Јашки мировен договор
Јашки мировен договор — мировен договор склучен по крајот на Руско-турската војна (1787-1792) меѓу Руската Империја и Османлиското Царство. Договорот бил склучен во градот Јаш во денешна Романија.
Тип | мировен договор |
---|---|
Потпишан | 9 јануари 1792 |
Место | Јаш |
Странки | |
Јазици | руски, отомански |
Договорот бил потпишан на 9 јануари 1792 година.
Според него, Крим и Очаков биле присоединети кон Русија, а границата помеѓу двете земји се поместила до реката Днестар. Освен тоа, Османлиите се откажале од Грузија.