Резервен тим
Во тимските спортови, „резервниот тим““ или „вториот тим“ попрецизно, е вториот тим организиран од страна на некој спортски клуб за да играат резерви, најчесто млади играчи или спортисти кои треба да се опорават од повреди.
Резервниот тим, за разлика од првиот тим, обично игра во минорни првенства.
Дефиниција
уредиВо некои национални првенства, овој тим игра официјални натпревари во професионални пониски лиги од оние во кои се наоѓа првиот тим, а не во младинските категории. Дел од резервниот тим можат да бидат, играчи под договор кои не надминале одредена старосна граница и често овие тимови се „домаќини“ на играчи од првиот тим кој се враќаат од повреда и кој треба да му овозможат на играчот да се врати во врвна состојба.
За да се избегнат можни договори и местенки, во многу случаи резервните тимови не се примаат како учесници во националните купови.
Фудбал
уредиФранција
уредиКлубовите од првите три нивоа на француското првенство, Лига 1, Лига 2 и Националното првенство, можат да регистрираат резервен тим во Националното првенство 2 доколку клубот има младинскиот сектор, или во Националното првенство 3 ако не. Ограничувањето за Национално првенство 3, исто така, се применува ако првиот тим испадне во Националното првенство 2.
Исто така, резервните тимови не можат да се натпреваруваат во Купот на Франција.
Германија
уредиСите клубови во земјата имаат право да формираат резервен тим составен од играчи помлади од 23 години, со тоа што на секој резервен тим му се додава римски број II во името (на пример, Баер Леверкузен II). Резервните тимови на клубовите од Бундеслигата и 2. Бундеслига мора да бидат регистриран најмалку две дивизии подалеку од првиот тим (со автоматско испаѓање во случај на испаѓање на првиот тим) и во првенство не повисоко од 3. лига, додека на клубовите од 3. лига им е дозволено да учествуваат во Оберлига, четвртата германска дивизија.[1]
Почнувајќи од 2008 година, резервните тимови не можат да се натпреваруваат во Купот на Германија и секое освоено место на теренот автоматски се доделува на следниот тим во поредокот.
Наводи
уреди- ↑ „Spielordnung“ (PDF) (германски).