Фабио Мирети
Фабио Мирети (роден на 3 август 2003 година, во Пинероло) — италијански фудбалер, играч од средниот ред на Џенова на заем од Јувентус.
Фабио Мирети | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 3 август 2003 | ||
Роден во | Пинероло, Италија | ||
Држава | Италија | ||
Висина | м | 1,80||
Позиција | среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Џенова | ||
Број | 23 | ||
Младинска кариера | |||
Кунео | |||
Јувентус | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2021-2022 | Јувентус U23 | 30 | (3) |
2022- | Јувентус | 58 | (1) |
2024- | → Џенова | 0 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2018 | Италија 15 | 2 | (0) |
2018-2019 | Италија 16 | 12 | (2) |
2019-2020 | Италија 17 | 6 | (2) |
2021-2022 | Италија 19 | 13 | (5) |
2022- | Италија 21 | 2 | (0) |
* Ажурирано на: 13 мај 2012 ** Ажурирано на: 1 јули 2012 |
Биографија
уредиФабио е роден во Пинероло, но по потекло е од Салуцо.[1][2][3] Тој е второто дете на неговите родители Ливио и Силвија, и има постара сестра која се вика Алесија, која се занимава со адвокатура во Салуцо.[4][5] Неговата моментална девојка е Индија Симони.[6] Во 2022 година, ја добил својата диплома за средно образование откако завршил на World International School во Виново.[7][8]
Мирети е симпатизер на Јувентус уште од неговото детство.[9] Негов идол е поранешниот играч од средниот ред на Јувентус, Павел Недвед, а како референтна точка за развојот на својата кариера го зема Кевин Де Бројне поради улогата и одликите.[10]
Технички карактeристики
уредиСвојата кариера ја започнал играјќи како централен играч од средниот ред, полека станувајќи офанзивен играч од средниот ред поради неговата способност да постигнува голови.[11] За време на неговите последни години во младинските селекции на Јувентус, тој најчесто играл како мецала, и се истакнал како одличен изведувач на пенали. Меѓу неговите главни квалитети се дриблингот, додавањата, склоноста да шутира кон голот и втрчувањата во шеснаесетникот кој му овозможуваат често да ја погоди противничката мрежа, или да даде асистенција за соиграчите.[12][13]
Клупска кариера
уредиПочетоци
уредиМирети започнал да игра фудбал во младинскиот сектор на Ауксилиум Салуцо на четиригодишна возраст.[1][2] Една година подоцна, тој пристигнал во младинскиот тим на Кунео, каде што играл со соиграчи кои биле една година повозрасни од него.[2]
Јувентус
уредиМладински категории и Јувентус У23
уредиВо 2011 година, Мирети бил на проби во двата најсилни клуба во областа Пиемонт - Торино и Јувентус, за да одлучи да се приклучи на младинскиот сектор на втората екипа.[2][8] Играјќи како офанзивен играч за врска, Мирети постигнал 15 гола во 17 настапи за екипата под 17 години во сезоната 2019-2020, пред суспензијата на првенствата поради пандемијата на КОВИД-19. Во следната сезона, тој почнал сè почесто да биде повикуван во Јувентус У23, вториот тим на Јувентус кој се натпреварувал во Серија Ц, а на 13 февруари 2021 го имал своето деби меѓу професионалците во победата со 3-0 на гостувањето против Албинолефе.[14] Сезоната ја завршил со четири првенствени настапи.[13][15]
Пред почетокот на сезоната 2021-2022, Мирети бил повикан од тренерот на првиот тим на Јувентус, Масимилијано Алегри, за летните подготовки за новата сезона.[16] Во исто време, тој бил промовиран на трајна основа во тимот под 23 години од страна на тренерот Ламберто Ѕаули, и за него тој го постигнал својот прв гол во професионалната кариера, на 22 август, во победата против Про Сесто во Купот на Италија Серија Ц, трансформирајќи го пеналот во решавачкиот погодок за победата со 3-2 во 108-мата минута од продолженијата.[17] Шест дена подоцна го пронашол својот прв погодок во Серија Ц, во победата со 2-1 над Перголетезе.[15] На 14 септември, тој ја носел капитенската лента на тимот под 23 години за првпат во натпреварот од купот против ФералпиСало добиен со 3-2.[18] Во текот на сезоната, покрај тоа, тој повремено се додава во тимот на Андреа Бонати до 19 години за да игра во Младинската лига на УЕФА: во континенталното младинско натпреварување тој постигнал два гола во пет натпревари, давајќи придонес за тимот да стигне до полуфиналето, најдобриот пласман на Јувентус досега во ова натпреварување.[19]
Прв тим
уредиОткако претходно веќе добил неколку повици,[16] на 8 декември 2021 година, на 18-годишна возраст, Мирети дебитирал за првиот тим на Јувентус а во исто време и во Лигата на шампионите, во победата со 1-0 на домашен терен против Малме, појавувајќи се како замена на местото на Родриго Бентанкур во 89-тата минута.[13] На 20 март 2022 година, тој исто така дебитирал во Серија А, повторно влегувајќи во игра од клупата во победата со 2-0 на домашен терен над Салернитана.[20] На 1 мај дебитирал како стартер за Јувентус, во натпреварот на домашен натпревар против Венеција, кој бјанконерите го добиле со 2-1.[15][21] Ја завршил сезоната со 6 настапи во Серија А.
Во летото 2022 година е промовиран во редовен играч на првиот тим,[22] земајќи го дресот со број 20, и пронашол добар континуитет на настапи на почетокот на сезоната. На 31 август, Мирети асистирал за вториот гол на својот тим кој го постигнал Аркадиуш Милик во победата со 2-0 над Специја.[23] На 6 септември играл за првпат во кариерата како стартер во некое европско натпреварување, започнувајќи во поразот со 2-1 од Париз Сен Жермен на Паркот на принцовите во Лигата на шампионите: на 19 години и 34 дена тој станал вториот најмлад играч на Јувентус, по Стефано Пјоли, кој дебитирал од првата минута во најсилното европско клупско натпреварување.[24]
На 5 ноември 2023 година, Мирети го постигнал својот прв гол во Серија А и во црно-белиот дрес, постигнувајќи го единствениот погодок во успехот со 1-0 на гостувањето кај Фјорентина;[25] потоа на 4 јануари 2024 година, тој исто така го постигнал својот прв гол во Купот на Италија, во победата со 6-1 над Салернитана во осминафиналето.[26]
Заемот во Џенова
уредиНа 25 август 2024 година, тој бил позајмен на Џенова до крајот на сезоната 2024-2025.[27][28]
Репрезентативна кариера
уредиМирети ја претставувал Италија во селекциите под 15,[29] под 16,[29] под 17[29] и под 19 години.[29]
Статистика
уредиСтатистиката е ажурирана на 6 септември 2022.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2020-2021 | Јувентус У23 | Ц | 4+0[30] | 0 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 4 | 0 |
2021-2022 | Ц | 26+0[30] | 3+0 | КИ-Ц | 3 | 1 | - | - | - | - | - | - | 29 | 4 | |
Вкупно Јувентус У23 | 30 | 3 | 3 | 1 | - | - | - | - | 33 | 4 | |||||
2021-2022 | Јувентус | А | 6 | 0 | КИ | 0 | 0 | ЛШ | 1 | 0 | СИ | 0 | 0 | 7 | 0 |
2022-2023 | А | 5 | 0 | КИ | 0 | 0 | ЛШ | 1 | 0 | - | - | - | 6 | 0 | |
Вкупно Јувентус | 11 | 0 | 0 | 0 | 2 | 0 | 0 | 0 | 13 | 0 | |||||
Вкупно во кариерата | 41 | 3 | 3 | 1 | 2 | 0 | - | - | 46 | 4 |
Титули
уредиЈувентус
уреди- Куп на Италија : 1
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Dal debutto in Champions al rinnovo: Fabio Miretti e la Juventus, il legame si allunga almeno fino al 2026“. Занемарен непознатиот параметар
|accesso=
(се препорачува|access-date=
) (help) - ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „Per Fabio Miretti il grande esordio con la Juve in Champions League“. Посетено на 27 април 2022.
- ↑ „Chi è Fabio Miretti: il talento bianconero al suo debutto da titolare col Venezia“. Посетено на 1 мај 2022.
- ↑ Zucchelli, Chiara (2 May 2022). „La maturità e la famiglia“ [Maturity and the family]. La Gazzetta dello Sport. Посетено на 2 May 2022.
- ↑ „Fabio Miretti Biography (Football– Italy): Early Life, Career, Family, Wife, Kids, Girlfriend, Awards, Achievements, Records, Social Media“. thesportstattoo.com. Посетено на 10 септември 2022.
- ↑ Zucchelli, Chiara (2 May 2022). „La Juve e India: i suoi amori“ [Juve and India: his loves]. La Gazzetta dello Sport. Посетено на 2 May 2022.
- ↑ „Bianconeri ... maturi!“. 12 јули 2022. Посетено на 17 јули 2022.
- ↑ 8,0 8,1 Marco Marone (13 јули 2022). „Fabio Miretti 'maturo': arriva il diploma sui banchi di scuola, ora aspetta la 'laurea' di Allegri“. Посетено на 17 јули 2022.
- ↑ „Fabio Miretti, il talento dell'U23 che Allegri vuol far debuttare in Champions“ [Fabio Miretti, the U23 talent that Allegri wants to make his Champions League debut]. La Casa di C (италијански). 8 December 2021. Архивирано од изворникот на 30 April 2022. Посетено на 27 April 2022.
- ↑ Bargellini, Luca (16 February 2021). „Juve U23, Pianticelle bianconere crescono. Miretti: "Nedved idolo, mi ispiro a De Bruyne"“ [Juve U23, little black and whites grow up. Miretti: "Nedved idol, I'm inspired by De Bruyne".]. TUTTOmercatoWEB (италијански). Архивирано од изворникот на 30 April 2022. Посетено на 27 April 2022.
- ↑ „Fabio Miretti, un nuovo principe per la Juventus“. Посетено на 6 септември 2021.
- ↑ „Fabio Miretti, il nuovo Marchisio che fa sognare la Juventus“. Посетено на 6 септември 2021.
- ↑ 13,0 13,1 13,2 „Chi è Fabio Miretti, il baby centrocampista con la Juventus nel DNA“. Посетено на 24 октомври 2021.
- ↑ „Chi è Fabio Miretti: centrocampista diventato grande dopo 10 anni di Juve“. Посетено на 13 февруари 2021.
- ↑ 15,0 15,1 15,2 632669 на soccerway
- ↑ 16,0 16,1 „"Forse saranno della partita": chi sono De Winter, Soulé e Miretti, i giovani su cui punta Allegri“. Посетено на 30 април 2022.
- ↑ „Pro Sesto Juventus U23 2-3 dts: i bianconeri avanzano in Coppa Italia“. Посетено на 22 август 2021.
- ↑ „Juventus U23, media età pazzesca! Il dato contro la Feralpisalò, e Miretti...“. Посетено на 14 ноември 2021.
- ↑ „Under 19, applausi e lacrime. Ai rigori passa il Benfica“. 2022-04-22.
- ↑ „Esordio in serie A con la Juve per il saluzzese Fabio Miretti“. Посетено на 20 март 2022.
- ↑ „Fabio Miretti, chi è il classe 2003 della Juve titolare contro il Venezia“. Посетено на 1 мај 2022.
- ↑ Giuseppe Giannone (2022-07-06). „Miretti e Soulè faranno parte della rosa della prima squadra, ma occhio all'ipotesi prestito“.
- ↑ „Miretti, l'assist a Milik vale il primato: è record in Serie A“. 2022-08-31. Посетено на 2022-09-07.
- ↑ „Juve, quasi record per Miretti: meglio di lui solo Pioli“. 6 септември 2022. Посетено на 7 септември 2022.
- ↑ . 2023-11-05 https://www.juventus.com/it/news/articoli/miretti-primo-gol-con-la-juventus. Занемарен непознатиот параметар
|titolo=
(се препорачува|title=
) (help); Отсутно или празно|title=
(help) - ↑ „Coppa Italia | Juventus-Salernitana | La sintesi“. 2024-01-04.
- ↑ „Miretti in prestito al Genoa“. 25 август 2024. Занемарен непознатиот параметар
|accesso=
(се препорачува|access-date=
) (help) - ↑ „Fabio Miretti è un giocatore del Genoa“. 25 август 2024. Посетено на 26 август 2024.
- ↑ 29,0 29,1 29,2 29,3 „Convocazioni e presenze in campo“. Посетено на 1 мај 2022.
- ↑ 30,0 30,1 Во плејофот.