Мурска Собота на Geopedia Архивирано на 11 јануари 2017 г.