Мечот на Осман
Мечот на Осман (турски: Osman'ın Kılıcı[1]) — симбол на моќта на османлискиот султан.
Мечот бил претставуван на церемонијата кога османлискиот султан официјално бил прогласуван за владетел на Отоманското Царство.
Мечот се препишува на основачот на динстијата, Осман I. Практиката е цитирана во белешките на неговиот ментор Шеик Едебали.
Церемонијата со мечот на Осман се одржувала во рок од две недели од доаѓањето на султанот на престолот. Се одвивала во комплексот на Ејуп Султан џамија и поминувал низ Цариград преку воден пат до палатата Топкапи (каде што живеел султанот).
До крајот на 19 век, на немуслиманите им било забрането да влегуваат во џамијата и да бидат сведоци на церемонијата. Првиот што се оддалечи од оваа традиција беше Мехмед V, чија церемонија била отворена за луѓе со различна вера. На 10 мај 1909 година, на церемонијата присуствувале и претставници на сите верски заедници присутни во царството, особено шеик ул-ислам, грчкиот патријарх, главниот рабин и претставник на Ерменската апостолска црква. Фактот дека на немуслиманите им било дозволено да ја видат церемонијата, му овозможило на Њујорк Тајмс да напише исклучително детален извештај за тоа[2] . Братот и наследникот на Мехмед V, Мехмед VI , чија церемонија се одржала на 4 јули 1918 година, отишол уште подалеку дозволувајќи снимање на церемонијата. Бидејќи тој бил последниот владетелски османлиски султан, ова е единствената таква церемонија што некогаш била пуштена на филм[3].
Наводи
уреди- ↑ M'Gregor, J. (July 1854). „The Race, Religions, and Government of the Ottoman Empire“. The Eclectic Magazine of Foreign Literature, Science, and Art. New York: Leavitt, Trow, & Co. 32: 376. OCLC 6298914. Посетено на 2009-04-25.
- ↑ „New Sultan Breaks Moslem Traditions“ (PDF). The New York Times: 4. 1909-05-11. ISSN 0362-4331. Посетено на 2009-04-19.
- ↑ Abdullah Kirbaçoglu (cinematographer). (1918-07-04). Crowning of Mehmed VI as last Sultan of the Ottoman Empire in 1918. [Documentary]. Amsterdam: MokumTV. https://www.youtube.com/watch?v=WLKghFyL8tg. Retrieved 2009-04-19.
Литература
уреди- Bagley, Frank R. C. (1969). The Last Great Muslim Empires. Leiden: BRILL. ISBN 978-90-04-02104-4. OCLC 310742207. Посетено на 2009-04-19.
- Hasluck, Frederick William (2007) [First published 1929]. „XLVI. The Girding of the Sultan“. Во Hasluck, Margaret (уред.). Christianity and Islam Under the Sultans. II. READ BOOKS. стр. 604–622. ISBN 978-1-4067-5887-0. Посетено на 2009-05-02.
- Quataert, Donald (2005). The Ottoman Empire, 1700–1922 (2. изд.). Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-83910-5. OCLC 59280221. Посетено на 2009-04-18.