Тајната книга
Тајната книга — македонски филм во холандско-француска копродукција[1] во режија на Владо Цветановски, а по сценарио на Јордан Плевнеш и Љубе Цветановски. Тјери Фремон, Жан-Клод Кариер, Владо Јовановски, Мето Јовановски, Ѓорѓи Јолевски и Лабина Митевска се јавуваат во главните улоги. Снимањето на филмот започнува во 2002 година, а претпремиерата ја има четири години подоцна[2].
„Тајната книга“ | |
---|---|
плакат од филмот | |
Режисер | Владо Цветановски |
Продуцент | КТВ Медија Димитар Николов |
Сценарист | Јордан Плевнеш Љубе Цветановски |
Главни улоги | Тјери Фремон Жан-Клод Кариер Владо Јовановски Мето Јовановски Ѓорѓи Јолевски Лабина Митевска Трајче Иваноски Лилјана Велјанова Александар Чамински Кирил Ристоски Петар Темелковски Владимир Светиев Петар Мирчевски |
Премиера | 2006 |
Времетраење | 93 мин |
Земја | Македонија |
Јазик | Македонски Француски |
Содржина
уредиПриказната за филмот е заснована врз потрагата по „Тајната книга“, книга напишана на глаголско писмо. „Тајната книга“ се претпоставува дека ги содржи основите на богомилското верување, познато исто така и како катарство. Богомилите, прогонувани од страна на црквата, ја напуштаат нивната татковина и почнуваат да се селат кон северозапад, ширејќи го нивниот начин на живот и размислување секаде каде што оделе и преку Босна, Далмација, северна Италија, стигнуваат до југот на Франција, каде што тие (познати како катари) ја оформуваат својата нова татковина.
Локации на снимањето
уредиСнимањето на филмот минува низ три етапи, на различни локации, во согласност со барањата на приказната:
- Регионот на Битола, Демир Хисар и Преспанско Езеро - Македонија
- Балчик - Бугарија
- Париз и Каркасон - Франција
Улоги
уредиИсклучителните глумци дадоа нивен особен печат на овој филм кој беше подготвен и снимен од страна на широка меѓународна екипа.
- Жан-Клод Кариер - Пјер Рејмон
- Тјери Фремон - Шевалје
- Владо Јовановски - Бигорски
- Лабина Митевска - Лидија
- Ѓорѓи Јолевски - Непознатиот
- Мето Јовановски - Отец Андреј
- Кирил Ристоски - Легионерот
- Владимир Светиев - Американецот
- Ристо Стефановски - Дедото
- Петар Мирчевски - Гулабарот
- Александар Чамински - Таксистот
- Петар Темелковски - Старецот
- Јоана Поповска - Хотелиерката
- Димитар Зози - Чуварот
- Арна Шијак - Сребренокосата
- Владимир Талески - Пијанистот
- Андон Јовановски - Сопственикот
- Лилјана Велјанова - Французинката
- Трајче Иваноски - Прв гостин
- Најдо Тодески - Втор гостин
- Илија Плевнеш - Момчето
- Елена Трајковска - Пејачката
- Јохана Николова - Девојчето
- Мими Таневска - Мајката
- Дамјан Цветановски - Бигорски
Поврзано
уредиБелешки
уреди- ↑ „Падна првата клапа на „Тајната книга"“. А1 телевизија. Посетено на 2008-09-15.
- ↑ Александра Бубевска. „Претпремиерно беше прикажан „Тајната книга"“. А1 телевизија. Посетено на 2008-09-15.
Надворешни врски
уреди- Тајната книга - Официјално мрежно место Архивирано на 26 мај 2006 г.
- Тајната книга на МИФЦ.
- Тајната книга на Семрежната филмската база на податоци
- Кан, Катарството и заверата - рецензија на Фијакра Гибонс за Гвардијан.