Single Ladies (Put a Ring on It)
„Single Ladies (Put a Ring on It)“ е песна од американската пејачка Бијонсе Ноулс. Издадена е преку Columbia Records со „If I Were a Boy“ како дупла А-страна и водечки сингл од нејзиниот трет студиски албум, I Am... Sasha Fierce, на 12 октомври, 2008. Песните биле издадени за да го демонстрираат контрастот меѓу двете спротивставени личности на Ноулс. „Single Ladies“ била инспирирана од тајниот брак на Ноулс и Џеј-Зи во април, 2008.
„Single Ladies (Put a Ring on It)“ | |||||
---|---|---|---|---|---|
Сингл од Бијонсе | |||||
од албумот I Am... Sasha Fierce | |||||
Страна А | „If I Were a Boy“ | ||||
Издаден | октомври 12 2008 | ||||
Текстописец | Бијонсе Ноулс, Кук Харел, Кристофер Стјуарт, The-Dream | ||||
Формат | ЦД сингл, музичко спуштање, | ||||
Снимен | 2008, Бум Бум Собата (Бурбанк, Калифорнија) | ||||
Жанр | Р&Б, денс-поп | ||||
Должина | 3:13 | ||||
Издавачка куќа | Columbia | ||||
Продуцент | Кристофер Стјуарт, The-Dream | ||||
Хронологија на синглови на Бијонсе | |||||
| |||||
Музичко видео | |||||
„Single Ladies (Put a Ring on It)“ на YouTube |
Компонирана од Кристофер Стјуарт, The-Dream, Кук Харел и Ноулс, „Single Ladies“ е денс-поп и Р&Б песна со денсхал и баунс влијанија, а текстот наведува на брак. „Single Ladies“ добила позитивни критики за нејзиниот привлечен ритам и темата за женско подобрување; некои критичари забележале случajни сличности со синглот на Ноулс од 2007, „Get Me Bodied“. Песната била именувана како најдобар сингл од 2008 од неколку медиуми; Роулинг Стоун ја рангирал песната на првото место на списокот на Најдобри 100 Синглови од 2008. „Single Ladies“ освоил многу награди, вклучувајќи ги Песна на Годината на 52рите Греми Награди.
„Single Ladies“ бил комерцијално добро прифатен сингл во САД и се искачил на првото место на Билборд Хот 100. Добил четвородупла платинеста сертификација од Снимачката Индустриска Асоцијација на Америка (RIAA), со продадени 4.2 милиони дигитални спуштања во САД.[1] Бил успешен и интернационално; „Single Ladies“ се искачил во првите десет песни на табелите за синглови во Австралија, Бразил, Канада, Ирска, Италија, Нов Зеланд, Холандија, Шпанија и Обединетото Кралство. Синглот добил мулти-платинеста сертификација во многу од овие држави. Од ноември, 2009, „Single Ladies“ продал повеќе од 6.1 милиони копии ширум светот.[2]
Видеото за песната, режирано од Џејк Нава, е снимено во црно-бела техника. Добило голем успех, благодарение на кореографијата која била инспирирана од „Мексикански Доручек“, рутина од 1969 направена од Боб Фосе. Танцувачката рутина на „Single Ladies“ предизвикала многу имитации и пародии од мажи и жени ширум светот, вклучувајќи ги Претседателот во САД Барак Обама и поп пејачите Џастин Тимберлејк и Џо Џонас. Според Торонто Стар, музичкото видео ја започнало „првата поголема танцувачка лудост“ на интернет ерата.[3] Видеото освоило неколку награди, вклучувајќи Видео на Годината на МТВ Видео Музичките Награди од 2009. Песната била промовирана од Ноулс неколкупати за време на нејзините настапи во живо и на телевизиски емисии како Шоуто на Елен ДеГенрес, на церемонии за награди и на нејзината светска I Am... Турнеја. „Single Ladies“ била преработена од Кети Пери и многу други и била искористена во многу телевизиски емисии и други медиуми.
Позадина и издавање
уреди„Single Ladies (Put a Ring on It)“ била напишана од Бијонсе Ноулс, The-Dream, Кук Харел и Кристофер Стјуарт, а продуцирана од The-Dream и Стјуард.[4] Јајсен Џошуа и Дејв Пенсадо го правеле миксингот на песната со помош на Ренди Урбански и Ендру Вуепер.[4] Сепојавува на вториот диск од I Am... Sasha Fierce бидејќи Ноулс го покажува своето алтер его, Саша Фирс, во песната.[5] The-Dream откриел дека неговата главна инспирација за песната била свршувачката на Ноулс со Џеј-Зи.[6] Нивната свадба, одржана во април, 2008, на почетокот била тајна.[7] „Single Ladies“ била снимена подоцна истиот месец во студио наречено Бум Бум Собата во Бурбанк, Калифорнија.[4][6] Според Стјуарт, песната била „единствената јавна изјава дека [Ноулс и Џеј-Зи] се венчале...кога отидовме во студиото таа немаше ниту прстен, ниту нешто друго и поради тоа тие сè уште ја криеја [венчавката]. Оттука Дрим го доби концептот“.[6] Зборувајќи за бракот, The-Dream рекол, „Помислив дека е предмет за кој многу жени сакаат да зборувааат, дека ние мажите се плашиме да се врзаме“.[6] Во интервју со Билборд, Ноулс ги објаснила причините поради кои ја снимила песната:
„Јас секогаш прбував да избирам песни и синглови кои се дел од поп културата, дел од работите за кои луѓето се страсни и сакаат да разговараат за нив. 'Single Ladies (Put a Ring on It)' е забрзана песна која е смепна. Но, исто така тоа е нешто што жесните го прават секојдневно.“[8]
Одбрани да бидат двата водечки синглови од I Am... Sasha Fierce, „Single Ladies (Put a Ring on It)“ и „If I Were a Boy“ биле издадени еден по друг за да го демонстрираат концептот на двобојот меѓу двете личности на Ноулс.[9] Ова ја засилило темата на албумот, што се постигнало со ставање на баладите и побрзите песни на различни дискови.[10] Синглот за првпат бил шрикажан на радијата во САД на 8 октомври, 2008;[11] „Single Ladies“ исто така бил прикажан не мејнстрим радијата во Њујорк, Power 105.1.[12] Двата сингла биле испратени до современите ритмички радија на 12 октомври, 2008,[13] и „Single Ladies“ бил исто така испратен до урбаните радија истиот ден.[14] Песната била издадена како дупла A-страна со „If I Were a Boy“ на 7 ноември, 2008 во Австралија,[15] Нов Зеланд,[16] и Германија.[17] Денс ремиксовите на песната биле овозможени во САД на 10 февруари, 2009,[18] и во Европа на 16 февруари, 2009.[19] „Single Ladies“ не бил оригинално издаден како сингл во Обединетото Кралство; сепак, песната станала многу популарна таму и се искачила меѓу првите десен на Бритнаската Табела за Синглови според спуштањата на песната од албумот.[20] На 16 февруари бил издаден ЦД сингл со денс ремиксови за дигитално спуштање.[21][22]
Композиција
уредиПроблеми со пуштањето? Помош. |
„Single Ladies (Put a Ring on It)“ е забрзана[9] денс-поп и Р&Б песна,[23] поставена во вообичаено време.[24] „Single Ladies“ користи денсхал и баунс влијанија;[6][25] користи и баунс-засновани удари со раце.[26][27] Според листот со музика објавен на Musicnotes.com од Alfred Music Publishing, песната е напишана во скалата Е-дур со брз ритам од 96 удари во минута. Вокалите на Ноулс се протегаат од F♯33 до D5.[24] Има базична акордна прогресија од Em–C–Em во стиховите и Em–C–Am–C–Am во рефренот.[24] „Single Ladies“ содржи музички сличности со синглот од 2007 на Ноулс „Get Me Bodied“; Енди Келман од Allmusic ја нарекол „Single Ladies“ еден вид на „враќање“ на таа песна.[28]
„Пораката на песната е збунувачка: девојка само што се разделила од лош маж оди да го слави тоа со нејзината екипа. Таа си наметнува нов маж, но стариот сè уште ја гледа и песната е наменета на него. 'Ако го сакаш тогаш треба да ставиш прстен на него,' е музичката идеја на песната и текстот открива дека тоа е она што пејачката навистина го сака: момчето да стане принц и да ја грабне, носејќи ја до 'иднина, бесконечност и подалеку' ... Шармантниот Принц останал таму како втората главна личност во романтичната комедија, додека Бијонсе го остава новото момче—и ритамот и позадинските пејачки—ја понесуваат надвор од нејзините нозе.“
Во „Single Ladies“, Ноулс ја нагласува својата поагресивна сензуална страна, нејзиното алтер его „Саша Фирс“.[30] Шесната била споредувана со песните од училишните дворови,[31][32] и биле наречени идни „позадински вокали“.[33] Рефренот содржи неколку музички идеи.[27] Даниел Брокман од The Phoenix го забележала користењето на „матни заменки“ како заменката „тоа“ која има флагрантна сличност со хитот на Ноулс од 2005 „Check on It“.[34] Придружена со роботски звуци, многу од отворачките линии на песната се во вид на повик и на одговор,[29][35] и Ноулс и Ноулс покажува значителен износ на став во нејзиниот глас.[20]
Грег Кот од Chicago Tribune почувствувал дека текстот прикажува ситуации по раскинување,[36] забележувајќи ги линиите на музичката идеја: „Ги исплакував моите солзи три долги години / Не можеш да ми се лутиш мене / Ако го сакаш тоа треба да ставиш прстен на него“.[29][36] Во песната Ноулс ѝ нуди поддршка ма жема која штотују заврпила со лоша врска;[37] Ен Пауерс од Лос Анџелес Тајмс забележала дека темата на песната се однесува на женско подобрување како продолжување на онаа на „Irreplaceable“ (2006).[29] Според Дејли Мејл, Ноулс „ги повикува жените да им раскинат на своите момчиња ако тие не ги запросат“.[38] Триш Крафорд од Торонто Стар го нарекол тонот на песната „силен и за женско подобрување“,[3] додека другите музички критичари го забележале апело на Ноулс до нејзините обожаватели да бидат независни жени.[29][39]
Критички прием
уреди„Single Ladies“ добил позитивни одговори од музичките критичари, кои ја пофалиле привлечната музичка идеја и темата за женско подобрување. Енди Келман од Allmusic забележал дека песната е една од оние кои се одделуваат од I Am... Sasha Fierce и забележал сличности со „Get Me Bodied“.[28] Михеланџело Матос од The A.V. Club напишал дека песната е „прекрасна, со сјајна продукција, добра музичка идеја и битови кои ќе траат со недели.“[40] Алексис Петридис од The Guardian рекла дека песната е „навистина возбудувачка.“[32] Ник Левин од Digital Spy напишал дека Ноулс „служи како чесен појас“ и ја пофалил продукцијата на Стјуарт и The-Dream, а посебо за ритамот на песната.[20] Колин Мекгуир од PopMatters ја пофалил „Single Ladies“ како една од најдобрите денс песни на Ноулс.[25] Во прегледот на I Am...Sasha Fierce, Дерил Стердан од Jam! рекол дека песната е вредна за сингл и напишал дека е „тон што всуштност звучи како Бијонсе.“[27]
Леја Гренблат од списанието Entertainment Weekly напишала дека „Single Ladies“ е „висок хибрид од лирско збогување“.[41] Даниел Брокман од The Phoenix го пофалил користењето на зборот „тоа“ и напишал дека техниката „ја сумира поделбата на музичките личности многу повеќе од дуплиот диск [на албумот].“[34] Нана Екуанамед од The Village Voice ја одбрала песната како една од најдобрите на албумот.[35] Ен Пауерс од Лос Анџелес Тајмс бил импресиониран од продукцијата на песната и го пофалил рефренот на песната. „Повќе од која било женска пејачка, Ноулс ја разбира фанки уметноста на ритмичкото пеење и ова е еден пример,“ додал Пауерс.[29] Спенс Д. од IGN Music ја опишал „Single Ladies“ како „Карибски талент и славење кое ќе ги натера слушачите да ракоплескаат и да ги кршат враттовите.“[42] За разлика од него, Мариел Консепшон од магазинот Билборд не бил импресиониран од песната нарекувајќи ја „стандардна“.[43] Адам Матера од The Observer коментирал дека „Single Ladies“ и „Diva“, третиот сингл од I Am... Sasha Fierce, може да стане извор за инспирација на транвеститите, додека другите може да ги остави збунети.[39]
Признанија
уредиРоулинг Стоун ја нарекол „Single Ladies (Put a Ring On It)“ најдобра песна од 2008 и напишал, „Ритамот, благодарени на The-Dream и Трики Стјуарт, е неодлоив и темпераментен, вокалната идеја е бурна и виртуозна.“[44] Дополнително магазинот ја рангирал „Single Ladies“ второто место на списокот на најдобри песни од 2000-тите во анкета на читателите од 2009,[45] и критичарите на Роулинг Стоун ја сместиле песната на педесеттото место на списокот на 100 Најдоби Песни на Декадата.[46] „Single Ladies“ била сместена на второто место на списокот на MTV „Најдобрите Песни од 2008“; Џејмс Монтгомери ја нарекол „хиперактивна и супер наоружана на начин за кој мислев дека е невозможен. Песната е епска и секси, па дури и малку тажна.“[47] „Апсолутно шансите Бијонсе да издаде ваков сингл повторно се нула“ заклучил Монтгомери.[47] Критичарот од Тајм Џош Тирангиел, кој ја нарекол песната „смешно заразна“, ја рангирал како седма најдобра песна од 2008.[48] „Single Ladies“ била сместена на првото место за Песна на Годината од Fuse TV во 2008.[49] Се појавила н шестото место на списокот од критичарите на Eye Weekly за Најдобра Песна од 2008.[50] Марк Едвард Неро од About.com ја рангирал на шестото место за најдобра Р&B песна од 2008.[51] Сара Родман, пишувајќи за The Boston Globe, nја нарекла „Single Ladies“ четвртата „најодолива песна“ на деценијата и изјавила, „Детето на иднината комбинираше трикоа со свршувачки-станувајќи едно секси парче. Видеото направи цел свет фа танцува и да се вее преку Јутуб.“[52] Песната била најдобра песна од 2000тата деценија на Black Entertainment Television.[53]
„Single Ladies“ добила многу награди и номинации по нејизиното издавање. Добила Песна на Годината, Најдобра Р&Б Песна, и Најдобра Женска Р&Б Вокална Изведба на 52рите Греми Награди.[54] Освоила награда за „Омилена Песна“ на 2009 Kids' Choice Awards,[55] „Песна на Годината“ на 2009 Soul Train Music Awards,[56] и „Најдобра Р&Б Песна“ на 2009 Teen Choice Awards.[57] Песната добила номинации во категориите за „Најдобра Песна“ на 2009 NAACP Фотографски Награди[58] и за „Снимка на Годината“ на 2009 Premios Oye! Наградите.[59] Била номинитана за „Снимка на Годината“ на 2009 Soul Train Музичките Награди,[56] „Награда за Избор на Гледачите“ на 2009 BET Awards,[60] „Најдобра Р&Б/Урбана Денс Песна“ на 2009 Интернационални Денс Музички Награди,[61] и „Светски Најдобар Сингл“на 2010 Светски Музички Награди.[62]
Комерцијален успех
уредиНа 13 декември, 2008, „Single Ladies“ станала петтиот соло број-еден сингл на Ноулс на табелата Билборд Хот 100,[63] изедначувајќи ја со Паула Абдул и Дијана Рос на петтото место на списокот на женски артисти со најмногу број-еден хитови.[64] Синглот за првпат се искачил на седумдесет и второто место на Билборд Хот 100 на 1 ноември, 2008.[65] На 6 декември, 2008, шесната се издигнала од дваесет и осмото место на второто место на Хот 100 табелата, што било предизвикано од првото искачување на табелата Хот Дигитални Песни, продавајќи 204,000 дигитални спуштања.[66] „If I Were a Boy“ бил на третото место на Хот 100 табелата истата недела и со тоа Ноулс станала седмиот женски артист во САД кој имал две песни на првите пет позиции.[67] Следната недела, „Single Ladies“ стигнал до првото место на Хот 100 табелата, продавајќи 228,000 диигитални примероци.[63] Песната останала на врвот четири непоследователни недели.[68] Во четвртата недела, дигиталните спуштања на песната се зголемиле за 157 проценти, продавајќи 382,000 копии—неговата најдобра недела на продажби.[68] На 15 јануари, 2009, песната се поместила на првото место на Хот 100 Ерплеј табелата 147.3 милиони имресии од слушачите таа недела.[69] Поминала дванаесет недели на првото место на табелата Хот Р&Б/Хип-Хоп Песни.[70] „Single Ladies“ исто така го зазела врвот на табелите за Поп Песни[71] и Хот Денс Клуб Песни,[72] и го преминала второто место на Поп 100 табелата.[73] Песната допила четири-дупла сертификација од Снимачката Индустриска Асоцијација на Америка (RIAA),[74] со 4.2 милиони дигитални продажби во САД од август, 2010.[1]
Интернационално, песната за првпат влегла во табелата за Канадски Хот 100 песни на осумдесет и првото место на 29 ноември, 2008.[75] На 24 јануари, 2009, деветтата помината недела на табелата, се поместила на второто место и тоа станало нејзината највисока позиција;[76] подоцна добила дупла платинеста сертификација од Канадската Музичка Индустриска Асоцијација (CRIA).[77] Во Британија, „Single Ladies“ се искачила на седмото место и поминала седумдесет и две недели на табелата.[78] Се искачила на првото место на ОК Р&Б Табелата, поместувајќи ја „If I Were a Boy“ од тоа место.[79] „Single Ladies“ подоцна добила златна сертификација од Британската Фонографска Индустрија (BPI).[80] На ирската табела песната се искачила на четвртото место и поминала дваесет недели на табелата, додека на јапонската табела стигнала до дваесет и петтото место.[81] Во Австралија, највисоката позиција на „Single Ladies“ била петтата на ARIA Табелите,[82] и добила тродупла платинска сертификација од Австралиската Музичка Индустриска Асоцијација (ARIA).[83] Синглот се искачил и на второто место на Новозеландската табела,[82] и добил платинеста сертификација од Музичката Индустриска Асоцијација на Нов Зеланд (RIANZ).[84] „Single Ladies“ се појавила на неколку табели во Европа, а највисоката позиција на табелата за Европски Хот 100 Синглови била дваесеттата.[85] Се искачила меѓу првите десет во Холандија, Италија и Шпанија и меѓу првите четириесет на двете Белгиски територии (Фландрија и Валонија), како и во Унгарија, Норвешка, Шведска и Швајцарија.[82][86] Од ноември, 2009, „Single Ladies“ продала 6.1 милиони копии ширум светот.[2]
Музичко видео
уредиЗаднина
уредиМузичкото видео за „Single Ladies“ било снимено веднаш по „If I Were a Boy“ за да се прикаже концептот на спротивните личности на Ноулс.[30] Видеото добило помало внимание отколку „посјајното и подоброто видео“ за „If I Were a Boy“.[87] Снимањето на видеото траело дванаесет часа.[8] Двете видеа се снимени во црно-бела техника во Њујорк и биле режирани од Џејк Нава, со кого Ноулс работела на нејзините претходни музички видеа вклучувајќи ги и оние за „Crazy in Love“ и „Beautiful Liar“.[88] Кореографијата на „Single Ladies“ ја правеле Френк Гатсон и ЖаКел Најт.[30][89] Ноулс за првпат го прикажала видеото на емисијата Total Request Live на MTV на 13 октомври, 2008.[9] Видеата исто така биле вклучени на ремикс албумот на Ноулс со видеографија наречен Above and Beyoncé,[90] како и на платинското издание на I Am... Sasha Fierce.[91]
Концепт
уредиНоулс ѝ кажала на Симон Возик-Левинсон од The Sunday Times дека инспирацијата зад видеото била рутината на Боб Фозе од „Мексикански Доручек“ (1969) прикажана на Шоуто на Ед Суливан во кое е прикажана жената на Фозе, Гвен Вердон, како танцува со уште две жени.[92]
Формати и списоци на песни
уреди
|
|
Кредити и личности
уредиКредитите преземени од долните забелешки на албумот I Am... Sasha Fierce.[4]
|
|
Табели и сертификации
уреди
Неделни табелиуреди
|
Годишни табелиуреди
Декадни табелиуреди
|
Сертификации
уредиДржава | Доделувач | Сертификација |
---|---|---|
Австралија | ARIA | 3× Платина[83] |
Канада | CRIA | 2× Платина[77] Платина (MT)[77] |
Данска | IFPI | Злато[127] |
Нов Зеланд | RIANZ | Платина[84] |
Шпанија | PROMUSICAE | Платина[128] |
Обединето Кралство | BPI | Злато[80] |
САД | RIAA | 4× Платина[74] Платина (MT)[129] |
Историја на издавање
уредиДржава | Датум | Формат | Куќа |
---|---|---|---|
САД | 12 октомври, 2009 | Ритмичко современо радио[13] Урабно современо радио[14] |
Columbia, Music World |
Австралија[15] | 7 ноември, 2008 | ЦД сингл, дигитално спуштање | Sony BMG |
Нов Зеланд[16] | |||
Германија[17] | |||
САД[18] | 10 февруари, 2009 | Денс ремиксови | Columbia, Music World |
Австрија[130] | February 16, 2009 | Sony Music | |
Белгија[94] | |||
Канада[131] | |||
Данска[132] | |||
Финска[133] | |||
Франција[134] | |||
Ирска[135] | |||
Италија[136] | |||
Мексико[137] | |||
Холандија[138] | |||
Норвепка[139] | |||
Португалија[140] | |||
Шпанија[141] | |||
Шведска[19] | |||
Швајцарија[142] | |||
Обединето Кралство[21][143] | Columbia, Music World | ||
Обединето Кралство[22] | ЦД сингл | RCA Records |
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Grein, Paul (August 6, 2010). „Chart Watch Extra: Top 20 Songs In Digital History“. Yahoo! Music. Yahoo!. Посетено на December 21, 2010.
- ↑ 2,0 2,1 „Digital Music Sales Around The World“ (PDF). International Federation of the Phonographic Industry. January 21, 2010. стр. 10. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-02-22. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ 3,0 3,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеStar
. - ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 Knowles, Beyoncé (2008). I Am... Sasha Fierce (Deluxe Edition Compact Disc liner notes)
|format=
бара|url=
(help) (Media notes). Burbank, California: Columbia Records. стр. 12. Занемарен непознатиот параметар|albumlink=
(help); Занемарен непознатиот параметар|publisherid=
(help); Занемарен непознатиот параметар|artist=
(се препорачува|others=
) (help) - ↑ Montgomery, James (December 15, 2008). „Britney? Beyonce? Who Is MTV News' Woman Of The Year? The Countdown Begins Today!“. MTV News. Viacom. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 Herndon, Jessica (January 1, 2010). „Inside Story: The Making of Beyoncé's 'Single Ladies'“. People. Time Inc. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ Helling, Steve (April 22, 2008). „Beyoncé and Jay-Z File Signed Marriage License“. People (magazine). Time Inc. Посетено на April 23, 2008.
- ↑ 8,0 8,1 Mitchell, Gail (October 2, 2009). „Beyonce: The Billboard Q&A“. Billboard. Nielsen Business Media. Посетено на December 23, 2010.
- ↑ 9,0 9,1 9,2 Vineyard, Jennifer (October 13, 2008). „Beyonce's Very Different New Videos: One Has Dancing, One Has Relationship Problems“. MTV News. Viacom. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ Vineyard, Jennifer (October 23, 2008). „Beyonce Album Preview: I Am... Sasha Fierce Shines Light On B's Alter Ego“. MTV News. Посетено на May 17, 2011.
- ↑ Vineyard, Jennifer (October 8, 2008). „Beyoncé Releases Two Tracks From I Am... , Inspired By Jay-Z And Etta James“. MTV News. Viacom. Посетено на April 15, 2011.
- ↑ Tapper, Christina (October 8, 2008). „Beyoncé's Double Debut“. People. Time Inc. Архивирано од изворникот на 2011-01-08. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ 13,0 13,1 „Going for Adds – Rhythmic“. Radio & Records. October 12, 2008. Архивирано од изворникот на 2014-03-15. Посетено на April 15, 2011.
- ↑ 14,0 14,1 „Going for Adds – Urban“. Radio & Records. October 12, 2008. Архивирано од изворникот на 2013-05-28. Посетено на April 15, 2011.
- ↑ 15,0 15,1 15,2 „If I Were a Boy – Single“. iTunes Store. Apple Inc. Посетено на December 20, 2010.
- ↑ 16,0 16,1 16,2 „If I Were a Boy – Single“. iTunes Store. Apple Inc. Посетено на April 15, 2011.
- ↑ 17,0 17,1 17,2 „If I Were a Boy [Single]“ (германски). Amazon.de. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ 18,0 18,1 18,2 „Single Ladies (Put A Ring On It) Dance Remixes“. Amazon.com. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ 19,0 19,1 „Single Ladies (Put a Ring on It) – Dance Remixes – EP“. iTunes Store. Apple Inc. Посетено на April 15, 2011.
- ↑ 20,0 20,1 20,2 Levine, Nick (February 16, 2009). „Beyoncé: 'Single Ladies'“. Digital Spy. Hachette Filipacchi. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ 21,0 21,1 21,2 „Single Ladies (Put A Ring On It) – Dance Remixes“. Amazon.co.uk. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ 22,0 22,1 „Single Ladies (Put a Ring on It) [Single]“. Amazon.co.uk. Архивирано од изворникот 2009-04-01. Посетено на 2011-06-12.
- ↑ Guerra, Joey (November 17, 2008). „Album Review: Beyonce I Am... Sasha Fierce“. Houston Chronicle. Hearst Corporation. Посетено на January 16, 2011.
- ↑ 24,0 24,1 24,2 „Single Ladies (Put a Ring on It) Sheet Music“. Musicnotes.com. Alfred Music Publishing. Посетено на May 26, 2011.
- ↑ 25,0 25,1 McGuire, Colin (February 6, 2009). „Beyoncé: I Am... Sasha Fierce“. PopMatters. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ Greenblatt, Leah (October 8, 2008). „I Am...Sasha Fierce (2008)“. Entertainment Weekly. Time Inc. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ 27,0 27,1 27,2 Sterdan, Darryl (November 18, 2008). „Album Review: Beyonce I AM...SASHA FIERCE“. Jam!. Sun Media. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ 28,0 28,1 Kellman, Andy. I Am...Sasha Fierce — AllMusic (англиски)посет. December 15, 2010 г
- ↑ 29,0 29,1 29,2 29,3 29,4 29,5 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеlati
. - ↑ 30,0 30,1 30,2 Cairns, Dan (May 10, 2009). „YouTube plays part in Beyoncé Knowles' life“. The Times. UK: Time Inc. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ Cinquemani, Sal (November 12, 2008). „I Am... Sasha Fierce“. Slant Magazine. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ 32,0 32,1 „Pop review: Beyoncé, I Am... Sasha Fierce“. The Guardian. UK. November 14, 2008. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ Freedom du Lac, J. (November 18, 2008). „Beyoncé's More Fun When She's 'Fierce'“. The Washington Post. The Washington Post Company. Посетено на January 15, 2011.
- ↑ 34,0 34,1 Brockman, Daniel (December 2, 2008). „Beyonce – I Am...Sasha Fierce“. The Phoenix. Phoenix Media/Communications Group. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ 35,0 35,1 Brew-Hammond, Nana Ekua (December 17, 2008). „On the Method Behind Beyoncé's Multiple-Personality Madness“. The Village Voice. Village Voice Media. Архивирано од изворникот на 2015-01-26. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ 36,0 36,1 Kot, Greg (November 16, 2008). „Beyonce's 'Sasha Fierce' places blame for women's pain on men“. Chicago Tribune. Tribune Company. Посетено на January 16, 2011.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеbilly
. - ↑ „Princess Charming: Beyonce channels the spirit of Adam Ant for head-banging World Music Awards performance“. Daily Mail. Associated Newspapers Ltd. December 17, 2008. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ 39,0 39,1 Mattera, Adam (November 9, 2008). „Review: I Am Sasha Fierce“. The Observer. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ Matos, Michaelangelo (November 17, 2008). „I Am... Sasha Fierce“. The A.V. Club. Onion, Inc. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ Greenblatt, Leah (November 5, 2008). „I Am...Sasha Fierce (2008)“. Entertainment Weekly. Time Inc. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ Spence, D. (November 22, 2008). „Beyonce – I Am... Sasha Fierce: The two sides of Ms. Knowles fight for your attention“. IGN. News Corporation. Архивирано од изворникот на 2011-06-28. Посетено на January 15, 2011.
- ↑ Taylor, Chuck (October 17, 2008). „Billboard singles reviews: Beyonce, Britney“. Thomson Reuters. Reuters. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ „The 100 Best Singles of 2008“. Rolling Stone. Jann Wenner. December 25, 2008. Архивирано од изворникот 2009-01-13. Посетено на April 17, 2011.
- ↑ „Green Day – Green Day Top Rolling Stone Decade-End Readers Poll“. Contactmusic.com. December 9, 2009. Архивирано од изворникот на 2009-12-13. Посетено на December 22, 2010.
- ↑ „100 Best Songs of the Decade“. Rolling Stone. Jann Wenner: 78. January 23, 2010. ISSN 0035-791X.
- ↑ 47,0 47,1 Montgomery, James (December 10, 2008). „The Best Songs Of 2008, In Bigger Than The Sound“. MTV News. Viacom. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ Tyrangiel, Josh (November 3, 2008). „The Top 10 Everything of 2008 7.Beyonce – Single Ladies (Put a Ring on It)“. Time. Time Inc. Архивирано од изворникот на 2011-02-09. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ „Beyonce – Single Ladies (Put a Ring on It)“. Fuse TV. Madison Square Garden, Inc. December 19, 2008. Архивирано од изворникот 2009-11-19. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ Carraway, Kate (January 14, 2009). „Best Singles of 2008“. Eye Weekly. Torstar. Архивирано од изворникот на 2011-11-20. Посетено на April 16, 2011.
- ↑ Nero, Mark Edward. „20 Best R&B Songs of 2008“. About.com. The New York Times Company. Посетено на December 30, 2010.
- ↑ Rodman, Sarah. „The decade's most irresistible singles“. The Boston Globe. Посетено на January 16, 2011.
- ↑ „Best Songs of the 2000s“. Black Entertainment Television. Архивирано од изворникот на 2009-12-18. Посетено на April 16, 2011.
- ↑ „Grammy Awards: List of Winners“. The New York Times. January 31, 2010. Посетено на March 22, 2011.
- ↑ Nickelodeon (30 март 2009). "Nickelodeon Kids' Choice Awards 2009". Соопштение за печат. посет. 22 април 2011 г
- ↑ 56,0 56,1 „2009 Soul Train Music Award“. Rap-Up. Devin Lazerine. November 4, 2009. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ Fowler, Brandi (August 10, 2009). „Twilight Takes a Bite Out of Teen Choice Awards“. E!. Архивирано од изворникот 2011-04-05. Посетено на April 5, 2011.
- ↑ „The 40th NAACP Image Awards – Recording Categories“. NAACP Image Awards. 2009. Архивирано од изворникот на 2011-03-01. Посетено на March 1, 2011.
- ↑ „Premios Oye! 2009“. Premios Oye!. Архивирано од изворникот на 2011-04-22. Посетено на April 22, 2011.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеbet
. - ↑ „Final Ballot“. Winter Music Conference. 2009. Архивирано од изворникот на 2009-02-04. Посетено на 2011-06-26.
- ↑ „World Music Awards 2010“. World Music Awards. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ 63,0 63,1 Cohen, Jonathan (December 4, 2008). „Beyonce Assumes Control Of Hot 100“. Billboard. Prometheus Global Media. Посетено на December 16, 2010.
- ↑ Trust, Gary (March 18, 2010). „Chart Beat Thursday: Rihanna, Ludacris, Timbaland“. Billboard. Prometheus Global Media. Посетено на December 23, 2010.
- ↑ „Hot 100“. Billboard. Nielsen Business Media. November 1, 2008. Посетено на December 11, 2010.
- ↑ Jenson, David (November 30, 2008). „Beyoncé: I Am... Bigger Than Nickelback, David Cook“. New Sabah Times. Архивирано од изворникот на 2011-09-30. Посетено на December 17, 2010.
- ↑ Cohen, Jonathan (November 27, 2008). „T.I. Fends Off Beyonce, Remains Atop Hot 100“. Billboard. Nielsen Business Media. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ 68,0 68,1 Cohen, Jonathan (January 1, 2009). „Beyonce Starts 2009 Atop The Hot 100“. Billboard. Nielsen Business Media. Посетено на December 16, 2010.
- ↑ Cohen, Jonathan (January 15, 2009). „Lady GaGa Dances Again Atop Hot 100“. Billboard. Nielsen Business Media. Посетено на December 16, 2010.
- ↑ Hasty, Katy (February 5, 2009). „'Life' Is Good For Clarkson Atop Hot 100“. Billboard. Nielsen Business Media. Посетено на December 16, 2010.
- ↑ „Beyonce Album & Song Chart History“. Billboard. Prometheus Global Media. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ 72,0 72,1 „Beyonce Album & Song Chart History“. Billboard. Prometheus Global Media. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ 73,0 73,1 73,2 Beyoncé — AllMusic (англиски)посет. December 11, 2010 г
- ↑ 74,0 74,1 „Search Results – Single Ladies (Put a Ring on It) – Beyonce“. Recording Industry Association of America. Посетено на December 11, 2010.[мртва врска]
- ↑ „Canadian Hot 100“. Billboard. Nielsen Business Media. November 29, 2008. Посетено на December 11, 2010.
- ↑ 76,0 76,1 „Beyonce Album & Song Chart History“. Billboard. Prometheus Global Media. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ 77,0 77,1 77,2 „Gold & Platinum Certification“. Canadian Recording Industry Association. 2009. Архивирано од изворникот на 2013-07-18. Посетено на December 11, 2010.
- ↑ 78,0 78,1 „Beyoncé“. The Official Charts Company. Посетено на April 22, 2011.
- ↑ 79,0 79,1 „UK R&B Chart“. Music Week. United Business Media. 32 (01): 46. January 18, 2009. ISSN 0265-1548.
- ↑ 80,0 80,1 „Certified Awards Search: Beyonce“. British Phonographic Industry. Архивирано од изворникот на 2017-10-06. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ 81,0 81,1 „Beyonce Album & Song Chart History“. Billboard. Prometheus Global Media. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ 82,00 82,01 82,02 82,03 82,04 82,05 82,06 82,07 82,08 82,09 82,10 82,11 82,12 82,13 „Beyoncé – Single Ladies (Put a Ring on It)“. Australian-charts.com. Hung Medien. Посетено на April 12, 2011.
- ↑ 83,0 83,1 „ARIA Charts – Accreditations – 2010 Singles“. Australian Recording Industry Association. December 31, 2010. Посетено на February 10, 2011.
- ↑ 84,0 84,1 „Latest Gold / Platinum Albums“. RadioScope. Архивирано од изворникот на 2008-10-14. Посетено на September 21, 2010.
- ↑ 85,0 85,1 „Beyonce Album & Song Chart History“. Billboard. Prometheus Global Media. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ 86,0 86,1 „Rádios Top 40 játszási lista“ (унгарски). Mahasz. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеlad
. - ↑ Anitai, Tamar. „My 5 Favorite Moments In Britney's New 'If U Seek Amy' Video“. MTV Buzzworthy Blog. Viacom. Посетено на May 13, 2011.
- ↑ Eng, Monica (January 8, 2009). „Is one of the ladies in Beyoncé's 'Single Ladies' video actually a man?“. Chicago Tribune. Tribune Company. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ „Beyoncé to Release Above and Beyoncé – Video Collection & Dance Mixes!“. Beyoncé Knowles Official Website. May 26, 2009. Архивирано од изворникот на 2012-03-14. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ „I Am...Sasha Fierce (Platinum Edition) (Incl. Bonus Tracks and Music Videos)“. Amazon.de. Посетено на January 25, 2011.
- ↑ Vozick-Levinson, Simon (March 10, 2009). „Beyoncé talks world tour, new videos“. Entertainment Weekly. Time Inc. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ „Single Ladies [Single, Import]“. Amazon.com. Посетено на March 22, 2011.
- ↑ 94,0 94,1 „Single Ladies (Put a Ring on It) – Dance Remixes – EP“. iTunes Store. Apple Inc. Посетено на April 5, 2011.
- ↑ „Single Ladies (Put A Ring On It) – Dance Remixes“. Amazon.fr. Посетено на March 22, 2011.
- ↑ „The ARIA Report (issue 980)“ (PDF). Australian Recording Industry Association. August 3, 2009. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ „Brazil Hot 100 Airplay“. Billboard Brasil (португалски). 2 (79). 2009. ISSN 9772176054002 Проверете ја вредноста
|issn=
(help). - ↑ „Beyoncé – Single Ladies (Put a Ring on It)“. International Federation of the Phonographic Industry (Czech Republic). Посетено на April 5, 2011.
- ↑ „Nederlandse Top 40–24 January 2009 Week 4“ (холандски). Top 40 Netherlands. January 24, 2009. Посетено на December 21, 2010.[мртва врска]
- ↑ „Discography Beyoncé“. Irish Singles Chart. Hung Medien. Посетено на December 21, 2010.
- ↑ „Beyoncé – Single Ladies (Put a Ring on It)“ (словачки). International Federation of the Phonographic Industry (Slovakia). Архивирано од изворникот на 2012-02-07. Посетено на April 5, 2011.
- ↑ „Beyonce Album & Song Chart History“. Billboard. Prometheus Global Media. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ „Beyonce Album & Song Chart History“. Billboard. Prometheus Global Media. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ „Beyonce Album & Song Chart History“. Billboard. Prometheus Global Media. Посетено на May 13, 2011.
- ↑ 105,0 105,1 „The ARIA Report (issue 980 – End of Year)“ (PDF). Australian Recording Industry Association. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ „Charts Plus Year end 2008“ (PDF). UKChartsPlus. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ 107,0 107,1 „The ARIA Report (End of Year 2009)“ (PDF). Australian Recording Industry Association. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ „Jaaroverzichten 2010 (Flanders)“ (холандски). Ultratop 50. Hung Medien. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ „Canadian Hot 100 Year End Chart – 2009“. Billboard. Prometheus Global Media. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ „Dutch Top 40 Year End“. MegaCharts. Top 40 Web. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ „Éves összesített listák – MAHASZ Rádiós TOP 100 (súlyozott)“ (унгарски). Mahasz. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ „Best of 2009 – Ireland“. International Recording Media Association. Посетено на June 17, 2010.
- ↑ „The best-selling single of 2009 in Italy“. Hit Parade Italy. Посетено на November 9, 2010.
- ↑ „Annual Top 50 Singles Chart 2009“. Recording Industry Association of New Zealand. Архивирано од изворникот на 2010-05-22. Посетено на December 11, 2010.
- ↑ „Chart: PROMUSICAE Year end Singles Chart – 2009“ (PDF). Productores de Música de España. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-05-21. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ „Swedish Year End Singles Chart“. Swedish Recording Industry Association. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ „2009 UK Official Singles Chart“ (PDF). Charts Plus. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ „Year End Charts – Hot 100 Songs“. Billboard. Nielsen Business Media. 2009. Посетено на April 26, 2011.
- ↑ „Year End Charts – Hot R&B/Hip Hop Songs“. Billboard. Nielsen Business Media. 2009. Посетено на April 26, 2011.
- ↑ „Year End Charts – Dance Club Songs“. Billboard. Nielsen Business Media. 2009. Посетено на April 26, 2011.
- ↑ „Year End Charts – Pop Songs“. Billboard. Nielsen Business Media. 2009. Посетено на April 26, 2011.
- ↑ „Year End Charts – Rhythmic Songs“. Billboard. Nielsen Business Media. 2009. Посетено на April 26, 2011.
- ↑ „Australian Urban Singles Year End Charts 2010“. Australian Recording Industry Association. Посетено на January 7, 2011.
- ↑ „ARIA Chart Sales – ARIA End of Decade Sales/Top 100“ (PDF). Australian Recording Industry Association. 2010. Посетено на April 23, 2011.
- ↑ „Top 100 Music Hits, Top 100 Music Charts, Top 100 Songs & The Hot 100“. Billboard. Prometheus Global Media. Архивирано од изворникот 2012-05-27. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ „Top Hip-Hop and R&B Songs & Singles Charts“. Billboard. Prometheus Global Media. Архивирано од изворникот 2012-07-28. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ „IFPI Danmark – 2010“ (дански). International Federation of the Phonographic Industry (Denmark). Архивирано од изворникот на 2014-12-19. Посетено на December 23, 2010.
- ↑ „Chart: Promusicae 14 2010“ (PDF). Productores de Música de España. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-04-14. Посетено на December 15, 2010.
- ↑ „Search Results – Single Ladies (Put a Ring on It) – Beyonce“. Recording Industry Association of America. Посетено на December 11, 2010.[мртва врска] Note: Click on the "Mastertone" button to access master tone certifications.
- ↑ „Single Ladies (Put a Ring on It) – Dance Remixes – EP“ (германски). iTunes Store. Apple Inc. Посетено на April 5, 2011.
- ↑ „Single Ladies (Put a Ring on It) – Dance Remixes – EP“. iTunes Store. Apple Inc. Посетено на April 15, 2011.
- ↑ „Single Ladies (Put a Ring on It) – Dance Remixes – EP“. iTunes Store. Apple Inc. Посетено на April 15, 2011.
- ↑ „Single Ladies (Put a Ring on It) – Dance Remixes – EP“. iTunes Store. Apple Inc. Посетено на April 5, 2011.
- ↑ „Single Ladies (Put a Ring on It) – Dance Remixes – EP“. iTunes Store. Apple Inc. Посетено на April 5, 2011.
- ↑ „Single Ladies (Put a Ring on It) – Dance Remixes – EP“. iTunes Store. Apple Inc. Посетено на April 15, 2011.
- ↑ „Single Ladies (Put a Ring on It) – Dance Remixes – EP“. iTunes Store. Apple Inc. Посетено на April 5, 2011.
- ↑ „Single Ladies (Put a Ring on It) – Dance Remixes – EP“. iTunes Store. Apple Inc. Посетено на April 5, 2011.
- ↑ „Single Ladies (Put a Ring on It) – Dance Remixes – EP“. iTunes Store. Apple Inc. Посетено на April 15, 2011.
- ↑ „Single Ladies (Put a Ring on It) – Dance Remixes – EP“. iTunes Store. Apple Inc. Посетено на April 5, 2011.
- ↑ „Single Ladies (Put a Ring on It) – Dance Remixes – EP“. iTunes Store. Apple Inc. Посетено на April 5, 2011.
- ↑ „Single Ladies (Put a Ring on It) – Dance Remixes – EP“. iTunes Store. Apple Inc. Посетено на April 5, 2011.
- ↑ „Single Ladies (Put a Ring on It) – Dance Remixes – EP“. iTunes Store. Apple Inc. Посетено на April 5, 2011.
- ↑ „Single Ladies (Put a Ring on It) – Dance Remixes – EP“. iTunes Store. Apple Inc. Посетено на April 5, 2011.
Надворешни врски
уредиРед на првенство во | ||
---|---|---|
Претходник „Miss Independent“ од Не-Јо |
Број-еден сингл на САД Билборд Хот Р&Б/Хип-Хоп Песни 29 ноември, 2008 – 14 февруари, 2009 |
Наследник „Blame It“ од Цејми Фокс и T-Pain |
Претходник „Live Your Life“ од T.I. и Ријана |
Број-еден сингл на САД Билборд Хот 100 13 декември, 2008 – 20 декември, 2008 27 декември, 2008 – 10 јануари, 2009 |
Наследник „Live Your Life“ од T.I. и Ријана „Just Dance“ од Лејди Гага и Колби О'Донис |
Претходник „Miles Away“ од Мадона |
Број-еден сингл на САД Билборд Хот Денс Ерплеј 10 јануари, 2009 – 24 јануари, 2009 |
Наследник „Imagination“ од Џес |
Претходник „I Hate This Part“ од Pussycat Dolls |
Број-еден сингл на САД Билборд Хот Денс Клуб Песни 17 јануари, 2009 |
Наследник „Human“ од The Killers |
Претходник „If I Were a Boy“ од Бијонсе |
Број-еден сингл на ОК Р&Б Табелата 18 јануари, 2009 – 8 февруари, 2009 |
Наследник „Crack a Bottle“ од Еминем, Dr. Dre и 50 Cent |
Претходник „Just Dance“ Лејди Гага и Колби О'Донис |
Број-еден сингл на САД Билборд Поп Песни 7 февруари, 2009 – 28 февруари, 2009 |
Наследник „Love Story“ од Тејлор Свифт |