Николо Фаџоли (роден на 12 февруари 2001 година, во Пјаченца) — италијански фудбалер, играч од средниот ред на Јувентус и на италијанската репрезентација.

Николо Фаџоли
Лични податоци
Роден на 12 февруари 2001(2001-02-12)(23 г.)
Роден во Пјаченца, Италија
Држава Италија Италија
Висина &100000000000001770000001,77 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Јувентус Јувентус
Број 21
Младинска кариера
Пјаченца Пјаченца
Кремонезе Кремонезе
Јувентус Јувентус
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2018-2021 Јувентус Јувентус U23 25 (2)
2020- Јувентус Јувентус 8 (2)
2021–2022Кремонезе Кремонезе 33 (3)
Репрезентација
2016 Италија Италија 15 2 (0)
2017-2018 Италија Италија 17 14 (3)
2018-2019 Италија Италија 19 21 (2)
2021- Италија Италија 21 6 (0)
2022- Италија Италија 1 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 13 мај 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 1 јули 2012

Клупска кариера уреди

Почетоците, Јувентус У23 и дебито за првиот тим на Јувентус уреди

Израснат во младинските тимови на Пјаченца прво и на Кремонезе потоа, во 2015 година се приклучил на младинската академија на Јувентус.[1] Своето професионално деби го направил на 26 август 2018 година со Јувентус У23, вториот тим на црно-белите, во ремито 2-2 со Албисола во Купот на Италија Серија Ц;[1][2] последователно на 24 септември го направил своето деби во Серија Ц, во поразот со 4-0 на гостувањето кај Карарезе.[3] Во текот на сезоната, тој останал во Примавера тимот на Јувантус и само повремено се приклучувал на тимот до 23 години, без да има дополнителни настапи за истиот: згора на тоа, во април 2019 година бил принуден привремено да престане да игра за да ја поправи сликата со доброќудната срцева аритмија.[4]

Тој формално останува во редовите на Примавера и за сезоната 2019-2020, во која сепак ја зголемува својата минутажа со вториот тим особено во победничкиот пат во Купот на Италија Серија Ц, играјќи меѓу другото и како стартер во финалето во Чезена против Тернана.[5] Следната сезона, тој бил трајно промовиран во тимот до 23 години:[1] на 1 ноември 2020 година, го постигнал својот прв професионален гол, оној за конечни 1-1 во натпреварот од првенство против Леко.[6]

Во меѓувреме, во летото 2018 година, тој бил повикан за првпат да биде дел од првиот тим на Јувентус, иако неофицијално по повод претсезонските подготовки.[7] На 27 јануари 2019, го добил првиот повик за некој официјален натпревар на првиот тим на Јувентус од тренерот Масимилијано Алегри, во пресрет на гостувањето кај Лацио во Серија А.[1] Со зголемена зачестеност на повици во текот на сезоната 2020-2021, точно две години подоцна од својот прв повик во првиот тим, на 27 јануари 2021, тој го направил своето официјално деби за Јувентус под водството на тренерот Андреја Пирло, излегувајќи на теренот како стартер во победата со 4-0 над СПАЛ во Купот на Италија;[8] последователно на 22 февруари го направил своето деби во првенството, заменувајќи го Родриго Бентанкур во текот на второто полувреме од победата со 3-0 на домашен терен против Кротоне.[9] На крајот од сезоната, тој можел да се пофали со успеси во Купот на Италија и Суперкупот на Италија.

Позајмицата во Кремонезе уреди

На 31 август 2021, тој се вратил во Кремонезе во Серија Б, на позајмица од Јувентус до крајот на сезоната. Дебитирал во втората италијанска лига на 12 септември во победата со 2-0 на домашен терен над Читадела, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Паоло Бартоломеи во 55-тата минута. Својот прв гол за григиоросите го постигнал веќе во вториот настап, само седум дена подоцна од своето деби, погодувајќи ја мрежата на својот поранешен соиграч Џанлујџи Буфон по само три минути игра во победата со 2-1 на гостувањето кај Парма.[10] На 2 октомври 2021, тој асистирал за голот на Лука Ѕанимакија во победата со 2-0 над Тернана, а во следното коло бил одново стрелец во ремито 1-1 на гости против Беневенто. Во сезоната 2021-2022, Фаџоли бил основна фигура во формацијата на тренерот Фабио Пекија со 33 настапи и 3 гола за Кремонезе,[11] давајќи огромен придонес за промоцијата на клубот во Серија А за првпат после 26 години.[12]

Враќање во Јувентус уреди

Во летото 2022 година, тој се вратил во Јувентус, овојпат трајно промовиран во редовите на првиот тим.[13][14] Со скромна минутажа на почетокот од сезона, првиот настап за Јувентус во сезоната го имал на 3 сепрември против Фјорентина, влегувајќи како замена во последните минути на местото на Леандро Паредес. На 14 септември, дебитирал во Лигата на шампионите, во поразот со 1-2 на домашен терен од Бенфика. На 29 октомври, како резултат на кризата со повредени играчи во Јувентус, Фаџоли добил шанса да игра цело второ полувреме во натпреварот на гостувањето кај Лече; во истиот тој натпревар го постигнал својот прв гол за Јувентус со прекрасен пласиран удар од косо, за победа на бјанконерите од 1-0.[15] На 6 ноември, тој го постигнал вториот гол за Јуве во победата со 2-0 над Интер во Дербито на Италија.[16]

Репрезентативна кариера уреди

По настапите за неколку младински репрезентации на Италија,[17] на 23 септември 2021 година, тој го направил своето деби за селекцијата до 21 година, влегувајќи во последниот четврт-час на местото на Николо Ровела во натпреварот против врсниците од Луксембург во квалификациите за Европското првенство 2023.[18]

На 16 ноември 2022, неколку дена подоцна откако го добил својот прв повик во сениорската репрезентација од селекторот Роберто Манчини, Фаџоли го направил своето деби за аѕурите во пријателски натпревар против Албанија.[19]

Хронологија на репрезентативните настапи уреди

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Италија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
16-11-2022 Тирана Албанија   1 – 3   Италија Пријателска -   77'
Вкупно Настапи 1 Голови 0

Клупска статистика уреди

Статистиката е ажурирана на 13 ноември 2022.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2018-2019   Јувентус У23 Ц 1 0 КИ-Ц 1 0 - - - - - - 2 0
2019-2020 Ц 5+1[20] 0 КИ-Ц 4 0 - - - - - - 10 0
2020-2021 Ц 19+1[20] 2+0[20] - - - - - - - - 20 2
Вкупно Јувентус У23 25+2 2 5 0 - - - - 32 2
2020-2021   Јувентус А 1 0 КИ 1 0 ЛШ 0 0 СИ 0 0 2 0
2021-2022   Кремонезе Б 33 3 КИ 0 0 - - - - - - 33 3
2022-2023   Јувентус А 7 2 КИ 0 0 ЛШ 2 0 - - - 9 2
Вкупно Јувентус 8 2 1 0 2 0 0 0 11 2
Вкупно во кариерата 68 7 6 0 2 0 0 0 76 7

Клупски уреди

  Јувентус уреди

2019-2020
2020-2021
2020

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Under 23 | Nicolò Fagioli in prestito alla Cremonese“. 31 август 2021.
  2. „Under23 ancora imbattuta ma non basta“. 2018-08-27.
  3. „CARRARESE VS JUVENTUS II 4-0“. 24 септември 2018.
  4. „Fagioli, il bollettino medico“. 2019-04-19.
  5. „Under 23 storica: conquista la Coppa Italia Serie C!“. 2020-06-27.
  6. „Under 23, un punto per parte al Moccagatta“. 2020-11-01.
  7. „2018 MLS All-Star Game Recap“. 2 август 2018. Архивирано од изворникот на 2020-10-28. Посетено на 2022-12-15.
  8. „Esordio Fagioli: battesimo in prima squadra per il 2001 in Juve-Spal“. 27 јануари 2021.
  9. „Esordio in Serie A per Nicolò Fagioli con la Juventus che batte 3-0 il Crotone“. 22 февруари 2021.
  10. „Fagioli affonda Buffon, la Cremonese sbanca Parma 2-1“. 19 септември 2021. Посетено на 30 октомври 2022.
  11. „Cremonese, Fagioli "sapeva" già della promozione in A. E Pirlo e Chiesa approvano…“. 7 мај 2022. Посетено на 30 октомври 2022.
  12. „La cremonese torna in Serie A dopo 26 anni“. 7 мај 2022. Архивирано од изворникот на 2022-05-06. Посетено на 29 октомври 2022.
  13. „Parola ai giovani: Fagioli, Miretti e Soulé“. 2022-09-08.
  14. „Ufficiale | Fagioli rinnova fino al 2026“. 10 август 2022. Посетено на 29 октомври 2022.
  15. „DEBRIEF | LE STATISTICHE POST LECCE-JUVE“. 30 октомври 2022. Посетено на 30 октомври 2022.
  16. . 6 ноември 2022 https://www.juventus.com/it/news/articoli/juve-inter-la-partita. Посетено на 6 ноември 2022. Занемарен непознатиот параметар |titolo= (се препорачува |title=) (help); Отсутно или празно |title= (help)
  17. Празен навод (help).
  18. „Italia U21 - Lussemburgo U21, 03/set/2021 - Qualificazione Europei U21 - Cronaca della partita“.
  19. „Esordio Fagioli con l'Italia: prima in Nazionale maggiore per il bianconero“ (италијански). JuventusNews24.com. 16 November 2022. Посетено на 16 November 2022.
  20. 20,0 20,1 20,2 Плејоф.

Надворешни врски уреди