Џамија Шеп Сефа хатун
Џамија Шеп Сефа хатун (турски: Şepsefa Hatun Camii) — џамија која се наоѓа во Истанбул, Турција.
Џамија Шеп Сефа хатун турски: Şepsefa Hatun Camii | |
---|---|
Основни податоци | |
Место | Истанбул, Турција |
Припадност | ислам |
Епархија | Фатих |
Осветен | 1787 |
Духовно-организациски статус | активна |
Архитектонски опис | |
Архитектонски тип | џамија |
Архитектонски стил | османлиски барок |
Особености | |
Сместивост | 800 верници |
Куполи | 1 |
Минариња | 1 |
Материјали | камен црвена тула |
Местоположба
уредиИсторија
уредиОваа мала џамија била изградена во 1787 година со средства на Фатма Шеп Сефа Неврес[1], една од дванаесетте жени на османлискиот султан Абдул Хамид I (1774-1789). Во следните години, покрај џамијата било основано муслиманско основно училиште. Во џамијата се наоѓа и гробот на Шеп Сефа хатун која починала во 1805 година.
Во текот на 1950-тите години, при проширувањето на булеварот Ататурк, дворот на џамијата бил значително намален.
Џамијата е изградена од камен и црвени тули. Куполата е состаена од 16 големи прозорци од бел камен со декоративни решетки. Џамијата има едно минаре, исто така изградено од камен. Над влезот од џамијата се наоѓа калиграфски натпис кој бил изработен од Јахја Тефик Саид Ефенди во 1791 година. Џамијата има капацитет од 800 верници.
Наводи
уреди- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2017-03-08. Посетено на 2016-02-18.