Келис

американска пејачка

Келис Роџерс (англиски: Kelis Rogers; родена на 21 август 1979 година), позната само како Келис ― американска кантавторка и готвачка.[1]

Келис
Роден(а)Келис Роџерс
21 август 1979(1979-08-21)(45 г.)
Менхетн, Њујорк, САД
Алма матерLe Cordon Bleu (дипломец)
Занимање
  • Пејачка
  • текстописец
  • готвач
  • угостител
Активен период1997–present
Сопружник
  • Нас (в. 2005; раз. 2010)
  • Мајк Мора (в. 2014; died 2022)
Деца3

Келис го издала првиот студиски албум Kaleidoscope во декември 1999 година. Најголем успех имала со албумот Tasty (2003). Особено успешен бил синглот „Milkshake", за кој Келис била номинирана за Греми награда за „Најдобра урбана/алтернативна изведба“ во 2004 година. По објавувањето на нејзиниот четврти албум, Kelis Was Here (2006) Келис направила пауза во нејзината музичка кариера и започнала да студира кулинарство во Le Cordon Bleu.

Роџерс добила награди на: Британските музички награди, Награда од списанието Кју, Награда од NME и Греми.[2] Таа соработувала со ар-ен-би и хип-хоп изведувачи како: Нас (со кого се омажила во 2005 година), Баста Рајмс, Outkast и Паф Деди; електронски и денс-продуценти како: Калвин Харис, Disclosure, Џорџо Мородер, Тимо Маас и Ричард Екс; поп и рок-изведувачи: Енрике Иглесијас, Дуран Дуран и No Doubt; и инди и алтернативни музичари како: Бјорк и Дејв Ситек. Продала 6 милиони плочи ширум светот,[3] а особен успех имала во Обединетото Кралство, каде што десет нејзини синглови се искачиле во првите десет на топ-листата за синглови во Обединетото Кралство.

Детство и младост

уреди

Келис Роџерс е родена на 21 август 1979 година во населбата Харлем на Менхетен. Нејзиното име е портманто од името на татко ѝ, Кенет (1944–2000) и името на мајка ѝ, Евелис. Нејзиниот татко Кенет бил афроамерикански џез-музичар и пентекостален свештеник, а претходно бил професор на Универзитетот Веслијан.[4] Нејзината мајка Евелис е кинеско-порториканска модна дизајнерка која ја инспирирала Роџерс да ја продолжи својата пејачка кариера. Таа има три сестри.[5]

Како дете, Роџерс пеела во црковни хорови и свирела виолина, пијано и саксофон додека одела во приватно училиште.

Кариера

уреди

1997-2002: Први два албума

уреди

По матурирањето, Роџерс била пратечки вокал за еден албум на хип-хоп групата Gravediggaz. Еден нејзин пријател ја запознал со продуцентското дуо The Neptunes (Фарел Вилијамс и Чад Хуго); тие почнале да соработуваат и со нивна поддршка Келис склучила договор за снимање со Virgin Records.[6][7]

Првиот студиски албум на Келис, Kaleidoscope, бил издаден на 7 декември 1999 година од Virgin Records. Албумот бил продуциран од The Neptunes. И покрај слабите перформанси во САД, албумот забележал умерен успех во некои други држави, вклучувајќи го и Обединетото Кралство.[8][9] Kaleidoscope бил реиздаден на 21 февруари 2020 година, по повод 20-годишнината од нејзината професионална музичка кариера.

Во 2001 година, Келис освоила Брит Награда за „Најдобар меѓународен нов изведувач“ и NME награда за „Најдобар R&B/соул изведувач“, а потоа ги придружувала на Moby и на U2 на нивните турнеи.

Вториот албум на Келис Wanderland бил издаден во 2001 година во Европа, Азија и Латинска Америка, но во Северна Америка бил издаден дури во 2019 година.[10] По слабата продажба на нејзиниот втор албум, Wanderland (2001) таа се разделила со Вирџин Рекордс и потпишала со Star Trak Entertainment, издавачка куќа основана како заедничко вложување на The Neptunes и Arista Records.

Албумот Tasty

уреди

Третиот студиски албум Tasty, Келис го издала на 5 декември 2003 година. Како извршен продуцент за албумот, Келис ги ангажирала нејзините претходни соработници, The Neptunes, но соработувала и со други продуценти како Далас Остин, Андре 3000, Роквајлдер и Рафаел Садик.[11][12] На албумот има и гостински вокали од Saadiq, André 3000 и нејзиниот тогашен дечко Нас.

„Милкшејк“ исто така стана златен, продаден во над 500.000 примероци,[13] и на Келис му донесе номинација за Греми награда во 2004 година за најдобра урбана/алтернативна изведба .

Албумот наишол на пофалби од критичарите за неговата оригиналност и тие албумот го гледале како подобрување на претходните албуми на Келис.[14][15] Од албумот биле објавени четири синглови: „Milkshake", „Trick Me", „Millionaire", and „In Public".

Особено успешна била песната „Milkshake“ која во декември 2003 година се искачила на трето место на американскиот Billboard Hot 100, со што станал највисоко пласиран сингл на Келис на таа топ-листа досега. Синглот се нашол на врвот на топ-листите во Ирска и се искачил во топ-10 на топ-листите во Австралија, Данска, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Шведска и Обединетото Кралство. „Milkshake“ добил златен сертификат во САД, каде што бил продаден во 883 000 платени преземања.[16] Песната била номинирана за Греми награда за „Најдобра урбана/алтернативна изведба“ во 2004 година.[17]

2006–Денес: Подоцнежна кариера

уреди

Нејзиниот четврти албум, Kelis Was Here (2006), на кој му претходел синглот „Bossy" (со Too Short ), стигнал до десетто место на Билборд 200. По објавувањето на албумот, Роџерс направила пауза од музиката и започнала да учи кулинарство во Le Cordon Bleu.

 
Келис на настап во 2007 г

Во 2009 година, Келис потпишала со Interscope Records и го издала Flesh Tone, чии продуценти биле: Ammo, Free School, Бени Бенаси, Burns, Boys Noize, DJ Tocadisco, will.i.am и Дејвид Гета.[18][19] Flesh Tone го означил преминот на Келис во денс-музика.

Критичкиот прием на Flesh Tone бил генерално позитивен, а Pitchfork го прогласил за најдобар албум на Келис од нејзиното деби со Kaleidoscope.[14][20] „Acapella“ (продуциран од Дејвид Гета), прв сингл од Flesh Tone, дебитирал во топ-пет на топ-листата за синглови во Обединетото Кралство и стигнал до прво место на американските Hot Dance Club Songs и UK Dance Chart.[21][22][23][24] Сингловите „Scream“ и „Brave“ имале минимално влијание на топ листите.

Во 2014 година, Келис потпишала со британската независна издавачка куќа Ninja Tune кои го издале нејзиниот албум Food.[25] Mic го прогласил албумот Food за најдобар албум во 2014 година и во кариерата на Келис, а Ролинг Стоун го навел како еден од најдобрите R&B албуми на годината.[26]

На 12 септември 2023 година, Келис го објавила „Milkshake 20“, ремикс од Алекс Ван од нејзината песна „Milkshake“, чиј копродуцент била самата таа.[27][28]

Личен живот

уреди

Келис се запознала со раперот Нас на церемонијата на доделување на MTV Video Music Awards во 2002 година; тие се свршиле во 2004 година и се венчале во јануари 2005 година. Во април 2009 година, таа поднела барање за развод поради непомирливи разлики. Во тоа време таа била бремена во седми месец.[29] Во јули 2009 година, Келис го родила нејзиниот прв син.[30] Разводот на двојката бил финализиран во мај 2010 година.[31] Келис врската со Нас ја опишала како физички и ментално навредлива.[32] Келис, исто така, рекла дека инцидентот со семејно насилство меѓу Ријана и Крис Браун влијаел на нејзината одлука да го напушти Нас.[32]

Во 2014 година, Келис се омажила за фотографот Мајк Мора[33] и во ноември 2015 година го родила нејзиниот втор син.[34] Од јануари 2020 година, Келис живее фарма во околината на Лос Анџелес.[35] Во септември 2020 година, таа го родила нејзиното второто дете со Мора, ќерка.[36] Во септември 2021 година, Мора јавно открил дека има рак на желудникот во четврта фаза [37][38] Мора починал на 14 март 2022 година, на 37-годишна возраст.[39][40]

Дискографија

уреди
Студиски албуми
  • Kaleidoscope (1999)
  • Wanderland (2001)
  • Tasty (2003)
  • Kelis Was Here (2006)
  • Flesh Tone (2010)
  • Food (2014)

Наводи

уреди
  1. „Singer-turned-chef Kelis pops up in London restaurant“. TheGuardian.com. July 4, 2016.
  2. Kate Hutchinson, 'Soul Food' Архивирано на 26 јануари 2017 г., The T Dawg , March 1, 2014.
  3. „Kelis Interview - Contactmusic.com“. Contactmusic.com. October 27, 2010. Архивирано од изворникот на April 19, 2015. Посетено на April 18, 2015.
  4. Pool, Hannah (February 1, 2007). „Question time: Kelis“. The Guardian. Архивирано од изворникот на February 4, 2014. Посетено на March 5, 2007.
  5. „Kelis“. MTV UK. MTV Networks Europe. Архивирано од изворникот на September 4, 2011. Посетено на February 27, 2011.
  6. „Kelis | Encyclopedia.com“. Encyclopedia.com. Архивирано од изворникот на May 2, 2019. Посетено на January 4, 2015.
  7. danielli (February 27, 2019). „Here Is A Little Bit About Kelis And Her Life Since Divorcing Nas And Living Her Best Life“. Wearemitu.com. Архивирано од изворникот на February 28, 2019. Посетено на February 2, 2018.
  8. Preezy (December 6, 2014). „Five Best Songs From Kelis' 'Kaleidoscope' Album“. The Boombox (англиски). Архивирано од изворникот на September 30, 2015. Посетено на May 10, 2016.
  9. "British album certifications – Kelis – Kaleidoscope". British Phonographic Industry. Архивирано од изворникот на April 7, 2018. Посетено на May 2, 2019.
  10. „Kelis' Neptunes-produced record Wanderland is finally streaming“. The Fader. 2019-06-05. Посетено на 2022-08-03.
  11. „Kelis Interview“. February 21, 2004. Посетено на 2022-08-04.
  12. „Kelis: The comeback kid“. The Independent. May 6, 2004. Архивирано од изворникот на March 6, 2018. Посетено на September 2, 2017.
  13. „Gold and Platinum – Searchable Database“. RIAA.com. Архивирано од изворникот на June 26, 2007. Посетено на June 4, 2008.
  14. 14,0 14,1 „TASTY by Kelis“. Metacritic. Посетено на 2022-08-04.
  15. Празен навод (help)
  16. Concepcion, Mariel (2009-12-01). „Exclusive: Kelis Signs To will.i.am Music Group/Interscope“. Billboard. Посетено на 2010-09-24.
  17. „Kelis“. GRAMMY.com (англиски). 2019-02-15. Посетено на 2019-04-14.
  18. „The Idolator Interview: Kelis“. December 14, 2009.[мртва врска]
  19. „Kelis's Flesh Tone is peak pop, and it deserves more credit“.
  20. „ALBUMS - Flesh Tone - Kelis - 2010“. Pitchfork. Посетено на 2022-08-04.
  21. „KELIS“. officialcharts.com. Архивирано од изворникот на June 12, 2015. Посетено на May 28, 2015.
  22. „Kelis“. billboard.com. Архивирано од изворникот на April 1, 2019. Посетено на April 21, 2020.
  23. „Official Dance Singles Chart Top 40 | Official Charts Company“. Official Charts.
  24. „Polydor - Kelis - Acapella“. Посетено на 2022-08-04.
  25. „Kelis Details Dave Sitek-Produced New Album Food, Signs to Ninja Tune | News“. Pitchfork. December 11, 2013. Архивирано од изворникот на April 20, 2014. Посетено на April 23, 2014.
  26. „This Was the Best Album of the Year — but You Won't Hear It at the Grammys“. January 23, 2015. Посетено на 2022-08-04.
  27. „Kelis - Milkshake 20 (Alex Wann Remix)“. Spotify. 12 September 2023. Посетено на 10 March 2024.
  28. Galindo, Thomas. „Kelis Releases Remix of "Milkshake" to Celebrate 20-Year Anniversary“. American Songwriter. Посетено на 10 March 2024.
  29. 'Milkshake' Singer Kelis Files for Divorce“. People. April 30, 2009. Архивирано од изворникот на January 23, 2021. Посетено на May 6, 2022.
  30. „Kelis Welcomes a Baby Boy!“. Us Weekly. July 22, 2009. Архивирано од изворникот на July 23, 2009.
  31. „Nas & Kelis – Officially divorced“. Tmz.com. Архивирано од изворникот на December 5, 2012. Посетено на December 14, 2012.
  32. 32,0 32,1 O'Connor, Roisin (April 27, 2018). „Kelis claims Nas abused her during marriage – and Rihanna played a part in their divorce“. The Independent. Архивирано од изворникот на December 9, 2018. Посетено на December 7, 2018.
  33. Hautman, Nicholas (April 26, 2018). „Kelis Claims She Endured 'a Lot of Mental and Physical Abuse' During Nas Marriage“. US Weekly. Архивирано од изворникот на April 27, 2018. Посетено на April 26, 2018.
  34. „Kelis Gives Birth to Her Second Son“. E! News. December 17, 2015. Архивирано од изворникот на March 30, 2016. Посетено на April 28, 2016.
  35. Freeman, Hadley (January 30, 2020). „Unmasked singer: Kelis on music, men and her missing money“. The Guardian. Архивирано од изворникот на January 30, 2020. Посетено на October 19, 2020.
  36. Празен навод (help)
  37. Litton, Jamie (October 8, 2021). „Kelis Drops Comeback Single 'Midnight Snacks' As Husband Battles Terminal Cancer“. Urban Island. Архивирано од изворникот на October 15, 2021. Посетено на October 15, 2021.
  38. Smith, Ryan (October 15, 2021). „Kelis' Husband Reveals Doctors Can Do Nothing More for Him amid Cancer Battle“. Newsweek. Архивирано од изворникот на October 15, 2021. Посетено на October 15, 2021.
  39. Uwumarogie, Victoria (March 14, 2022). „Kelis' Husband Mike Mora Passes Away After Battle with Stomach Cancer“. Essence. Архивирано од изворникот на March 15, 2022. Посетено на March 15, 2022.
  40. Khalifeh, Mona (March 14, 2022). „Mike Mora, Singer Kelis' Husband, Dead at 37 After Battle With Cancer“. Entertainment Tonight. Архивирано од изворникот на March 15, 2022. Посетено на March 15, 2022.

Надворешни врски

уреди