Џулија Фарнезе (родена во Каподимонте 1475 година – починала во Рим, на 23 март 1524) била италијанска благородничка љубовница на папата Александар VI.

Џулија Фарнезе

Нејзината привлечност, која ѝ го донела прекарот Џулија ла Бела меѓу нејзините современици, ѝ го отворила патот кон моќта и богатството за неа и за нејзиното семејство. Убавината на Џулија придонела за богатствата на куќата Фарнезе.

Биографија

уреди

Детството

уреди

Џулија Фарнезе најверојатно била родена во 1475 година во тврдината Каподимонте, сместена на езерото Болсена, од татко Пјер Лујџи I Фарнезе, водач и сопственик на Монталто ди Кастро, и мајката Џованела Каетани. Пред да се роди Џулија нејзините родители веќе имале два сина, Анџело и Алесандро Вториот, односно Алесандро се качил на папскиот престол во1534 година под името на папата Павле III. Синот пак Гиролама е роден по сестрата Џулија во 1478 година. Нема доволно запишани податоци за нејзиното образование, кое најверојатно било доста скромно, како што било и обичај во тоа време за жените во семејствата на селските господари. Такво семејство било тогашната фамилија Фарнези. Ракописот кој бил зачуван од нејзините три автограмски писма бил речиси со детски приказ.[1]

На 12 декември 1484 година, на деветгодишна возраст, Џулија го загубила својот татко. Мајката Џованела сметала дека поради таа причина тоа бил моментот соодветно да се надоврзе на договорот склучен доста години претходно меѓу кардиналот Родриго Борџија и нејзиниот сопруг Пјер Лујџи. Во тој договор стоело правило во врска со свршувачката на децата. Џулија се претпоставува дека била мажена за Орсино Орсини (1473 - 1500), внук на тогашниот кардинал, и владетел на местото Басанело (денес познато како Вазанело).

Бракот на Џулија

уреди
 
Дамата и еднорогот од Лука Лонги
Веројатен портрет на Џулија Фарнезе.

Брачниот договор бил склучен во Рим на 20-21 мај 1489 година, во резиденцијата на моќниот шпански кардинал Родриго Борџија, кој три години подоцна бил избран за папа со името на Александар VI. Џулија во моментот на склучување на бракот имала 15 години. Орсино, пак за кого се омажила имал седумнаесет години. Тој бил син на Лодовико Орсини Милиорати и Адријана де Мила, инаку братучетка на кардиналот Борџија.[2] Младоженецот бил слеп на едното око (толку многу што го добил прекарот monoculus Orsinus - едноокиот Орсино). Иако припаѓал на семејство со големо и славно име, тој бил прилично досаден и со карактер сличен на војник кој секогаш правел сѐ што е можно за да не се најде во битка, односно да ја избегне обврската.

Вистинскиот брак се случил една година подоцна, на 9 мај 1490 година. Бракот постигнат во Рим бил прославен со голема поворка составена од народ на римското благородништво. Според известувањето на Џовани Буркардо (Јоханес Буркард), папски господар на церемониите од тоа време, во неговата Книга со белешки[3] било забележано дека Џулија, според нејзината должност, во чекор го следела идниот сопруг Орсино сѐ до имотот Басанело.

Во тоа време се отворила дебата за тоа дали на датумот на својата венчавка Џулија веќе му била љубовница на Родриго Борџија, човек многу наклонет кон сензуалноста. Тој имал дури четири деца заедно со љубовницата Ваноза Катанеи, и најверојатно други деца со неколку непознати жени. За некои во тоа време, бракот би бил одлично покритие за постоење на тајна врска. Постоел несвет и веројатно таен договор помеѓу свекрвата на Џулија, Адријана де Мила и кардиналот, нејзиниот братучед Родриго. Овој несвет договор му овозможило на синот на Адријана, Орсино значително да напредува во благородничките води. Во реалноста, не постоел документ со кој ќе се одреди почетокот на врската. Секоја друга претпоставка претставува само непрецизно нагаѓање.

Исто така, се отворила дебата дали ќерката на Џулија, Лаура Орсини, родена на 30 ноември 1492 година,[4] била дете создадено од Орсино или пак дете на Родриго Борџија. Едно е сигурно, а тоа е дека семејството Фарнезе (а особено вториот син Алесандро, братот на Џулија) се обидело да ѝ најде сопруг на Лаура уште од најраното нејзино детство, соопштувајќи дека е ќерка на папата.[5] Сепак, треба да се забележи дека Александар VI (Родриго Борџија), иако секогаш бил многу дарежлив кон своите деца, дури и кон оние чии имиња не се знаат, направил многу малку за Лаура, можната ќерка добиена заедно со Џулија. Можеби пак папата се ограничил на поддршката и целите на целовкупното семејството Фарнезе. Се обидувал со своето молчење, односно лага која се однесува на тајната љубов со Џулија да не му наштети на нејзиното семејство.

Љубовникот Родриго Борџија

уреди
 
Дете Исус од рацете копија од Пинтурикио од Пјетро Факети. Лицето на Марија би било она на Џулија Фарнезе.

Врската била консолидирана во 1493 година, кога се наоѓала Џулија во Рим, далеку од нејзиниот сопруг, сместена во палатата Санта Марија на кардиналот Јован Батиста Зено во делот на Портико (во непосредна близина на Ватикан, каде што се наоѓа колонадата на Бернини)[6] со ќерка на папата, Лукреција Борџија, но под одобрено туторство на нејзината свекрва Адријана де Мила. Џулија примала постуланти кои барале благодат од страна на папата. Исто така направила сѐ за да добие значителна црковна придобивка и за Лоренцо Пучи кој бил девер на нејзината сестра Гиролама, кој подоцна ќе биде поставен за кардинал и понтификален датер. На 20 септември 1493 година, Алесандро Фарнезе, братот на Џулија, бил прогласен за кардинал.[7] Го добил прекарот „Кардиналот Фрегнезе“, со кој останатите се потсмевале поради недозволениот начин на кој дошол на функцијата. На 14 ноември 1494 година, Алесандро добил и легација на Наследството на Свети Петар (папска провинција), која предвидувала 100 дукати месечно и која овозможила да се управува со територијата на која биле населени семејството на Фарнезите. Адријана де Мила и Орсино Орсини ги добиле имотите на Карбоњано и Јулијанело (денес познато како Вињанело).[8]

Во тој период Џулија била признаена љубовница на папата, целосно заслепена од неговата страст. Џулија била убава и провокативна млада жена, па многумина започнале да ја нарекуваат конкубина на папата или дури, или дури и иронично, спонза Кристи. Она што требало да биде едноставна приказна поврзана со креветот, се претворила во незадржлива сенилна, погубна и опсесивна страст. Пламенот на таа страст долго блескал. Страста помеѓу Џулија и папата често се граничела со мрачни желби и морбидно -делресивна љубомора. Папата Александар VI во еден момент стигнал до точка да ѝ се закани на Џулија со екскомуникација ако таа се обиде да го напушти.[9]

Крај на наложницата

уреди

На 12 јуни 1493 година се одржала свадбената церемонија помеѓу тринаесетгодишната Лукреција Борџија, ќерка на папата, и Џовани Сфорца, господарот и владетел на војводството Пезаро. Вистинскиот брак се случил една година подоцна, поради одредени пречки (пред сѐ поради незрелоста и малолетноста на девојката). Неколку дена по завршувањето на свеченоста, двајцата младенци заминале за Пезаро. Џулија и Адријана де Мила ги придружувале и решиле да останат во Пезаро неколку недели. Папата бил многу нетрпелив и на секој начин сакал да ја врати Џулија не бирајќи начин да го стори тоа.

Во меѓувреме некаде во пролетта, трупите на францускиот крал Шарл VIII ја нападнале Италија. Нападот бил поради причината за да ја одземе круната од кралството Неапол. При овој напад тој лесно се пробивал низ Италија кон југ без да наиде на некој сериозен отпор. Загрижен за безбедноста на својата сакана Џулија, папата ѝ наредува таа да го напушти Пезаро и веднаш да се врати во Рим. Во меѓувреме пристигнала веста дека Анџело Фарнезе, братот на Џулија, бил во многу тешка состојба во тврдината Каподимонте. Пркосејќи му на папскиот гнев и загриженост, Џулија по добиената вест веднаш заминала во Каподимонте кај Анџело, кој сепак кога таа пристигнала бил веќе мртов (12 јули).[10] По смртта на Анџело, Џулија и нејзиниот друг брат Алесандро ненадејно се разболеле. Папата Александар VI ги испратил во Каподемонте своите најдобри лекари за да ги лекуваат братот и сестрата.[11]

Кон есента истата таа година инсистирањата од страна на папата се наголемиле. Тие преминале дури и во заканувачки инсистирања во кој се барало итно враќање на Џулија во Рим. Кон овие инсистирања и закани се придружил и Орсино кој гласно барал враќање на неговата сопруга во Басанело. Борџија таквите ситуации ги решавал на неговиот вообичаен начин: со многу арогантна решителност. Напишап писмо со остри зборови против Џулија, а особено против самата Адријана, заканувајќи им се на двете со екскомуникација. Разлутениот Борџија со отровни писма ги нападнал сите свои соговорници, вклучително и самиот кардинал Алесандро Фарнезе, но и Орсино. При отворениот напад ги обвинил за големите бенефиции кои им биле дадени, одејќи дотаму што им се заканувал со екскомуникација и дополнително со конфискација на имотот, доколку се спротивстават на неговата желба.[12]

Заплашувањето од страна на папата било успешно, бидејќи Џулија, нејзината свекрва и нејзината сестра Геролама конечно тргнале во правец кон Рим. Но, некаде на планинскиот врв Витербо, поворката на дамите, придружувана од триесет коњаници, која папата специјално ја испратил од Рим, била пресретната од една претходница на француската војска. Триесетте коњаници кои биле специјализирани „за парада“ наместо за борба, не можеле да дадат никаков посериозен отпор. Француската војска, знаејќи со кого си имаат работа, си помислиле дека од таа ситуација можат да извлечат доста. Ги киднапирале трите дами барајќи откуп од дури три илјади дукати. Папата ги искористил сите можни дипломатски потези и по неколку дена, благодарение најмногу на личниот допринос на Шарл VIII, трите дами биле ослободени и тие го продолжиле патувањето кон Рим, но овојпат придружувани од вистинска и регуларна војска.[13] На 1 декември дамите со придружбата влегле во градот Рим. Џулија истата таа ноќ наводно, ја поминала во Ватикан. Веднаш, потоа Џулија била помилувана од страна на љубовниот понтиф за дрскоста кој ја покажала спрема него.[14]

Бегството од Рим

уреди

Веста за напредувањето на војските на Шарл VIII била сè позагрижувачка, а со тоа растел и се ширел стравот во Рим. Папата немал намера да ја напушти Светата столица, и покрај тоа што многумина силно му сугерирале да го стори тоа. Џулија, откако се вратила неколку дена порано, била исплашена за себе и за својата ќерка. Во тој момент ништо не посакувала, единствено само што побрзо да го напушти Рим. Поради таа причина таа се свртела кон нејзиниот брат Алесандро барајќи од него да ѝ помогне да организира колку е можно побрзо заминување од градот. Две седмици пред доаѓањето на Шарл VIII и неговите војници, Џулија успеала да го напушти Рим и тоа без знаење на папата. Од тој момент, Александар VI никогаш повеќе немало да ја види својата сакана.

Каде заминала Џулија по тоа бегство не било докрај познато. Можно е да му се придружила на нејзиниот сопруг во Басанело или да се засолнила директно во замокот Карбоњано. Овој факт можеби е точен бидејќи неколку години подоцна била таму пронајдена.Со сигурност знаеме дека нејзиниот сопруг Орсино умрел во 1500 година, токму во местото Басанело. Неговиот имот го наследила ќерката на Џулија Лаура, над која продолжил да лебди сомнежот за татковството на Борџија.

Во Карбонано

уреди

По исчезнувањето, трагите на Џулија можеле да се пронајдат некаде кон крајот на 1503 година.[15] Папата Алексндар на 18 август истата година, починал и со тоа започнало пропаѓањето на куќата Борџија. За династијата Фарнези тоа било вистинско време своето богатство да го прошират со други потфати. Џулија повторно била главната протагонистка на еден од клучните моменти на нивното ново издигнување. По краткиот понтификат на папата Пиј III, кој починал само еден месец по неговиот избор, конклавата го избрала за папа Џулијано дела Ровере, кој го зел световното име Јулиј II. Популарната Ла Бела (Џулија), која во тој период имала триесет години, се вратила во Рим за да организира една долгопланирана профитабилна свадба за нејзината единствена ќерка. Избраникот бил од семејството Дела Ровере и Џулија добро ја разбрала можноста за да ја омажи својата ќерка во тоа моќно семејство. Преговорите биле успешни, толку многу што на 15 ноември 1505 година, тринаесетгодишната Лаура Орсини се омажила за Николо дела Ровере, кој бил син на сестрата на папата Јулиј II.

1506 година е годината во која Џулија го презела владеењето со замокот Карбоњано. Овој имот претходно Александар VI му го доделил на Орсино по бројните нивни недоразбирања. Популарната Ла Бела се населила во замокот на градот, на чија порта, една година подоцна, било врежано нејзиното име. Хрониките на замокот ни кажуваат дека Џулија била вешт администратор и знаела како да управува со своите имоти. Тоа го правела со цврста и енергична рака. За тоа време нејзиниот брат во Рим ја продолжил својата блескава црковна кариера. За Џулија времето на љубовта не била завршено. Во 1509 година таа се омажила за Џовани Капес Бозуто, син на Чезаре Марија, господар на Афрагола и експонент на малото неаполско благородништво.[16] Во месец октомври 1517 година, Џулија на 43-годишна возраст, останала вдовица по втор пат.

Смртта на Џулија Фарнезе

уреди

Џулија останала во замокот Карбоњано сѐ до 1522 година. Напуштајќи го замокот, таа се вратила во Рим, каде ги поминала последните две години од нејзиниот живот. На 23 март 1524 година, во големата палата на кардиналот Алесандро, починала Џулија Фарнезе, од непознати причини на возраст од некаде 48-49 години. Десет години подоцна, нејзиниот брат се качил на престолот на Свети Петар како папата Павле III.

Покрај нејзината ќерка Лаура, од бракот со Николо дела Ровере, Џулија имала три деца. Сите овие деца биле наследници на имотот кој му припаѓал на Орсино. Едно од децата со име Елена, подоцна стапила во брак со Стефано Колона, еден од принцовите на Палестрина. Тој принц имотот на Палестрина го налседил во 1577 година.

Убавината на Џулија Фарнезе

уреди
 
Преображението од Рафаело Санти.
Џулија ла Бела е клекнатата жена во преден план на сликата.

Винченцо Калмета, кој водел кратка биографија Џулија, велел дека Џулија била „со таква врвна убавина што секој кој ја видел велел за неа како да е дел од некое божество“.[17]

Неколкуте елементи кои ја опишуваат, а се во врска со нејзиниот физички опис, се наоѓале во две писанија напишани во времето на нејзината најголема раскошност. Првиот напис го напишал Лоренцо Пучи, зет за нејзината сестра Гиролама и неговиот брат Џаноцо Пучи. Овие белешки воделе потекло од 24 декември 1493 година од градот Рим. Тие двајцата биле да ја видат Џулија во римската палата каде што живела заедно со Лукреција Борџија.

Вториот текст го напишал Џакомо Драгони и тоа во писмо до кардиналот Чезаре Борџија, од Сан Лоренцо на 11 јули 1494 година. Драгони се посветил на еден вид натпревар за убавина кој се одржал во градот Пезаро помеѓу Џулија и благородничката Катерина Гонзага. Првата, се мисли на Џулија била бринета со медитеранска убавина, а втората Катерина убавица со долга руса коса, сини очи, светла кожа. Победничка во тој „двобој' била Гонзола:

Гонзага и Џулија се натпреваруваа. Џулија го загуби натпреварот кој беше во конкуренција за изглед на телото. Тие се натпреваруваат и за изледот на ликот. Кафеавиот тен, црните очи, заобленото лице и одреден жар во очите го краселе ликот на Џулија. Белината на кожата и сините очи, во кои човек може да се огледа како во огледало, била привлечноста достојна која ја красела Гонзага. Кафеавиот тен бил полош од искреноста, а жарот во очите од привлечноста. Тие се натпреварувале и во изгледот на очите. Џулија со право го загубила и тој натпревар. И натпреварот за очите завршил во корист на Гонзага. Всушност, обичните луѓе претпочитале црни очи, а благородниците сини очи. Додека се разговарало за усните на двете убавици (имало такви кои ги пофалуваа усните на Џулија поради добрата симетрија. Имало и такви кои го негираа тој факт. Некои пак усните на Гонзага говореле дека треба да бидат оспорувани поради прекумерна суптилност, а имало и такви кои упорно сго негирале тоа). Еден од критичарите се насмеал и рекол:„За што се расправате, ако сè не сте виделе? Regesto 2012, стр. 132-133 (преводот е цитиран од латинскиот документ).


За легендарната убавина на Џулија Фарнезе, за која многу се зборувало во нејзино време, а за која се пишувало и денес, не се зачувани многу сведоштва. Сѐ се темели врз претпоставки. Меѓу нив забележуваме еден од ликовите кој се појавуваа во „Преображение“ од Рафаело Санти. Големиот уметник со потекло од Урбино восхитувачките одлики на Џулија ла Бела би ги вградил во една од ликовите, за да биде вечно и незаборавно сеќавање.

Џорџ оВазари во неговите дела наречени животи, ја идентификувал Џулија со ликот на Мадона со детето (Богородица), насликана од страна на Пинтурикио во Сала деи Санти, во куќата на семејството Борџија сместена во Ватикан. Тоа дело би можела да биде најверодостојната хипотеза, за веродостојноста на изворот и на фактот дека: Џулија била миленичката на папата Александар VI и веројатно тој и посакувал да ја види насликана во тој лик во својот дом. Особено било важно што во истата просторија била прикажана и Лукреција Борџија, ќерката на папата и секако голема пријателка на Џулија.

Некои веруваат дека недостигот на слики се должи на еден вид мемориско проклетие на кое Џулија би била подложена по наредба на папата Павле III. Таа на почетокот била причината за неговото прогласување за кардинал. Подоцна тој мислел дека таа е пречката кон исполнувањето на сопствените амбиции да стигне до папскиот престол. Поради тие причини нејзиниот брат ги елиминирал сите нејзини портрети, чие нивно постоење и сеќавање било извор, според него на голем срам.

Неодамна, еден римски научник ја претпоставил идентификацијата на Џулија Фарнезе на еден од ликовите што ја сочинуваат десната страна од мозаикот на апсидата во базиликата Санта Пудензијана во Рим.[18]

Просудување на постапките

уреди

Винченцо Калмета, кој не само што ја видел Џулија туку и ја познавал, и разговарал со неа „долго време како пријател и слуга“, во извесна смисла го оправдувал однесувањето на Џулија со папата. Тој ја споредил Џулија со Сесилија Галерани, другата славна љубовница од тоа време. Тој ги издига и пофалува доблестите и на двете љубовници. Винченцо ги потсетувал читателите дека и двете биле продадени од страна на нивните роднини на богати и моќни љубовници, кога тие сѐ уште биле многу млади, речиси деца и без некое особено животно искуство. Во случајот на Џулија таа би била подложна на проституирање од нејзината свекрва Адријана, која пак и самата била навикната на слични дејствија. Нејзината свекрва била расипана, потекнувала од нездравата средина во која живеела.[17]

Наводи

уреди
  1. Regesto 2012, pp. 109-111, 115-116, 144.
  2. Regesto 2012, pp. 11-20.
  3. Regesto 2012, pp. 21-22.
  4. Regesto 2012, p. 33.
  5. Lo riferisce Lorenzo Pucci nella lettera già citata a Giannozzo Pucci, da Roma, [23]-24 dicembre 1493, in Regesto 2012, pp. 83-87.
  6. Ubicazione precisata da G. Chastenet nel volume "Lucrezia Borgia". L'attuale chiesa di Santa Maria in Portico di piazza Campitelli prende invece il nome dall'antica chiesa di Santa Galla, abbattuta da tempo.
  7. Regesto 2012, p. 50.
  8. Regesto 2012, p. 90.
  9. Nella famosa lettera del 22 ottobre 1494, nella quale il papa chiama Giulia ingrata et perfida (Regesto 2012, pp. 170-171).
  10. Regesto 2012, p. 135.
  11. Regesto 2012, pp. 136-137.
  12. Regesto 2012, pp. 166-173.
  13. Regesto 2012, pp. 183-192.
  14. Regesto 2012, p. 190: lettera di Pandolfo Collenuccio al duca Ercole I d’Este: «dicesi che domenica de nocte [madama Iulia] allogiò in palazzo».
  15. „Chi era Giulia Farnese?“.
  16. Cerbone & p. 27.
  17. 17,0 17,1 Vincenzo Calmeta, Prose e lettere edite e inedite (con due appendici di altri inediti), in Cecil Grayson (a cura di), Collezione di opere inedite o rare, Bologna, Commissione per i testi di lingua, 1959, pp. 26-31.
  18. Il lavoro è stato depositato, tra l'altro, presso l'Archivio di Stato di Roma ed è consultabile on-line dal novembre del 2007 nel sito SuperZeko.

Библиографија

уреди
  • Il sorriso di Giulia. Viterbo: Sette Città. ISBN 88-7853-024-7.
  • . ISBN 978-88-04-56641-0. Text "Corrado" ignored (help); Text "Augias" ignored (help); Text "I segreti di Roma" ignored (help); Text "2007" ignored (help); Text "Mondadori" ignored (help); Text "Milano" ignored (help); Отсутно или празно |title= (help)
  • . ISBN 88-04-51658-5. Text "Maria" ignored (help); Text "Bellonci" ignored (help); Text "Lucrezia Borgia" ignored (help); Text "2003" ignored (help); Text "Mondadori" ignored (help); Text "Milano" ignored (help); Отсутно или празно |title= (help)
  • Afragola feudale: per una storia degli insediamenti rurali del napoletano. Istituto di Studi Atellani. 2004.
  • Lucrezia Borgia. Storia e mito. Firenze: Olschki Editore. ISBN 88-222-5595-X.
  • . ISBN 88-04-55627-7. Text "Sarah" ignored (help); Text "Bradford" ignored (help); Text "Lucrezia Borgia. La storia vera" ignored (help); Text "2005" ignored (help); Text "Mondadori" ignored (help); Text "Milano" ignored (help); Отсутно или празно |title= (help)
  • . ISBN 978-88-04-42107-8. Text "Geneviève" ignored (help); Text "Chastenet" ignored (help); Text "Lucrezia Borgia. La perfida innocente" ignored (help); Text "1996" ignored (help); Text "Mondadori" ignored (help); Text "Milano" ignored (help); Отсутно или празно |title= (help)
  • . ISBN 88-8402-009-3. Text "Ivan" ignored (help); Text "Cloulas" ignored (help); Text "I Borgia" ignored (help); Text "1989" ignored (help); Text "Salerno Editrice" ignored (help); Text "Roma" ignored (help); Отсутно или празно |title= (help)
  • I Farnese. Roma: Istituto di studi romani editore. Text "Edoardo" ignored (help); Text "del Vecchio" ignored (help)
  • . ISBN 88-389-1979-8. Text "Alexandre" ignored (help); Text "Dumas" ignored (help); Text "I Borgia" ignored (help); Text "2007" ignored (help); Text "Sellerio editore" ignored (help); Text "Palermo" ignored (help); Отсутно или празно |title= (help)
  • Giulia Farnese. Una donna schiava della propria bellezza. Parma: Silva ed. ISBN 978-88-7765-055-9. Text "Carlo" ignored (help); Text "Fornari" ignored (help)
  • . ISBN no Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help). Text "Roberto" ignored (help); Text "Gervaso" ignored (help); Text "I Borgia" ignored (help); Text "1977" ignored (help); Text "Rizzoli" ignored (help); Text "Milano" ignored (help); Отсутно или празно |title= (help)
  • . ISBN 88-7116-814-3. Text "Ferdinand" ignored (help); Text "Gregorovius" ignored (help); Text "Lucrezia Borgia. La leggenda e la storia" ignored (help); Text "1990" ignored (help); Text "Messaggerie Pontremolesi" ignored (help); Text "Milano" ignored (help); Отсутно или празно |title= (help)
  • . ISBN no Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help). Text "Massimo" ignored (help); Text "Grillandi" ignored (help); Text "Lucrezia Borgia" ignored (help); Text "1984" ignored (help); Text "Rusconi" ignored (help); Text "Milano" ignored (help); Отсутно или празно |title= (help)
  • La venere papale. Valentano: Scipioni.
  • , V Отсутно или празно |title= (help)
  • Regesto dei documenti di Giulia Farnese. Raleigh: Lulu. ISBN 978-1-291-00120-4.
  • . ISBN 978-88-04-48662-6. Text "Antonio" ignored (help); Text "Spinosa" ignored (help); Text "La saga dei Borgia. Delitti e santità" ignored (help); Text "1999" ignored (help); Text "Mondadori" ignored (help); Text "Milano" ignored (help); Отсутно или празно |title= (help)
  • Roberto Zapperi, Farnese, Giulia, in Dizionario biografico degli italiani, vol. 45, Roma, Istituto dell'Enciclopedia Italiana, 1995.

Поврзано

уреди

Други проекти

уреди