50 Cent

американски рапер, глумец, бизнисмен и ТВ-продуцент од Њујорк
(Пренасочено од 50 cent)

Куртис Џејмс Џексон III (р. 6 јули 1975 година[1]), подобро познат по неговото сценско име 50 Cент (транскрипција: Фифти-Сент) — американски рапер и глумец. Тој ја постигна својата слава со издавањето на неговите албуми Get Rich or Die Tryin'” ( во 2003 година) и The Massacre (во 2005 година). Get Rich or Die Tryin има 8 пати добиено платина од страна на Музичката Индустрија во Американската Заедница (МИАЗ) има распродадено преку 15 милиони копии ширум светот. Неговиот албум The Massacre има 5 пати добиено платина од МИАЗ и има продадено 11 милиони копии.

50 Cent
50 Cent, 2018
Животописни податоци
Родено имеКуртис Џејмс Џексон III
Роден(а)6 јули, 1975 г. (48)
ПотеклоЈужна Јамајка, Квинс, Њујорк, САД
ЖанровиХип-хоп
ЗанимањаРапер
Период на активност1999—
ИздавачиАфтермат, Шејди, Интерскоп
СоработнициG-Unit, Д-р Дре, Еминем, Гејм, Јанг Бак , Лојд Бенкс, Тони Јејо
Мреж. место50cent.com

Роден во Јужна Јамајка, Квинс, Џексон почнал трговија со дрога на 12 годишна возраст за време на епидемијата на крекот во осумдесеттите. Откако ја напуштил трговијата со дрога за да ја започне рап кариерата, тој бил застрелан и погоден со 9 куршуми за време на несреќа во 2000 година. По издавањето на неговиот албум Guess Who's Back? , во 2002 година Џексон бил откриен од раперот Еминем и потпишал договор со Interscope Records. Со помошта на Еминем и на Д-р Дре кој го обезбеди неговиот прв голем комерцијален успех, Џексон стана еден од светските рапери со остварена најголема продажба. Во 2003 година тој ја основал издавачката куќа G-Unit Records која потпишала договори со неколку успешни рапери како Јанг Бак, Лојд Бенкс, и Тони Јајо.

Џексон се вмешал во караница со други рапери меѓу кои Џа Рул, Фет Џо, Џадакис, Кам’рон, Рик Рос и поранешните членови на Џи Јунит, Д Гејм и Јанг Бак. Тој исто така продолжил со глумечка кариера, појавувајќи се во полуавтобиографскиот филм Get Rich or Die Tryin'“ во 2005, во филмот за војната во Ирак насловен Home of the Brave во 2006 година, и во филмот Righteous Kill во 2008 година.

Џексон продал над 30 милиони албуми и освоил неколку награди, меѓу кои: Греми награда, Еми награда за серија во ударен термин, тринаесет Музички награди од Билборд, шест Светски музички награди, три Американски музички награди и четири награди БЕТ.[2] Списанието Билборд го рангирало 50 Сент на шесто место на нивниот список „Најдобри изведувачи во 2000-те“,[3] а во 2023 го ставило на 17-то место на списокот „50 најдобри рапери“.[4] Ролинг Стоун ги рангирал Get Rich or Die Tryin' и „In da Club“ на неговите листи од „100 најдобри албуми од 2000-тите“ и „100 најдобри песни од 2000-тите“ на 37 и 13 место, соодветно.[5][6]

Логото на 50 Сент

Живот и музичка кариера

уреди

Детство и младост

уреди

Куртис Џексон III израснал во маалото Јужна Јамајка, Квинс, Њујорк.[1] Пораснал без татко, а го одгледувала неговата мајка Сабрина, која го родила на 15 годишна возраст. Сабрина која била дилер на кокаин го одгледувала Џексон до неговата 12 година, бидејќи била убиена во 1988 година.[7][8] Кога била 27 години некој и ставил дрога во пијалакот и се онесвестила. Потоа била оставена во апартманот да почине откако било пуштено гас, а прозорците биле затворени. По нејзината смрт Џексон се преселил во куќата на баба му и дедо му, и живеел со осумтте тетки и чичковци.[9] Тој се потсеќа “Баба ми ми рече” : “Твојата мајка не се враќа дома, таа нема да дојде да те земе”; “Ќе останеш со нас сега”. Оттогаш почнав да се прилагодувам на улиците.

Џексон почнал да боксува на околу 11 годишна возраст. Кога бил 14 години некој сосед отворил сала за боксување за соседските деца. “Кога не бев на училиште, вежбав во салата или продавав дрога на улиците”, тој се потсеќа.[10] Во средината на осумдесеттите, тој се натпреварувал во Јуниор Олимпикс како аматер боксер. Тој раскажува: “Бев конкурентен во рингот, а исто така и хип-хопот е конкурентен...Мислам дека самите раперски услови сакаат боксери, па така сите се чувствуваат како тие да се шампиони”. На 12 годишна возраст Џексон почнал да растура наркотици, кога неговата баба мислела дека тој посетува училишни програми.[11] Тој исто така на училиште носел пиштоли и пари од дрога. Во десетто одделение бил фатен од детектор за метал во средното училиште “Ендрју Џексон”. Тој подоцна изјавил ”Бев засрамен што ме уапсија на таков начин...Откако ме уапсија престанав да се кријам. Отворено и кажував на мојата баба “Јас продавам дрога”.[12]

На 29 Јуни 1994 година Џексон бил уапсен кога помагал да се продадат 4 шишенца кокаин на полицаец кој бил на тајна задача. По 3 недели бил повторно уапсен кога полицијата го пребарала неговиот дом и нашла хероин, десет унца кокаин и стартер пиштол. Бил осуден на затворска казна од 3 до 9 години, но успеал да служи 6 месеци во шок затвор за млади криминалци каде го заработил својот Генерален Развој во Образованието (ГРО). Џексон изјавил дека тој самиот не користел кокаин, туку само го продавал. Тој го посвоил прекарот “50 Сент” како метафора за промена. Името потекнува од Келвин Мартин, ограбувач од Бруклин во осумдесеттите, познат како “50 Сент“. Џексон го избрал името бидејќи кажувало сè што тој сакал да каже. “Јас сум иста личност како што бил тој”. “Си го обезбедив на секој можен начин”.

 
Куртис Џексон на микрофонот

1996-2000: Рана кариера

уреди

Џексон почнал да рапува во подрумот на некој пријател каде користел грамофони за да ја сними инструменталаната музика.[13] Во 1996 година некој пријател го запознал со Џем Мастер Џеј од групата Ран-ДМС, кој го организираше неговиот бренд во музичката куќа Џем Мастер Џеј рекордс. Џеј го научил како да ги брои тактовите, да пишува рефрени, да составува песни и како да снима.[14][15] Првото официјално појавување на Џексон било со песната наречена ”React ” со групата Онукс во 1998 година од нивниот албум Shut ’Em Down. Тој ги препишува заслугите на Џем Мастер Џеј како на влијание кое му помогнало да ја подобри неговата способност да пишува рефрени.[16] Џеј го изработил првиот албум на Џексон, меѓутоа никогаш не бил издаден. Во 1999 година, по заминувањето од Џем Мастер Џеј, продуцентското дуо Тракмастер кое има остварено платинска продажба го забележал Џексон и тој потпишал договор со Колумбија Рекордс. Го пратиле во студио во горниот дел од Њујорк каде испеал 36 песни за две недели.[7] 18 биле вклучени во неговиот неофицијално издаден албум Power of the dollar во 2000 година.[17] Тој исто така започнал да снима со сега непостоечката “Hollow Point Entertainment“ со поранешната група Џи Јунит здружена со Бенг Ем Смарф.[18][19]

Популарноста на Џексон започна да се зголемува по успешниот но контраверзен подземен сингл ”How to Rob” кој го напишал за половина час додека бил во кола на пат кон студио.[20][21] Песната комично објаснува како тој ги ограбува славните изведувачи. Тој го објаснува резонот преку содржината на песната изјавувајќи ”Има илјадници изведувачи со тој заштитен знак, мора да се одделиш сам од таа група и да се правиш важен“.[20] Раперите Џеј-Зи, Курупт, Биг Пан, Ди-Ем-Икс, Вуклеф Жан и Ву Танг Кланот возвратија на песната и Нас кој ја прифати музичката нумера позитивно, го покани Џексон на промотивната турнеја за неговиот албум Nastradamus.[22] Песната беше планирана да се издаде со “Thug Love“ заедно со Дестинис Чајлд, но 2 дена пред снимањето на закажаното музичко видео “Thug Love“, Џексон бил застрелан и задржан во болница заради неговите повреди.[23]

2000-2001: Оружениот инцидент

уреди

На 24 април 2000 година, Џексон бил наводно нападнат од убиец наречен Дарил Хомо Бум, пред поранешниот дом на неговата баба во Јужна Јамајка, Квинс. Тој влегол во колата на пријател, но го замолил да се врати во куќата да земе накит. Неговиот син бил во куќата, додека баба му во дворот. Откако се вратил на задното седиште во колата, друга кола се паркирала во близина. Напаѓачот потоа допешачил до левата страна на Џексон со 9 милиметарски пиштол, и испукал 9 куршуми од блиско растојание. Тој бил застрелан 9 пати: во дланката (околу неговиот десен палец и куршумот излегол од неговиот мал прст ), во рамото, колкот, двете нозе, градите и во левиот образ.[8][12][24] Повредата на лицето резултирала со потечен јазик, загуба на умник и со мало нејасно зборување.[12][22][25] Неговиот пријател исто така добил истрел во дланката. Биле однесени во болница каде Џексон поминал 30 дена. Бум, наводниот пукач, бил убиен 3 недели подоцна.[26] Бум бил близок пријател и бодигард на Мајк Тајсон.[27]

Џексон се потсеќа на инцидентот “Сè се случи толку брзо, дури немав ни шанса да возвратам, Бев исплашен цело време. Гледав во ретровизорот, Ох срање некој ми пукаше во лице”, Пече ,пече ,пече...”.[12] Во неговата автобиографија “From Pieces to Weight: Once upon a Time in Southside Queens”, тој напишал ”Откако бев застрелан 9 пати од блиско растојание и не умрев почнав да мислам дека имам цел во животот”...” Колку повеќе штета може да се нанесе некому. Дај ми една педа во овој или оној правец, и јас заминувам”.[9] Првите шест месеци користел помошно средство за одење, и после 5 месеци целосно закрепнал. Кога заминал од болницата одседнал во Поконос со тогашната девојка и синот. Неговиот тренинг режим му помогнал да ја постигне неговата физичка мускулатура.[8][12][28]

Додека бил во болница, Џексон потпишал договор за издавање со Колумбија рекордс. Сепак, неговиот бренд бил отфрлен и бил ставен на црната листа во музичката индустрија поради неговата песна “Ghetto qu’ran”. Немоќен да најде студио во кое ќе работи во САД, тој патувал за Канада.[29][30] Заедно со својот бизнис партнер, Ша Мани ИксЕл, тој снимил преку 30 песни на компилација со цел градење на репутацијата. “Shady Records A&R Marc Labelle”, во интервју со Хитквартерс изјавија , Џексон мудро ги искористил компилациите во негова корист: “Ги зеде сите најдобри ритми од секој изведувач и ги преработи во подобри рефрени”. Потоа тие влегоа на сите пазари и сите Ди-Џеи ги пуштаа.[31] Популарноста на Џексон се зголеми, и во 2002 година тој издаде независен материјал на компилација Guess Who’s Back?. Почнувајќи да привлекува внимание и сега поддржан од Џи Јунит, Џексон продолжил да издава музика, вклучувајќи песни како “50 Cent Is the Future”. На компилацијата имаше повторување на текстови од Џеј Зи и Рафаел Садик.[17]

 
50 Сент на концерт во Шпанија

2002-2009: Патот до славата

уреди

Во 2002 година Еминем, слушнал копија од цедето на Џексон Guess Who’s Back?. Тој го добил ЦД-то од адвокатот на Џексон, кој работел со менаџерот на Еминем, Пол Розенберг.[23] Импресиониран од албумот, Еминем го поканил Џексон да долета во Лос Анџелес каде го запознал со Д-р Дре.[8][14][23] По потпишувањето на договор од 1 милион долари,[14] Џексон ја издаде компилацијата “No mercy No Fear“. Компилацијата вклучуваше една нова песна, “Wanksta” која беше ставена како саундтрак на филмот на Еминем8-мата милја“.[17] Тој исто така се придружи на групата на Крис Лајти “Violator Management“ како и на групата на Ша Мани ИксЕл Money Management Group.

Во февруари 2003 година, Џексон го издаде својот комерцијален деби албум Get Rich or die trying. AllMusic го опиша како “веројатно најрекламираниот албум од рап изведувач во последната декада”.[32] Ролинг Стоун го означија албумот по неговите нејасни синтисајзерски звуци, звучните клавијатури и постојаните фанки отскокнувања.[33] Дебитираше како број еден на Билборд 200 листите, продавајќи 872.000 примероци во првите четири дена.[34] Водечката песна “In the club”, која The Source ја означи по одекнувачките труби, фанки оргулите, гитарските рифови и раштрканите ракоплескања,[35] го скрши рекордот на билборд листите како најслушана песна во тек на една недела, во радио историјата.[36]

Interscope во 2003 година му даде на Џексон негова сопствен бренд G-Unit Records.[37] Тој ги потпиша Лојд Бенкс, Тони Јајо и Јанг Бак како членови основачи на Џи Јунит. Д Гејм се придружи подоцна под заеднички договор со Aftermath Entertainment на Д-р Дре. Во март 2005 година, вториот комерцијален албум на Џексон The Massacre се продаде во 1.14 милиони примероци првите 4 дена - највисоко во скратен продажен циклус[34] и се задржа на место број 1 на билборд 200 листите 6 недели.[38] Тој станал првиот соло изведувач кој имал 3 песни на билборд топ 5 листа во иста недела со песните: “Candy Shop“, “Disco Inferno“ и “How We Do“.[39] Ролинг Стоун изјавија дека тајното оружје на 50 Сент е неговиот глас - измамувачкиот мек тенор кој го става на речиси секоја строфа.[40]

По заминувањето на Д Гејм, 50 Сент потпиша со Оливија и рап ветераните Моб Дип како дел од G-unit Records. Спајдер Лок, М.О.П, 40 Глок и Хот Род подоцна му се придружија на брендот. Џексон појавил интерест за работа со рапери надвор од Џи Јунит како Лил Скрапи од BME, ЕлЕл Кул Џеј од Def Jam, Мејс од Bad Boy и Фривеј од Roc- a- Fella, а со некои од нив снимил и песни.[41]

Во септември 2007 година тој го издадел својот 3 албум, “Curtis“ инспириран од неговиот живот пред Get Rich or Die Tryin’ “.[42] Дебитирал на место број 2 на билборд 200 листите, продавајќи се во 691.000 примероци првата недела[43] позади "Graduation" на Кање Вест, со кого имаше натпревар во продажба бидејќи и двата албуми беа пуштени во продажба истиот ден.

Тој потврди на TRL на 10 септември 2008 година дека неговиот четврти студиски албум, Before I Self Destruct ќе биде завршен и пуштен во продажба во ноември. На 18 мај 2009 година, Џексон издадел песна насловена “Ok,You’re Right“. Песната била продуцирана од Д-р Дре и ќе биде вклучена во Before I Self Destruct. Есента 2009 година 50 Сент се појавил во новата сезона на Behind The Music на VH1. На 3 септември 2009 година неколку месеци по пуштањето на "Before I Self Destruct" во продажба 50 Сент постирал видео[44] за песната “Flight 187“ продуцирана од SoundKillers’Phoenix,[45] која ја претставил неговата компилација 50’s Law a исто така била и ставена како бонус трака на ITunes изданието на Before I Self Destruct.[46] Песната поттикнала шпекулации дека постојат тензии помеѓу раперот 50 Сент и Џеј Зи заради коментарите на Џексон во песната.

2010-Сегашност: Нов Правец

уреди

Во интервју со британското забавно мрежно место ContactMusic, 50 Сент изјавил дека работи на Денс албум ( главно европски денс) наречен “Black Magic“.[47] 50 Сент рекол дека бил инспириран од Европските ноќни клубови “ Прво тие играат хип-хоп кој оддеднаш преминува во песни со повисоко темпо, познати како Европски денс. Меѓутоа подоцна потврдил дека го одложил албумот Black Magic бидејќи започнал да пишува нов материјал кој не се вклопува во концептот на Black Magic. Потврдил дека работи на неговиот петти студио албум.

Тој отишол на турнеја наречена The Invitation Tour во летото 2010 година, во поддршка на албумот Before I Self Destruct и одложениот албум “Black Magic“. На 3 Септември 50 Сент покажал почит кон долгогодишниот ментор Еминем и се појавил на неговата и на турнејата на Џеј Зи наречена Home & Home, изведувајќи хит песни како “Crack A Botlle“, заедно со долгогодишниот ментор Еминем и Д-р Дре, среде гласините дека 50 Сент повеќе не работи со Д-р Дре.

50 Сент ќе се појави на претстојниот посмртен албум на Мајкл Џексон во песната “Monster“.

50 Сент неодамна го дискутираше неговиот следен албум за време на снимањето на новиот музички спот на Џереми. Мислејќи на неодамнешниот протек на идеи водачот на Џи Јунит вели дека новиот проект е неговиот “Detox Album“ (албум на детоксификација) за кој можеби ќе бидат потребни 10 години. Тој исто така рекол дека снимил 20 песни со целосно различен концепт, пред да ги стави оние на страна и да направи нешто различно. Планирајќи да снима и пишува сè додека не биде совршено, 50 Сент вели дека е важно вистинскиот звук да го објави во тој момент. 50 Сент заврши со малку повеќе самодоверба изјавувајќи “ Никој во хип-хопот не поседува способност да го прави тоа што го правам јас”.

Останати проекти

уреди

Џексон се истакнал во неколку различни полиња. Во Ноември 2003 година потпишал петгодишен договор со Reebok за да произведува линија Џи Јунит патики, како дел од неговата Џи Јунит компанија за облека. Го позајмил својот глас како протагонист во видео играта 50 Cent Bullet Proof која била издадена за плејстејшн 2, Икс бокс и преносливата плејстејшн. Неговото продолжение 50 Cent: Blood on the Sand била издадена во почетокот на 2009 година. Тој работел со Glacéau за да создаде витамински воден напиток наречен формула 50. Во 2007 година Кока Кола купи пијалаци Glacéau за 4.1 милиони американски долари. Форбс оценила дека Џексон кој има акции во компанијата заработил 100 милиони долари од нето договорот. Тој се здружил со Рајд Гарт за да промовира спреј за тело наречен “Pure 50 RGX” и линија кондоми наречена “Magic Stick Condoms” од кој планирал да донира дел од профитот на Хив претпазливост. Џексон потпишал повеќе годишен договор со “Steiner Sports” за да ги продава неговите сувенири. Во 2005 година Џексон направил кратко појавување во Симпсонови во епизодата “Pranksta Rap” во која ги расветлува неговите проблеми со законот. Истата година тој ја играл главната улога заедно со Теренс Хауард во полу автобиографскиот филм “Get Rich or Die Tryin’ “. Тој исто така играл главна улога во филмот Home of the Brave во 2006 година, како војник кој се враќа дома од војната во Ирак трауматизиран по убиството на некоја жена од Ирак. Џексон работи на улога како борач во Државниот Затвор во Ангола во филмот “Spectacular Regret” заедно со Николас Кејџ и игра главна улога спроти Ал Пачино и Роберт Де Ниро во 2008 година во Righteous Kill, филм кој разгледува полициска смрт. Тој исто така основал филмски компании “G-Unit Films” во 2007 година и “Cheetah Vision” во 2008 година. Во Август 2007 година Џексон ги објавил плановите за промовирање на компанија за диетални додатоци во соработка со неговиот филм “Spectacular Regret”.

Во Август 2005 година кратко пред појавувањето во “Get Rich or Die Tryin’ “, Џексон објавил автобиографија насловена “From Pieces to Weight: Once Upon a Time in Southside Queens”. Во неа Џексон ги истражува културните и економските фактори кои го натерале да продава кокаин и крек, го опишува неговото претприемаштво како дрога разнесувач, а подоцна како рапер, и како тоа се одразува на неговиот сопствен Етос и Општеството. На 4 Јануари 2007 година ги промовирал неговите “G-Unit Books” испечатени во зградата Тајм Ворнер. Тој исто така ја напишал “The Ski Mask Way”, новела за кратко временски разнесувач на дрога кој се обидува да ги ограби неговите работодавци за која ќе се снима и филм. Џексон изјавил дека ја прочитал книгата “33 те стратегии во Војна“ од Роберт Грин и работел со авторот на книга наречена 50-тиот Закон, градска примена на 48-те закони за моќ. Во Мај 2008 година Џексон го запознал билионерот Патрик Мотсеп за да гради заеднички потфат продавајќи ја брендираната платина на 50 Сент.

Во 2008 година Џексон започнал реално ТВ Шоу на МТВ насловено 50 Cent: The Money and the Power, победникот Рајан Мејбери освои 100 илјади долари инвестиција од Џексон. Во 2010 година филмската компанија на Џексон “Cheetah Vision” потрошила 200 милиони долари во финансирање.

Личен живот

уреди

На 13 Октомври 1997 година тогашната девојка на Џексон, Шанита Топкинс родила син Маркиз Џексон. Подоцна Топкинс го тужела Џексон на 50 милиони долари тврдејќи дека тој рекол дека ќе води грижа за неа цел живот. Тужбата која вклучувала 15 изјави подоцна била разрешена од судија кој ја нарекол “Несреќна љубовна приказна која станала кисела“. Во февруари 2009 година Томпкинс и нејзиниот адвокат поднесоа жалба.

Раѓањето на неговиот син ја смени перспективата на Џексон за животот “ Кога син ми влезе во мојот живот моите приоритети се сменија, бидејќи сакав да имам однос со него каков што јас никогаш немав со мојот татко“. Тој му ја препишува заслугата на неговиот син за инспирирањето на неговата кариера и што му е мотивација да оди во друг правец.

Џексон има тетоважа од Маркиз со секира на неговиот десен бицепс “ Секирата е бидејќи сум борец. Не сакам и тој да биде исто така “ објаснува тој. Тој исто така има истетовирано 50, Southside и Cold World на неговиот грб бидејќи “Јас сум производ на таа средина. На мојот грб се бидејќи се е зад мене“. Џексон излегувал со глумицата Вивика А. Фокс. По неколку месеци тој го објавил нивното разделување на шоуто Howard Stern, кога слика од нивното разделување заврши на насловната од магазинот “Today Black Woman” без негово знаење.

Во 2005 година Џексон изјавил поддршка за претседателот Џорџ Буш откако раперот Кање Вест го искритикувал забавeниот одговор за помошта за жртвите од ураганот од Катрина. Ако неговото кривично дело не го спречеше да гласа тврдел дека ќе гласа за Буш. Подоцна изјавил дека Буш има помалку сочувство од просечниот човек. Во секој случај не се стремам да бидам како Џорџ Буш.

Во 2007 година Форбс го стави Џексон на 2 место зад Џеј Зи во рап индустријата по неговото богатство. Тој претстојувал во Фармингтон, Конектикат во поранешниот замок на екс боксерот Мајк Тајсон. Тој го ставил замокот на продажба со цена од 18.5 милиони долари за да се пресели поблиску до неговиот син кој живеел на Лонг Ајленд со неговата поранешна девојка. Градоначалникот на Бриџпорт, Конектикат, 12 Октомври 2007 година го прогласил за ден на 50 Сент Куртис Џексон. Тој бил почестен со клучот од градот и официјално прогласување. Еден од неговите домови во Њујорк купен за 2.4 милиони долари во јануари 2007 година и центар на тужбата меѓу Џексон и поранешната девојка Шаника Топкинс се запалил на 31 Мај 2008 година додека тој надвор во градот снимал филм во Луизијана.

Во Декември 2008 година 50 Сент изјавил за Канадскиот печат дека тој бил зафатен од рецесијата губејќи неколку милиони долари на берзата. Тој исто така продолжил да раскажува како не можел да го продаде неговиот замок во Конектикат и го задржал албумот “Before I Self-Distruct” поради економската криза.

Во Ноември 2009 година 50 Сент ја добил тужбата против Тако Бел во врска со ланецот на брза храна кој го користел неговото име за да го промовира брендот без негова дозвола.

Конфликти со други рапери

уреди

Како да ограбуваш

уреди

50 Сент изјавил дека тој имал намера синглот да биде шега, и не мислел да навреди никој. Меѓутоа неколку рапери спомнати во песната одговориле со снимање на песни. Коментарите кои биле упатени кон Ву Танг Клан добиле одговор во албумот Supreme Clientele од Ghost Face Killa во песна наречена “Ghost Deini”, и уште по директно во пародијата наречена Clyde Smith, која вклучува изјава на еден од членовите на Ву Танг Клан, идентификуван како Риквон, како тие имаат намера да му наштетат на раперот кога песната е забрзана. Наводна навредлива песна “Who the Fuck is 50 Cent” која циркулираше на веб во почетокот на 2001 година имаше гласини дека е од Кланот, но беше докажано дека била снимана од “Polite of American Cream Team” (тогашен проект на Риквон).

Џеј Зи исто така реагираше на коментарите во песна наречена ‘It’s hot (Some Like It Hot)” на албумот Vol.3: Life and Times of S.Carter.

"Go against Jigga yo' ass is dense I'm about a dollar, what the fuck is 50 Cents?"

Стики Фингарс одговори на навредливата песна со компилацијата "Jackin' for Beats."

"The real 50 from Brooklyn god bless he got outed You just a fake clown who front and rout about it."

Биг Пан одговори на оваа песна на неговиот албум Yeeeah Baby, во песната "My Turn."

"And to the 50 Cent Rapper, very funny -- get your nut off, 'cuz in real life, we all know I'd blow your motherfucking head off...If I'm gonna write a song, it'll be about how I had to beat your mothafuckin' ass. And that'll be the name of the motherfucker: 'That's Why I Had To Beat Your Motherfucking Ass', featuring Tony Sunshine."

Курупт одговори со песната "Callin' Out Names."

"Now it's 50 mc's that ain't worth shit Get ya ass kicked 50 times, beat to 10 cent"

Вуклеф Жан одговори со песната "Low Income", од неговиот албум од 2000 година, The Ecleftic.

"I stay so hungry that if 50 Cent came to rob me he'd be part of my charity."

Murder Inc.

уреди

Пред потпишување на договор со Interscope, Џексон бил вмешан во доста јавен спор со раперот Џа Рул и неговата издавачка куќа “The Inc. Records”. Џексон тврди дека некој пријател украл наќит од Џа Рул и Џа Рул го обвинил него за тоа. Меѓутоа Џа Рул изјавил дека конфликтот произлегува од видео во Квинс, бидејќи Џексон не сакал да го гледаат како добива толку многу љубов од соседството. Во Март 2000 година додека бил во студиото “The Hit Factory” во Њујорк, Џексон имал караница со партнерите Murder Inc. Откако добил убодна рана му биле сошиени 3 конци. Раперот Блек Чајлд изјавил дека тој го избодел во самоодбрана бидејќи мислел дека некој посегнал по пиштол.

Во писмена изјава од агент од Внатрешната служба за приходи, било сугерирано дека Murder Inc. имале врски со Кенет МекГриф (Јакиот) крал на дрогата во Њујорк, кој бил осомничен за вмешаност во убиството на Џем Мастер Џеј и во пукањето на Џексон. Извадок од писмената изјава вели:

Истрагата разоткрила заговор кој ги вклучува МекГриф и други членови кои го убиле рап изведувачот кој издал песни кој содржат коментари за криминалните активности на МекГриф. Рап изведувачот бил застрелан во 2000 година, преживеал, а потоа одбил да соработува со спроведувањето на законот во врска со пукањето. Пораките пренесени преку пејџерот на Murder Inc. укажуваат дека МекГриф е вмешан во активен заговор да се убие овој рап изведувач, и дека тој комуницирал со вработените од Murder Inc. во врска со целта.

Размената на навредливи песни издадени од двете страни кулминира во албумот на Џа Рул насловен Blood in my Eye, албум во кој најмногу ги навредува Џексон и Еминем. Џа Рул на крајот пробал да ја задуши кавгата со Џексон користејќи го министерот Луис Фаракан во ТВ интервју. Меѓутоа обидот за мир загуби на кредибилитет кога интервјуто било откажано ден пред издавањето на албумот “Blood in my Eye”. Како резултат на тоа повеќето од обожавателите заедно со Џексон го отфрлиле интервјуто како безсрамен рекламен потег.

Џа Рул подоцна го објавил албумот R.U.L.E. каде со успешниот сингл “New York” во кој учествуваат Џадакис и Фет Џо, потсвесно го напаѓа Џексон. Овој сингл предизвика Џексон да влезе во кавга со двајцата изведувачи - придружници. Кавгата завршила кон крајот на 2004 година кога Еминем ја издадел “Like Toy Soldiers” која ги објаснува неодамнешните кавги со Џа Рул и Бензино. На крајот од песната Еминем им нуди примирје на своите непријатели. Исто така кавгата подоцна беше повторно обновена во почетокот од 2005 година.

Раперите од Њујорк

уреди

Пред да го издаде албумот “The Massacre” Џексон снимил песна наречена “Piggy Bank” како одговор на песната “New York ” од Џа Рул, која била пуштена пред да се издаде албумот. Цел на песната се раперите Фет Џо, Нас и Џадакис. Фет Џо одговорил со песна “My Fofo” обвинувајќи го Џексон дека зема стероиди, се крие дома и е љубоморен на Д Гејм. Исто така одговорил со песна “Checkmate” и рекол дека Џексон се обидувал да создаде возбуда за неговиот нов албум. Музичкото видео “Piggy Bank” одсликува анимирани карикатури од Џадакис ( како Нинџа Желка ), Фет Џо ( како боксер со прекумерена тежина кој добива нокаут ), Нас ( како дете кое го трчка камионот на Милк Шејк во Супермен костим ) и Д Гејм ( како господин со компир глава ). Тој исто така ги навредува нив во неговиот сингл “Window Shopper”. Келис, сопругата на Нас, исто така одговара на песната со нејзиниот сингл “Bossy”. Нас подоцна одговорил со “Don’t Body Ya Self (MC Burial)”. Нас подоцна го навредува Џексон во песната “Street Ridaz” на компилацијата “Break Lights” од Д Гејм.

Џексон зборувал негативно за издавачката куќа Bad Boy Entertainment на богаташот Шон Комбс и снимил песна насловена “Hip Hop” во која ги открива причините за неговите негативни чувства: главно спорот со договорот во врска со “Mase”. Во песната, индиректно вели дека Диди знаел детали за убиството на Ноториус БИГ и се заканувал да ги изложи преку поранешните партнери. Кавгата била разрешена кога двајцата рапери се појавиле во емисијата TRL и Sucker Free на МТВ, секој посебно тврдејќи дека нема повеќе проблеми. Кавгата повторно се вжештила во 2010 година кога 50 Сент го навредил Диди велејќи дека неговата музика е за никаде.

На 1 февруари 2007 година Кам'рон и Џексон имале расправија во живо во шоуто Angie Martinez на Hot 97 радиото. Џексон коментирал дека Koch Entertainment е “гробишта“ со што сакал да каже дека поголем дел од издавачите куќи не би сакале да работат со нивните изведувачи. Тогаш Камрон ја исмеал продажбата на членовите на Џи Јунит, Лојд Бенкс и Моб Дип, тврдејќи дека Џим Џоунс ја надминал продажбата на нивните албуми и покрај тоа што имал потпишано договор со независни издавачки куќи, и дека неговата група The Diplomats, имала поделен договор со неколку издавачки куќи. Двајцата рапери издале песни со навредливи содржини на ЈуТјуб. Џексон сугерирал во “Funeral Music“ дека Кам’рон повеќе не е во можност да ги води Дипломатите (The Diplomats) и дека Џим Џоунс треба да го преземе местото. Кам’рон возвратил со “Curtis” и “Curtis Part 2” во кои го исмејува неговото појавување нарекувајќи го горила со зајачки заби. Џексон возвратил со песната “Hold On” со Јанг Бак.

Гејм

уреди

Иако тој бил близок со Д Гејм, пред тој да го издаде неговиот деби албум The Documentary тие почнале да се караат. По неговото издавање, Џексон почувствувал дека Д Гејм бил нелојален кога му рекол дека тој не сака да учествува во кавгите на Џи Јунит со други рапери и дека дури сакал да работи со изведувачи со кои тие се во кавга. Тој исто така тврдел дека тој напишал 6 песни на неговиот албум и не добил соодветно признание бидејќи Д Гејм тоа го негирал.

Џексон подоцна на Hot Radio 97 го распуштил Д Гејм од Џи Јунит. По изјавата, Д Гејм кој истата вечер бил гостин, пробал да влезе во зградата со неговата придружба. Откако не го пуштиле да влезе еден од неговите придружници бил застрелан во ногата додека се соочувале со група луѓе кои ја напуштале зградата. Кога ситуацијата се заострила двајцата рапери држеле прес конференција за да го објават нивното смирување. Обожавателите ги измешале чувствата така што раперите создале рекламен трик кој ја зголемил продажбата на албумите кои штотуку ги издале. И покрај тоа, откако ситуацијата се смирила, Џи Јунит ја критикувале уличната репутација на Д Гејм. Групата го осудила Д Гејм и изјавила дека тие нема да учествуваат на неговите албуми. За време на изведбата на Summer Jam, Д Гејм започнал бојкот на Џи Јунит (G-Unit) наречен Џи Јунот (G-Unot).

По изведбата на Summer Jam, Д Гејм возвратил со песната “300 Bars and Runnin’ ”, продолжена навредлива песна насочена кон Џи Јунит како и членовите на Roc-A-Fella Records на компилацијата “You know what it is Vol.3”. Џексон одговорил со неговото музичко видео “Piggy Bank” во кое Д Гејм е кукла господин со компир глава и исто така ги исмејува другите соперници. Оттогаш двете групи продолжиле да се напаѓаат меѓусебно. Д Гејм издал две други компилации “Ghost Unit” и двд компилација наречена Stop Snitchin, Stop Lyin.

Џексон на тело на машки стриптизер ја ставил главата на Д Гејм на компилацијата “Hate it or Love it (G-Unit Radio Part 21)” како одговор на објавените слики од Д Гејм на кој Џи Јунит се облечени како групата Village People. Иако имал договор со издавачката куќа Aftermath Entertainment, Д Гејм ја напуштил куќата и потпишал со Geffen Records за да ги заврши неговите договорни обврски со Џи Јунит (иако други тврдат дека Џексон го притискал Д-р Дре да го исфрли). Членот на Џи Јунит, Спајдер Лок, исто така почнал да го навредува Д Гејм во неколку песни. Покрај тоа Д Гејм издадел "240 Bars (Spider Joke)" и "100 Bars (The Funeral)" заедно напаѓајќи ги Џи Јунит, Спајдер Лок и останатите. Одговорот на Џексон беше “Not Rich, Still Lyin’” каде тој го исмева Д Гејм. Лојд Бенкс му одговори на Д Гејм на сесиите во слободен стил на пеење на Rap City телевизијата. Д Гејм брзо издадел навредлива песна наречена “SoundScan” каде се подбива на албумот на Лојд Бенкс “Rotten Apple” кој паднал на 13-то место на билборд 200 топ листата, за разочарувачката двонеделна продажба. Лојд Бенкс возавратил на неговата компилација “Mo’Money In The Bank Pt.5: Gang Green Season Continues” со песна наречена “Showtime (The Game’s Over)”. Лојд Бенкс изјавил дека Џексон напишал половина од песните на Д Гејм на албумот “The Documentary” и се потсмева на убиствените мисли на Д Гејм.

Во октомври 2006 година Д Гејм му предложил мировен договор на Џексон кој не бил веднаш возвратен меѓутоа неколку дена подоцна на Power 106, изјавил дека договорот бил понуден само за еден ден. На албумот на Д Гејм “Doctor’s advocate”, тој тврди дека кавгата е завршена на неколку од песните.

Во јули 2009 година изјавил дека соперништввото престанало со помошта од Мајкл Џексон и Диди, и тој се извинува за неговите дела во тоа време. Тони Јајо изјавил дека ниту Џексон, ниту Џи Јунит нема да го прифатат неговото извинување. Оттогаш, Д Гејм ја продолжил изведбата на Џи Јунот (G-Unot) на негов начин на неговите концерти. Џексон на неговиот албум Before I Self Distruct издадел навредлива песна наречена “So Disrespectful” напаѓајки ги Џеј Зи, Д Гејм и Јанг Бак. Гејм подоцна одговорил со песната “Shake” подбивајќи се со спотот на синглот на Фифти Сент “Candy Shop” велејќи: “Јас и Фифти не се согласуваме со истите срања затоа јас мора да...(Shake), Не му кажувам што да става во белковините...(Shake), Гледајќи го видеото “Candy Shop” ја гледам таа црнчуга...(Shake), И тоа се истите срања кои ги прави и црнчугата Јанг Бак (Shake). Тој исто така ги напаѓа Лојд Бенкс и Тони Јајо, каде што вели: “ Изненаден сум што Лојд Бенкс и Јајо не се тие...(Shake) Што не продаваат албуми за Џими да ги сака (Shake). Д Гејм исто така ги навредил Џи Јунит неколкупати во песната “400 Bars”.

Рик Рос

уреди

Во јануари 2009 година Рик Рос започнал расправија со 50 Сент бидејќи тој наводно го погледнал на погрешен начин на доделувањето на BET наградите. Сепак Џексон рекол на извори дека тој не се ни сеќава дека го видел Рик на наградите. Кон крајот на јануари, песна од Рик Рос насловена “Mafia Music“ излезе на Интернет. Имало неколку линии во песната кои очигледно го навредиле Џексон. Неколку денови подоцна Џексон ја издадел "Officer Ricky (Go Head, Try Me)" како одговор на потценувачките забелешки на Рик Рос за песната “Mafia Music“. Наредниот ден Рик се појавил на Shade45 и му порачал на Џексон да измисли нешто подобро во наредните 24 часа.

Пред да оди во Венецуела, Џексон закачил видео насловено “Warning Shot” каде го предупредува Рик Рос “Ќе ти го заебам животот заради забава”. Како додаток Џексон го издадел првиот од серијата цртани филмови “Officer Ricky”. На почетокот на февруари, Џексон повторно направил видео кое го ставил на Ју Тјуб каде ја интервјуира Тиа - мајката на едно од децата на Рик. Таа потврдува дека Рик бил казнен офицер и тврди дека самиот тој како личност е лажен и измамник. Во четврток, 5 февруари 2009 година, Д Гејм со кого Џексон имал долготрајно соперништвво се јавил во радио станицата Seattle’s KUBE 93. Кога бил прашан за соперништввото помеѓу Џексон и Рик Рос, тој застанал на страната на Џексон и изјавил дека работите не изгледаат добро за Рик Рос. Како и да е му понудил помош на Рик за да излезе од таквата ситуација, тврдејќи “Рик Рос, држи сè до твоето момче, човеку“, “50 Сент ќе те изеде, момче“.

На неговиот албум Deeper than rap Роc му се обраќа на Џексон во песната “In cold blood“. Видеото за песната било пуштено во јавност и во него е одсликан исмевачки погреб на Џексон. Со пуштањето на видеото, Рос изјавил дека ја завршил кариерата на Џексон.

Во интервју Џексон рекол дека: “Рик Рос е Алберт од CB4. Сте го гледале некогаш филмот? Тој е Алберт”, додаде. “Не може да биде полошо од ова. Земаш дечко кој бил казнен офицер и кој ја базира целата негова кариера на пишување текстови, од перспектива на дилер на дрога како Freeway” Ricky Ross.

Лил Вејн

уреди

Откако 50 направил нељубезни забелешки на сметка на Лил Вејн, слушнал гласини дека тој подготвил песна за него, и му се нафрлил на 17 август 2007 година со песната “Part Time Lover”. Иако Вејн никогаш вистински не одговорил на песната, 50 Сент објавил во јавност навредлива песна наречена “Louisianimal” која ја пуштил да се врти подоцна на 17 ноември 2008 година. Џексон му одговорил на Вејн во јануари 2009 година со песна насловена “Play This On The Radio”. Како што се чини контраверзијата помеѓу Џексон и Лил Вејн завршила на 14 август 2009 година кога Џексон се појавил и настапил на “Најбараниот Американски Музички Фестивал“ на Лил Вејн во Анахајм, Калифорнија.

Јанг Бак

уреди

После бројни гласини за соперништввото со Џи Јунит, Џексон официјално го распуштил Јанг Бак од групата во 2008 година. Тој подоцна се осигурал дека сè уште е поврзан со брендот. Со појавувањето на Јанг Бак во видеото на поранешниот соперник Д Гејм, бројни озборувачки песни се појавуваа на Интернет од двата табора. Џексон подоцна пуштил снимен телефонски разговор помеѓу него и Јанг Бак, кој покажа една од виситинските причини за неговото исфрлувањето. Џексон имал позајмено пари од некој близок рапер. Јанг Бак подоцна изјавил дека разговорот бил снимен една година пред објавувањето. Двата табора оттогаш имаат издадено голем број на песни против самите нив, меѓутоа расправијата се стиши во 2009 година, со изјавата на Јанг Бак дека тој работи на неговиот последен албум, кој сè уште треба да се издаде под брендот Џи Јунит.

Тужба

уреди

21 јули 2007 година, Џексон поднел 1 милионска тужба против рекламната компанија Traffix Inc. од Перл Ривер, Њујорк за користење на негова слика во промоција која ја загрозува неговата безбедност. Тој слушнал за рекламата откако еден од неговите колеги ја видел на страната Мај Спејс. Според судските документи рекламата покажува карикатаура од раперот и порака “Застрелај го раперот и ќе добиеш 5000 долари, или гарантирани 5 звучни тонови“. Иако рекламата не го употребува неговото име сликата наводно личи на него, што укажува дека тој ја поддржува рекламата. Тужбата ја нарекува насилна, невкусна и подла употреба на слика од 50 Сент која буквално повикува на насилство против него. Тужбата е во потрага по неодредени казнени мерки и трајна забрана за користење на неговиот лик без дозвола.

Дискографија

уреди

Соло албуми
  • Get Rich or Die Tryin' (2003)
  • The Massacre (2005)
  • Curtis (2007)
  • Before I Self Destruct (2009)
  • Animal Ambition (2014)

Албуми со G-Unit
  • Beg for Mercy (2003)
  • T.O.S: Terminate of Sight (2008)

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Birchmeier, Jason. „50 Cent Biography“. AllMusic. Архивирано од изворникот June 26, 2016. Посетено на June 26, 2016.
  2. „Five Reasons Before I Self Destruct Flopped“. Vibe. November 26, 2009. Архивирано од изворникот на October 17, 2015. Посетено на January 16, 2014.
  3. „Artists of the Decade“. Billboard. Архивирано од изворникот November 12, 2012. Посетено на July 11, 2016.
  4. „50 Greatest Rappers of All Time“. Billboard (англиски). 2023-02-08. Посетено на 2024-02-23.
  5. Празен навод (help)
  6. Празен навод (help)
  7. 7,0 7,1 Samuels, Allison (February 21, 2007). „The Flip Side of 50 Cent“. Newsweek via MSNBC. Архивирано од изворникот на August 10, 2010. Посетено на May 22, 2007.
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 Tourã (April 3, 2003). „The Life of a Hunted Man“. Rolling Stone. Архивирано од изворникот на May 23, 2011. Посетено на June 5, 2015. (online is excerpt only)
  9. 9,0 9,1 „50 Cent: Biography“. Billboard.com. Архивирано од изворникот April 20, 2016. Посетено на September 8, 2010.
  10. Weiner, Jonah (August 2007). 33 Things You Should Know About 50 Cent Архивирано на 18 февруари 2009 г.. Blender. Retrieved September 30, 2007.
  11. „Wegen Bidens Reichensteuer: 50 Cent unterstützt Donald Trump“. FAZ.NET (германски). ISSN 0174-4909. Посетено на 2020-10-20.
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 12,4 Reid, Shaheem; Calloway, Sway; Pak, SuChin; Parry, Heather; Waller, Curtis (February 12, 2003). „50 Cent: Money to Burn“. MTV. Архивирано од изворникот на February 23, 2003. Посетено на May 22, 2007.
  13. "La Méthode Cauet" (2006). TF1.
  14. 14,0 14,1 14,2 Youngs, Ian (December 23, 2002). 50 Cent: The $1m rapper Архивирано на 28 декември 2008 г.. BBC News. Retrieved August 16, 2007.
  15. Tarek, Shams (May 16, 2003). Jamaica's 'Own Bad Guy' 50 Cent Making Good in the Music Biz Архивирано на 26 ноември 2010 г.. Queens Press. Accessed May 22, 2007.
  16. Reid, Shaheem (February 25, 2005). All Eyes on 50 Cent: The Sequel Архивирано на 23 ноември 2014 г.. MTV. Accessed May 22, 2007.
  17. 17,0 17,1 17,2 Biography Архивирано на 24 ноември 1999 г.. 50cent.com. Accessed May 22, 2007.
  18. Chery, Carl (May 18, 2004). 50 Cent's a Fake, Says Ex-G-Unit Member, Bang Em Smurf Архивирано на 15 август 2009 г.. SOHH. Retrieved June 5, 2007.
  19. Williams, Houston (February 2004). Bang'em Smurf: Life after G-Unit. AllHipHop. Retrieved July 20, 2007.
  20. 20,0 20,1 Interview w/ Jackson Архивирано на 14 февруари 2007 г.. AOL Music (August 1, 2003). Accessed May 22, 2007.
  21. 50 Cent. From Pieces to Weight Part 5 Архивирано на 23 ноември 2014 г.. MTV. Accessed May 22, 2007.
  22. 22,0 22,1 Reid, Shaheem; Norris, John (November 7, 2005). „50 Cent: Return to Southside“. MTV. Архивирано од изворникот на February 18, 2006. Посетено на May 22, 2007.
  23. 23,0 23,1 23,2 Ninja (December 2002). 50 Cent Interview Архивирано на 13 мај 2007 г.. Dubcnn. Accessed May 22, 2007.
  24. Tyrangirl, Josh (February 17, 2003). Rap's Newest Target Архивирано на 16 мај 2007 г.. Time. Accessed May 22, 2007.
  25. Get Rich or Die Tryin': The Movie (2003) (bonus documentary DVD). Interscope Records.
  26. Chery, Carl (October 24, 2005). 50 Cent Shot by "Hommo" Reveals Tell-All Book. SOHH. Accessed May 22, 2007. Архивирано на 25 октомври 2005 г.
  27. Cohen, Stefanie (2008-06-13). „Tyson In Hit Bid: Witness“. New York Post. Архивирано од изворникот September 4, 2012. Посетено на 2010-09-08.
  28. Jenkins, Sacha (July 9, 2007). I Was There Архивирано на 22 јануари 2009 г.. XXL. Retrieved July 31, 2007.
  29. Mace, Francis (September 6, 2005). Surveilling 50 Cent Архивирано на 6 февруари 2006 г.. The Smoking Gun. Accessed May 22, 2007.
  30. Weiner, Jonah (April 2005). Dear Superstar: 50 Cent Архивирано на 18 декември 2008 г.. Blender. Accessed May 22, 2007.
  31. „Interview With Marc Labelle“. HitQuarters. November 28, 2005. Архивирано од изворникот на September 11, 2018. Посетено на Jun 21, 2010.
  32. Birchmeier, Jason. Get Rich or Die Tryin' Review. Allmusic. Accessed May 22, 2007.
  33. Hoard, Christian (March 6, 2003). Get Rich or Die Tryin' Review Архивирано на 10 април 2009 г.. Rolling Stone. Accessed May 22, 2007.
  34. 34,0 34,1 Gundersen, Edna (September 3, 2005). 'Massacre' sales top one million Архивирано на 24 мај 2011 г.. USA Today. Accessed May 22, 2007.
  35. Rosario, Boo (March 2003). "Record Report". The Source, p. 192.
  36. Timeline Архивирано на 28 април 2007 г.. Rock on the Net. Accessed May 22, 2007.
  37. Winston, Dallas (April 9, 2003). G-Unit Records Signs with Interscope. AllHipHop. Retrieved July 20, 2007.
  38. Whitmire, Margo (April 15, 2005). 50's 'Massacre' Extends Chart Lead to 6th Week Архивирано на 29 септември 2007 г.. Billboard. Retrieved June 13, 2007.
  39. Montgomery, James (March 9, 2005). 50 Cent's The Massacre Makes Huge Chart Debut Архивирано на 18 декември 2007 г.. MTV. Accessed May 22, 2007.
  40. Brackett, Nathan (March 10, 2005). The Massacre Review Архивирано на 26 јуни 2007 г.. Rolling Stone. Accessed May 22, 2007.
  41. Black, Bea (February 8, 2006). Roc-A-Fella Rapper Freeway Collaborating with G-Unit for New Album. AllHipHop. Retrieved July 22, 2007.
  42. Reid, Shaheem (April 27, 2007). 50 Cent Talks Timberlake Collabo, Star-Studded New LP Curtis Архивирано на 16 октомври 2007 г.. MTV. Retrieved October 4, 2007.
  43. Mayfield, Geoff (September 18, 2007). Kanye Crushes 50 Cent in Huge Album Sales Week Архивирано на 4 октомври 2007 г.. Billboard. Retrieved October 4, 2007.
  44. „50 Cent – Flight 187“. YouTube. 2009-09-03. Архивирано од изворникот October 17, 2015. Посетено на 2010-05-12.
  45. „Behind The Boards: Producer Phoenix Interview“. Champ Magazine. 2009-10-14. Архивирано од изворникот на 2013-07-28. Посетено на 2010-05-12.
  46. Reid, Shaheem (2009-09-04). „Did 50 Cent Throw A Jab At Jay-Z On 'Flight 187'?“. MTV News. Архивирано од изворникот April 26, 2010. Посетено на 2010-05-12.
  47. Reid, Shaheem (March 19, 2010). „50 Cent Says Uptempo Black Magic LP Is 'Still Hip-Hop' – Music, Celebrity, Artist News“. MTV. Архивирано од изворникот August 9, 2010. Посетено на July 24, 2011.