Above and Beyoncé – Video Collection & Dance Mixes
Above and Beyoncé – Video Collection & Dance Mixes е ремикс и видео албум од американската Р&Б пејачка Бијонсе Ноулс. Албумот содржи два диска; првиот диск е составен од музички видеа, а вториот диск е составен од денс ремиксови. На почетокот бил планиран за издавање на 16 јуни 2009 преку Вал-Март продавниците и J&R ексклузивно, иако подоцна бил овозможен преку другите продавници. Above and Beyoncé се искачил на триесет и петтото место на Билборд 200 и бил позитивно прифатен од Енди Келман од Allmusic, кој му дал три од пет ѕвезди. Се појавил и на другите Билборд табели, Топ Р&Б/Хип-Хоп Албуми и Денс/Електронски Албуми.
„Above and Beyoncé – Video Collection & Dance Mixes“ | ||||
---|---|---|---|---|
Remix album и видео од Бијонсе | ||||
Издаден | 16 јуни 2009 | |||
Снимен | 2008–2009 | |||
Жанр | Р&Б, електроника, денс | |||
Траење | 51:10 (видео колекција) 50:04 (денс миксови) | |||
Издавачка куќа | Columbia | |||
Режисер | Џејк Нава, Бијонсе, Софи Мулер, Мелина Мацукас, Филип Анделман, Ед Бурк | |||
Продуцент | Различни | |||
Бијонсе — Хронологија | ||||
|
Композиција и издавање
уредиAbove and Beyoncé содржи два диска. Првиот содржи музички видеа од шест сингла од нејзиниот студиски албум од 2008, I Am... Sasha Fierce: „If I Were a Boy“, „Single Ladies (Put a Ring on It)“, „Diva“, „Halo“, „Broken-Hearted Girl“ и „Ego“. Исто така содржи и „ексклузивна фан“ снимка од видеото на „Ego“ и снимки од зад сцените на музичките видеа. Вториот диск содржи електронски денс ремиксови од песните,[1] како и шестиот сингл од албумот, „Sweet Dreams“. Микс од „Ego“ со рап стих со Кање Вест го затвора албумот. На 15 јуни 2009, снимките од зад сцените биле прикажани на емисијата на BET, Access Granted. Алтернативното видео за „Ego“ било премиерно прикажано подоцна.[2]
Омотот за Above and Beyoncé бил прегледан од People.com во мај 2009.[3] Албумот бил оригинално издаден ексклузивно до Вал-Мартпродавниците и J&R, на 16 јуни 2009. Денс миксовите биле овозможени само преку MP3 формат преку Amazon.com на 16 јуни,[4] а целиот албум бил издаден на онлајн продавниците на 3 ноември 2009.[5] iTunes Store почнале со продажбите на ремиксовите од 1 февруари 2010.[6]
Прием
уредиЕнди Келман од Allmusic го нарекол албумот „добар сет за посветените обожаватели кои не г слушнале сите миксови“ и го наградил со три од пет ѕвезди.[7] Above and Beyoncé за првпат се искачил на табелата Билборд 200 на 4 јули 2009,[8] продавајќи 14,000 копии истата недела.[9] Највисокото место на албумот било триесет и петтото, а вкупно поминал четиринаесет недели на табелата.[10][11] На Топ Р&Б/Хип-Хоп Албуми, Above and Beyoncé за првпат се искачил[12] и воедно тоа била и неговата највисока позиција на дваесет и третото место, а подоцна поминал четириесет и три недели на табелата.[13] На табелата за Денс/Електронски Албуми, албумот се искачил на второто место веднаш зад The Fame од Лејди Гага.[14] Поминал четириесет и осум недели на табелите на Билборд, од кои дваесет и четири недели бил меѓу првите десет.[15] Above and Beyoncé бил рангиран на деветтото место на годишната табела за Денс/Електронски Албуми за 2009,[16] и на дваесет и првото место на табелата од 2010.[17]
Список на песни
уреди- Диск еден: Видео колекција
- Режисерите се наоѓаат во заградите.
- „If I Were a Boy“ (Џејк Нава) – 5:06
- „Single Ladies (Put a Ring on It)“ (Џејк Нава) – 3:19
- „Diva“ (Мелина Мацукас) – 4:06
- „Halo“ (Филип Анделман) – 3:45
- „Broken-Hearted Girl“ (Софи Мулер) – 4:40
- „Ego“ (ремикс со Кање Вест) (Бијонсе Ноулс, Франк Гатсон Џуниор) – 4:53
- „Ego“ (Фан Ексклузивно) (Бијонсе Ноулс, Франк Гатсон Џуниор) – 3:57
- „Зад Сцените: Видеата“ (Ед Бурк) – 19:02
- Кредити – 0:30
- Диск два: Dance mixes
- „If I Were a Boy“ (Маурид Џошуа Мојо ОК Ремикс) – 6:29
- „Single Ladies (Put a Ring on It)“ (Диџеј Ескејп & Тони Колучио Ремикс – Клуб Верзија) – 6:57
- „Diva“ (Карматроник Клуб Ремикс) – 5:08
- „Halo“ (Дејв Ауде Клуб Ремикс) – 8:55
- „Broken-Hearted Girl“ (Каталист Ремикс) – 4:46
- „Ego“ (ОК ДАЦ Ремикс) – 6:29
- „Sweet Dreams“ (Харлан Пепер & АГ III Ремикс) – 6:43
- „Ego“ (Ремикс со Кање Вест) – 4:44
Кредити
уредиКредити за Above and Beyoncé, преземени од Allmusic:[18]
|
|
Табели
уреди
Неделни табелиуреди
|
Годишни табелиуреди
|
Наводи
уреди- ↑ Cline, Georgette (May 27, 2010). „Beyoncé Goes Above & Beyond with Dance Album“. Rap-Up. Посетено на March 13, 2011.
- ↑ Beyoncé Online (15 јуни 2009). "'Ego' Remix Video Premieres on Special BET Access Granted!". Соопштение за печат. посет. 11 март 2011 г
- ↑ Orloff, Brian (May 20, 2009). „First Look: Beyoncé's New DVD Cover Revealed!“. People (magazine). Time Inc. Архивирано од изворникот 2009-06-01. Посетено на March 11, 2011.
- ↑ „Above And Beyoncé Dance Mixes“. Amazon.com. Посетено на March 11, 2011.
- ↑ „Above & Beyonce Video Collection & Dance Mixes“. Amazon.com. Посетено на March 11, 2011.
- ↑ „Above and Beyoncé – Dance Mixes“. iTunes Store. Apple Inc. Посетено на March 11, 2011.
- ↑ Kellman, Andy. „Above and Beyoncé: Video Collection & Dance Mixes“. Allmusic. Rovi Corporation. Посетено на December 14, 2010.
- ↑ „Billboard 200“. Billboard. Prometheus Global Media. July 4, 2009. Посетено на March 11, 2011.
- ↑ „Dancing Diva“. Billboard. том 121 no. 26. Prometheus Global Media. July 4, 2009. стр. 53. ISSN 0006-2510.
- ↑ 10,0 10,1 10,2 10,3 „Above and Beyoncé: Video Collection & Dance Mixes – Billboard Albums“. Allmusic. Rovi Corporation. Посетено на March 11, 2011.
- ↑ „Above and Beyoncé: Video Collection & Dance Mixes“. Billboard. Prometheus Global Media. Посетено на March 11, 2011. Забелешка: За да го прикаже бројот на недели во табелата, корисникот мора да го навигира визуализаторот на левата страна на екранот.
- ↑ „R&B/Hip-Hop Songs“. Billboard. Prometheus Global Media. July 4, 2009. Посетено на March 11, 2011.
- ↑ „Beyoncé: Chart History“. Billboard. Prometheus Global Media. Посетено на March 11, 2011.
- ↑ „Dance/Electronic Albums“. Billboard. Prometheus Global Media. July 4, 2009. Посетено на March 11, 2011.
- ↑ „Beyoncé: Chart History“. Billboard. Prometheus Global Media. Посетено на March 11, 2011. Забелешка: За да го прикаже бројот на недели во табелата, корисникот мора да го навигира визуализаторот на левата страна на екранот.
- ↑ 16,0 16,1 „Dance/Electronic Albums“. Billboard. Prometheus Global Media. 2009. Посетено на March 11, 2011.
- ↑ 17,0 17,1 „Dance/Electronic Albums“. Billboard. Prometheus Global Media. 2010. Посетено на March 11, 2011.
- ↑ „Above and Beyoncé: Video Collection & Dance Mixes – Credits“. Allmusic. Rovi Corporation. Посетено на 11 март 2011.