Отвори го главното мени

Животите на најизвонредните сликари, вајари и архитекти

збирка биографии на уметници од Џорџо Вазари

Животите на најизвонредните сликари, вајари и архитекти (италијански: Le Vite delle più eccellenti pittori, scultori, ed architettori) — збирка биографии на уметници напишана во XVI век од италијанскиот сликар, архитект и теоретичар Џорџо Вазари. Делото се смета за „веројатно најпрочуената, па дури и денес најчитаната книга од постарата литература за уметноста“,[1] „едно од највлијателните ренесансни пишани дела за уметноста“[2], и „еден од основоположничките текстови на историјата на уметноста“.[3] насловот често пати се среќава во скратена форма како „Животи“ (Vite).

Животите на најизвонредните сликари, вајари и архитекти  
Vite.jpg
Насловна страница
АвторЏорџо Вазари
Наслов на
оригиналот
Le Vite de' più eccellenti pittori, scultori, ed architettori
ЗемјаИталија
Јазикиталијански
Предмет(и)биографии на уметници
ИздавачТорентино (1550), Џунти (1568)
Страници369 (1550), 686 (1568)

Заднина на делотоУреди

Како првиот италијански историчар на уметноста, Вазари започнал жанр на енциклопедија на уметнички биографии кој продолжува да живее до денес. Токму Вазари е авторот на поимот „Ренесанса“ (rinascita), иако за постоењето на уметничка преродба постоела свест уште од времето на Леоне Батиста Алберти. Неговото дело „Животите на најизвонредните сликари, вајари и архитекти“ (Le Vite delle più eccellenti pittori, scultori, ed architettori) — посветено на великиот војвода Козимо I де Медичи — за прв пат било објавено во 1550. Во него се содржела и драгоцена расправа за техничките методи кои се користат во уметноста. Во 1568, делото било делумно изменето и дополнето, а биле додадени и гравури со портрети на уметниците (некои претпоставени).

Делото се одликува со постојана и ноторна пристрасност во полза на уметниците од Фиренца, на кои Вазари им ги припишува сите усовршувања во ренесансната уметност (како на пример, пронаоѓањето на гравурата). Во првото издание особено и систематски е запоставена венецијанската уметност (заедно со уметноста на другите европски земји). Во периодот помеѓу двете изданија, Вазари ја посетил Венеција, по што тој донекаде омекнал (најпосле вклучувајќи го и Тицијан), но дури и тогаш, во второто издание тој не постигнал неутрално гледиште.

Вазариевите биографии се прошарани со забавни озборувања. Многу од анегдотите личат на вистинити, додека други се измислици. Меѓутоа, само со неколку исклучоци, естетското расудување на делото е остроумно и без пристрасност. При создавањето на делото, Вазари не трагал по точни датуми, како што би направиле денешните историчари на уметноста, и затоа неговите биографии се потпираат на сликарите од неговата генерација и оние веднаш зад нив. Современата критика, користејќи се со нови материјали за истражување, има исправено голем дел од погрешните години, датуми и припишувања. Делото сепак останува класика, иако задолжително мора да се дополни со современа критичка работа.

На крајот на книгата, Вазари дава краток преглед и на сопствената биографија, и додава други подробности за себеси и семејството во животите на Лаѕаро Вазари и Франческо Салвијати.

ВлијаниеУреди

За „Животите“ на Вазари се смета дека се „во огромна мера највлијателното дело за историјата на ренесансната уметност„[4] и „најважното ренесансно дело со биографии на уметници“.[1] Ова влијание се состои главно во три сфери: како пример за современиците и идните биографи и историчари на уметноста, како определник во начинот на гледањето на Ренесансата и улогата на Фиренца и Рим во неа, и како главен извор на информации за животите и делата на раните италијански уметници.

Делото е преведено (целосно или делумно) на многу јазици, меѓу кои се англискиот, холандскиот, германскиот, францускиот и српскиот.

Поплава од биографииУреди

Ова дело започнало бран на биографии на уметници. Други пак биографи од XVII век биле нарекувани 'Вазари' на својата земја. Карел Ван Мандер во Холандија станал веројатно првиот вазариски автор со неговото дело „Книга за сликарите“ (Het Schilderboeck, 1604), првата сеопфатна листа на биографии на сликари од Ниските Земји.[1] Јоаким фон Зандрарт (1606-1688), автор на делото „Германска академија“ (Deutsche Akademie), бил познат како „Германскиот Вазари“.[5] Во Англија пак, книгата „Илустрирано сликарство“ (Painting Illustrated, 1685) од Вилијам Аглајонби во голема мера се засновало и на Вазари.[1]

Гледиште за РенесансатаУреди

„Животите“ се од голема важност и како основа за расправите за развојот на стиловите,[6] Делото извршило силно влијание врз тоа како историчарите на уметноста ја гледале раната Ренесанса долго време, претерувајќи ја важноста и постигннувањата на фирентинските и римските уметници, а запоставувајќи ги оние од другите италијански градови и, се разбира, од остатокот од Европа.[7]

Извор на информацииУреди

Но сепак, делото со векови претставува најважен извор на информации за раноренесасните италијански (осоено тоскански) сликари и авторството на нивните дела. Во 1899, авторите како Џон Едингтон Сајмондс се служеле со „Животите“ како еден од најосновните извори на податоци за уметниците, како што може да се види во Сајмондсовите 7 книги со наслов „Ренесансата во Италија“ (Renaissance in Italy).[8]. Дури и ден денес, и покрај очигледните предрасуди и недостатоци, „Животите“ служат како основен извор за биографиите на многубројни уметници како на пример Леонардо да Винчи.[9]

СодржинаУреди

Во „Животите“ се опфатени биографиите на многу од најважните италијански уметници, а делото е прилагодено и како класичен прирачник за своето време, чија содржина понекогаш се користи на различни начини. Следнава листа се држи до редоследот во книгата, поделена на три дела. Книгата почнува со посвета на Козимо Медичи и предговор, а потоа започнува со технички и воведни текстови за архитектурата, вајарството и сликарството. По ова следи втор предговор, во кој се најавува самото дело, кое се содржи во деловите 2 до 5. Следи целосна листа на уметниците обработени во второто издание (1568). Во неколку случаи, во еден дел се дадени различни мошне кратки биографии.

Дел 2Уреди

Дел 3Уреди

Дел 4Уреди

Дел 5Уреди

Дел 6Уреди

Делото на интернетУреди

БелешкиУреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Макс Мармор, Kunstliteratur („Уметничка литература“), превел Ернст Гомбрих, во Art Documentation, Том, 11 # 1, 1992
  2. Страница на Лидскиот универзитет
  3. Виктор Гинзбург и Шила Вејерс, „Опстојување и мода во уметноста“, Лувен (2005)
  4. Професор Хоуп, Варбургов институт, краток преглед на предметот, 2007
  5. Извадок од работењето на библиографското друштво
  6. Елинор Рихтер, рецензија на на Филип Зомовата студијата за стилот во теоријата на уметноста :Првото издание на „Животите“, издадено во 1550, дава основа за секаква расправа по тема развој на стилот."
  7. Стефани Леоне, Ренесансно друштво на Америка, 2007: [...] „традиционалната дефиниција за ренесансна уметност како хуманистички иновации на фирентинските и римските уметници, за што се одговорни „Животите“ на Вазари (1550, 1568)„.
  8. Целосен текст на „Ренесансата во Италија“ на Џон Сајмондс
  9. Бернард Берит, „Животот на Леонардо да Винчи“, Билтен на Библиотеката на Рочестерскиот универзитет (1984)

НаводиУреди

  Оваа статија вклучуваат текст од дело кое сега е во јавна сопственост „“. Енциклопедија Британика (XI). (1911). Cambridge University Press. (англиски)

  • The Lives of the Artists (Oxford World's Classics). Oxford University Press, 1998. ISBN 0-19-283410-X
  • Lives of the Painters, Sculptors and Architects, Том I и II. Everyman's Library, 1996. ISBN 0-679-45101-3