Руско-турска војна (1787-1792)
Руско-турската војна (1787–1792) претставува неуспешен обид на Османлиското Царство да си ги врати териториите кои ги загубила по Руско-турската војна од 1774 година од Руската Империја.
Руско-турска војна (1787–1792) | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Руско Царство | Османлиско Царство | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Катерина Велика | Абдул Хамид I |
||||||
Сила | |||||||
100,000 | ? |
Во пролетта на 1787 година, Катерина Велика направила триумфална поворка во Крим заедно со светиот римски цар Јозеф II. Овие настани во Цариград биле прифатени како непочитување на Кучуккајнарџискиот договор, а британските и француските амбасадори дале поддршка на Османлиите.
Така во 1788 година, Османлиите објавиле војна на Русија а рускиот амбасадор во османлиската престолнина бил затворен. Сепак Османлиите не биле подготвени за војна, а од друга страна пак Австрија и Русија како сојузници биле пресилни за Османлиското Царство.
Во исто време започнала и Австриско-турската војна каде Османлиите го зазеле Банат. Во Молдавија, Петар Румјаницев им нанел пораз на Османлиите. Следувале порази кај Пчеков, Јеш и Хотин. Според некои извори, кога султанот Абдул Хамид I разбрал за воените порази, тој добил срцев удар и починал.
Војната завршила со потпишување на Јашкиот мировен договор на 9 јануари 1792 година. Според него, Крим и Очаков биле присоединети кон Русија, а границата помеѓу двете земји се поместила до реката Днестер. цОсвен тоа, Османлиите се откажале од Грузија.