Ваноза Катанеј
Ваноза Катанеј (13 јули 1442 година - 24 ноември, 1518) бил италијанска благородничка, таа била една од многуте љубовници на кардиналот Родриго Борџија, идниот папа Александар VI.
Роден е во 1442 во Мантова и потекнувала од благородничко семејство. Ваноза се преселила во Рим каде што била сопственик на неколку гостилници. Пред да стане љубовница на Александар, таа имала наводна љубовна врска со кардиналот Џулијано дела Ровере, идниот папа Јулиј II. Таа му родила четири деца на Александар VI, кои отворено ги признал како свои:
- Џовани, потоа војвода на Гандија (роден 1474);
- Чезаре (роден 1475);
- Лукреција (родена 1480);
- Хофре (роден 1481 или 1482) [1]
-
Џовани -
Чезаре -
Лукреција -
Хофре
Ваноза имала четири сопрузи. Прво се омажила Доменико ди Аригано. Нејзин втор сопруг бил Антонио де Бреша. Во 1480 се омажила за Џорџо дела Кроче. Со него имала син по име Отавиано. Нејзин последен сопруг бил Карло Канале.
Извори
уреди- ↑ I. Cloulas, The Borgias, p. 52