I Am... Sasha Fierce

албум од Бијонсе Ноулс

I am… Sasha Fierce е името на третиот студиски албум од американската Р&Б пејачка Бијонсе Ноулс. Албумот е издаден на 18 ноември 2008 година со помош на издавачката куќа Columbia Records. Албумот е издаден во двоен формат со цел да се репрезентираат различниот стил и музичките влијанија на Ноулс. Првиот диск, I Am..., содржи бавни Р&Б поп балади и песни со средно темпо, додека вторио диск, Sasha Fierce, наречен по сценското алтер его на Ноулс, содржи побрзи песни со еуро и електропоп жанрови. Делукс изданието на албумот бил издаден истовремено, заедно со стандардната верзија.

„I Am... Sasha Fierce“
Студиски албум од Бијонсе
Издаденноември 14 2008 (2008-11-14)
Снимен2007–2008
различни локации
ЖанрР&Б, поп
Траење41:40
Издавачка куќаColumbia
ПродуцентBama Boyz, Бангладеш, Ди-Таун, Darkchild, Ијан Денч, The-Dream, Тоби Гед, Син Гарет, Аманда Гоуст, Ендру Хеј, Џим Џонсин, Бијонсе Ноулс, Харолд Лили, Рико Лов, Дејв Меккерен, Рео, Stargate, Трики Стјуарт, Рајан Тедер, Вејн Вилкинс, Елвис Вилијамс, Метју Ноулс (дополнителен)
Бијонсе — Хронологија
B'Day
(2006)
I Am... Sasha Fierce
(2008)
4
(2011)
Издадени песни од I Am... Sasha Fierce
  1. "If I Were a Boy"
    Издадена: октомври 8 2008 (2008-10-08)
  2. "Single Ladies (Put a Ring on It)"
    Издадена: октомври 8 2008 (2008-10-08)
  3. "Diva"
    Издадена: јануари 20 2009 (2009-01-20)
  4. "Halo"
    Издадена: јануари 20 2009 (2009-01-20)
  5. "Ego"
    Издадена: мај 19 2009 (2009-05-19)
  6. "Sweet Dreams"
    Издадена: јуни 2 2009 (2009-06-02)
  7. "Broken-Hearted Girl"
    Издадена: август 24 2009 (2009-08-24)
  8. "Video Phone"
    Издадена: ноември 17 2009 (2009-11-17)

Ноулс ги кредитирала нејзиниот сопруг Џеј-Зи и џез пејачката Ета Џејмс за нејзината инспирација да се вклучат делотворно другите жанрови и мелодии на албумот. Музички, 'I Am...' црпел инспирација од фолк музиката и алтенративниот рок и елементи од акустична гитара во современите балади. Песните на првиот диск биле напишани и продуцирани од Ноулс со помош на Кенет Едмондс, Кристофер Стјуарт, Терису Неш, и Рајан Тедер, додека Sasha Fierce содржи продукција и пишување од Родни Џеркинс, Син Гарет и Соланж. Албумот добил мешани критики од музичките критичари. Многумина ја коментирале неуспешноста на албумот да направи разлика меши Ноулс и нејзиното алтер-его, нешто што би се избегнало кога албумот би бил во еден диск.

I Am... Sasha Fierce дебитирал на првото место на табелата Билборд 200, продавајќи 482,000 копии во првата недела, станувајќи третиот последователен број-еден соло албум во САД на Ноулс. Албумот добил и комерцијален успех освојувајќи петнаесет платински сертификации во различни музички маркети ширум светот. Од март 2011, I Am... Sasha Fierce продал повеќе од седум милиони копии ширум светот, а дигиталните песни продале 15 милиони копии глобално. Албумот добил осум Греми номинации на 52рата церемонија, а освоил пет од нив. За да го промовира албумот, Ноулс се појавила на неколку емисии и телевизии ширум Европа и Америка, а ја одржала и светската I Am... Турнеја.

Албумот произвел неколку синглови, некои скужеле како интернационални издавања, а другите како промоционални. Двата водечки синглови од I Am... Sasha Fierce, „If I Were a Boy“ и „Single Ladies (Put a Ring on It)“, се искачиле на првите места на интернационалните табели. „Single Ladies“ се искачил на врвот на табелите во преку осум држави и го достигнал третото место на Билборд Хот 100, додека „If I Were a Boy“ навлегла во првите десет места во неколку интернационални табели, станувајчи нејзиниот петти број-еден сингл на Хот 100 табелата. „Diva“ и „Ego“ биле издадени само во САД, додека „Halo“ и „Sweet Dreams“ биле промовирано како третиот и четвртиот сингл последователно. „Broken-Hearted Girl“ била интернационално издадена како петтиот сингл од албумот, а „Video Phone“, последниот сингл бил издаден во ноември 2009.

Продукција и развој

уреди
  Јас сум човечко суштесто. Плачам. Јас сум многу страсна и чувствителна. Моите чувства се повредуваат. Се плашам и станувам нервозна како и сите други. И сакав да го покажам тоа за себе. Во него [албумот] се работи за љубов. Жена сум, омажена сум и оваа позиција во мојот живот е насекаде во албумот. Многу е поприватен. Многу сум приватна и не сакам да зборувам за многу работи, но има неколку песни на албумот кои се многу лични. Тој [Албумот] е мојот дневник. Тоа е мојата приказна... Сè уште имам албум со интересни песни.“
—Бијонсе Ноулс за албумот.[1]

Ноулс започнала да работи на I Am... Sasha Fierce во 2007. Во писмо до нејзините обожаватели на 2 октомври 2008, таа рекла: „Работев на овој албум речиси една година. Зедов определено време за да создадам сопствен звук. Нешто што кажува која сум јас на сцената, а која во животот. Ја ставив мојата глава и душата во него. Тоа е моето бебе. Ова е најдолгото време кое го имам поминато на кој било проект дури од моите први снимки со Дестинис Чајлд кога имав петнаессет години.“[2] Според Ноулс, таа била инспирирана од нејзиниот маж Џеј-Зи и посебно од Ета Џејмс чија „смелост“ ја инспирирала да бара нови музички жанрови и стилови.[3] Кога Ноулс почнала да снима песни за албумот, таа почувствувала дека морала да порасне и да стане позрела како артист. Иако била успешна и богата, таа сакала да се соочи со предизвикот.[4] Таа помогнала во пишувањето и ко-продукцијата на сите материјали за албумот.[5]

Сесиите за снимање на албумот зазеле место за време на 2007 и 2008 година во различни студија вклучувајќи ги: Tree Sound Studios во Атланта; Chung King Studios; Electric Lady Studios; Strawberrybee Productions во Њујорк; GAD Studios во (Ибица), Шпанија; Mansfield Studios и The Campground во Лос Анџелес; South Beat Studios во Мајами Бич; и The Boom Boom Room во Бурнак, Калифорнија.[6] Неколлку музички продуценти и текстописци соработувале со Ноулс на албумот вклучувајќи ги Кенет Едмондс, Stargate, Кристофер Стјуарт, Териус Неш, Родни Џеркинс, Шон Гарет, Соланж, Џим Џонсин, Рико Лов и Рајан Тедер. Тедер исто така ѝ помогнал на Ноулс во создавањето балади.[7] Дополнително, таа соработувала со неколку музичари со кои никогаш не работела претходно, вклучувајќи го продуцентот Тоби Гад за „If I Were a Boy“ и британскиот текстописец Аманда Гоуст на „Disappear“.[8] Снимањето за албумот траело осум месеци, а за тоа време Ноулс помогнала во пишувањето и продукцијата на преку седумдесет песни.[2][9] По процесот на елиминација, дванаесет песни биле сместени на стандардното издание на албумот, додека пет дополнителни песни биле одбрани за делукс изданието на албумот.[3][9] Ноулс подоцна открила дека песните продуцирани од The Neptunes и Danja не биле ставени на албумот.[10]

 
Ноулс изведува во Бразиле за време на нејзината турнеја за промоцијата на албумот наречена, I Am... Tour

За I Am... дискот, Ноулс имала влијанија од фолкот и алтернативниот рок, а користела и инструменти кои претходно не ги користела во песните, како акустичната гитара.[7] Овие балади ги комбинирале најдобрите елементи на поп и соул музиката, додека истовремено ги зголемувала можностите и за други жанрови.[7]

Наводи

уреди
  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име newsroom.mtv.com.
  2. 2,0 2,1 Adler, Shawn (October 2, 2008). „Beyonce Writes A Letter To Fans, Saying She Has 'Taken Risks' On Upcoming LP“. MTV News. MTV Networks. Архивирано од изворникот на 2008-10-06. Посетено на February 28, 2011.
  3. 3,0 3,1 Jennifer Vineyard (October 9, 2008). „Beyonce Releases Two Tracks From 'I Am...' , Inspired By Jay-Z And Etta James“. MTV News. MTV Networks. Архивирано од изворникот на 2012-06-19. Посетено на February 28, 2011.
  4. (Posted: 2008) (October 13, 2009). „Beijing date announced for Beyonce's "I Am..." world tour“. China Daily. Communist Party of China. стр. 2. Посетено на February 28, 2011.
  5. Jocelyn Vena (September 12, 2008). „Beyonce's New LP, Featuring Justin Timberlake, Due November 18“. MTV News. MTV Networks. Архивирано од изворникот на 2012-11-07. Посетено на February 28, 2011.
  6. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име booklet iam.
  7. 7,0 7,1 7,2 (Posted: 2008) (October 13, 2009). „Beijing date announced for Beyonce's "I Am..." world tour“. China Daily. Communist Party of China. стр. 3. Посетено на February 28, 2011.
  8. (Posted: 2008) (October 13, 2009). „Beijing date announced for Beyonce's "I Am..." world tour“. China Daily. Communist Party of China. стр. 4. Посетено на February 28, 2011.
  9. 9,0 9,1 Willman, Chris (October 15, 2008). „Split personality for new Beyoncé album“. Entertainment Weekly. Time Inc. Посетено на February 28, 2011.
  10. „I Am... Sasha Fierce“. Respeconize. November 27, 2008. Архивирано од изворникот на 2011-07-15. Посетено на February 28, 2011.

Надворешни врски

уреди