MySpace е мрежна страница за друштвено вмрежување со интерактивна кориснички поднесена мрежа на пријатели, лични профили, блогови, групи, фотографии, музика и видео за тинејџери и возрасни на меѓународно ниво. Неговите седишта се во Беверли Хилс, Калифорнија во САД[1], каде дели канцелариска зграда со неговиот директен сопственик Fox Interactive Media, кој е во сопственост на News Corporation, којшто пак го има своето седиште во Њуjорк. Во јуни 2006 година, МySpace беше еден од најпопуларните страници за друштвено вмрежување во САД [2]. Според comScore MySpace беше преземен меѓународно од неговиот главен конкурент Facebook во април 2008 година, засновано на засебни месечни посетители [3][4]. Компанијата има околу 300 вработени [5]. Сто милионитата корисничка сметка беше создадена на 6 август 2006 [6] во Холандија [7] и страницата приближно броеше 106 милиони кориснички сметки на 8 септември 2006[8].

Дизајн на страницата

уреди

Низ 2007 и 2008 година МySpace ги редизајнираше поголемиот дел од опциите на страницата како во поглед на функција, така и на изглед. Една од првите функции која што беше редизајнирана беше главната страна на корисникот, а беа додадени и нови опции како што се најнови информации за статусот, апликации и претплати со цел да биде во тек со крајно модерните и најнови елементи на Facebook. Во 2008 година главната страна на MySpace доби поедноставен и пријателски изглед, како и естетски попривлечен за очите. MySpace Music беше повторно создадено во есента 2008 година заедно со надоградена верзија на MySpace профилот. Повеќе нови промени можат да се случат во 2009 година за да се создава комплетно модернизиран MySpace.com за следната генерација.

Наводи

уреди
  1. http://www.laobserved.com/biz/2006/08/my_space_is_not_thei.php
  2. http://mashable.com/2006/07/11/myspace-americas-number-one/
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-08-18. Посетено на 2009-03-17.
  4. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-05-01. Посетено на 2009-03-17.
  5. http://money.cnn.com/magazines/fortune/fortune_archive/2006/09/04/8384727/index.htm
  6. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-09-09. Посетено на 2009-03-17.
  7. http://seekingalpha.com/article/15237-rupert-murdoch-comments-on-fox-interactive-s-growth
  8. http://www.theregister.co.uk/2006/09/08/myspace_threatens_record_labels/