Џанкарло Берчелино

италијански фудбалер

Џанкарло Берчелино (италијански: Giancarlo Bercellino; роден на 9 октомври 1941, во Гатинара) — поранешен италијански фудбалски тренер и фудбалер, играч од одбраната.

Џанкарло Берчелино
Лични податоци
Роден на 9 октомври 1941(1941-10-09)(82 г.)
Роден во Гатинара, Италија
Држава Италија Италија
Висина &100000000000001830000001,83 м
Играчки податоци
Позиција одбрана
Повлекување 1970 (30 години) - како играч
Младинска кариера
Боргосезија Боргосезија
Јувентус Јувентус
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1960–1969 Јувентус Јувентус 154 (10)
1960–1961Алесандрија Алесандрија 36 (2)
1969–1970 Бреша Бреша 22 (0)
Репрезентација
1963 Италија Италија 21 6 (1)
1965–1968 Италија Италија 6 (0)
Раководител на екипите
1978 Гатинара
1978–1980 Боргосезија Боргосезија
1980–1982 Косатезе
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 21 октомври 2019.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 21 октомври 2019

Тој бил Европски шампион со италијанската репрезентација на првенството во 1968 година.

Џанкарло Берчелино понекогаш се среќава и како Берчелино I за да се разликува од неговиот брат Силвино, кој исто така бил фудбалер.[1]

Животопис уреди

Тој е син на Терезио Берчелино, фудбалер кој играл во Серија А кон крајот на 1930-тите години.

Клупска кариера уреди

 
Берчелино во дресот на Јувентус во сезоната 1965-1966.

Тој ја започнал својата кариера под водството на неговиот татко Терезио, кој во тој период бил тренер на Боргосезија. Сепак, три години подоцна тој бил забележан од скаути на Јувентус, и бил ангажиран од страна на клубот од Торино. Својата професионална кариера ја започнал на позајмица во Алесандрија, во Серија Б, во сезоната 1960-1961, додека веќе следната година се нашол во почетната постава на Јуве во Серија А, забележувајќи го своето деби на 27 август 1961 година во ремито 1-1 со Мантова.

Тој останал во Јувентус до 1969 година, правејќи впечатливо партнерство во центарот на одбраната заедно со Ернесто Кастано. Во август 1965 година, тој го освоил својот прв трофеј со клубот, Купот на Италија. Две години подоцна, на крајот на сезоната 1966-1967 тој го освоил своето прво и единствено скудето.

Во 1969 година Берчелино се преселил во Бреша, а во ноември 1970 година клубот се договорил со Лацио за позајмица на играчот, кој сепак никогаш не го облекол "бјанкочелестиот" дрес заради разни договорни проблеми и проблеми со членството; тој се посветил на семејниот бизнис и ја завршил својата фудбалска кариера на возраст од 30 години.

Потоа, сепак тој се вратил во фудбалот и бил тренер на неколку аматерски клубови во Пиемонт.

Репрезентативна кариера уреди

Своето деби за италијанската репрезентација, Берчелино го направил на 1 мај 1965 година во победата со 4-1 над Велс во пријателски натпревар. Потоа тој одиграл неколку натпревари во квалификациите за Европското првенство 1968. Конечно, тој бил меѓу играчите повикани од страна за селекторот Валкареџи за самото Европско првенство 1968 година на кое Италија била шампион. Тој одиграл само еден натпревар на турнирот во полуфиналето против СССР кое по 120 минути игра без постигнат гол (0-0) на крајот Италија го добила после фрлање на паричка.

Хронологија на репрезентативни настапи уреди

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Италија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
1-5-1965 Фиренца Италија   4 – 1   Велс Пријателска -
1-11-1967 Козенца Италија   5 – 0   Кипар Квал. за Евро 1968 -
18-11-1967 Берн Швајцарија   2 – 2   Италија Квал. за Евро 1968 -
23-12-1967 Каљари Италија   4 – 0   Швајцарија Квал. за Евро 1968 -
6-4-1968 Софија Бугарија   3 – 2   Италија Квал. за Евро 1968 -
5-6-1968 Неапол Италија   0 – 0 прод.   Советскиот Сојуз Евро 1968 - Полуфинале -
Вкупно Настапи 6 Голови 0

Титули уреди

Клупски уреди

  Јувентус уреди

1966-1967
1964-1965

Репрезентативни уреди

  Италија уреди

1968

Наводи уреди

  1. Marco Sappino (ноември 2000). Dizionario del calcio italiano. 1. Baldini & Castoldi. стр. 69.

Надворешни врски уреди