Run-DMC
Run-DMC (понекогаш стилизирано и како Run-D.M.C., Run–D.M.C., RUN DMC, или слична комбинација) ― поранешна американска хип хоп група од Њујорк, основана во 1983 година. Групата ја сочинувале Џозеф Симонс, Дерил Мекданиелс и Џејсон Мизел. Run-DMC се смета за една од највлијателните музички групи во историјата на хип хоп културата и една од најпознатите хип хоп групи од 1980-тите. Заедно со Beastie Boys, LL Cool J и Public Enemy, групата била пионер на њускул хип хоп музиката. Оваа групата била меѓу првите што ја истакнала важноста на односот рапувањето и диџејот. [3]
Run-DMC | |
---|---|
Run-DMC на улица во Њујорк. Од лево кон десно: Џозеф Симонс, Џејсон Мизел и Дерил МекДаниелс | |
Животописни податоци | |
Потекло | Квинс, Њујорк, САД |
Жанрови | |
Период на активност | 1983–2002[1][2] (повремено се здружуваат од 2012) |
Соработници | Beastie Boys, Рик Рубин, Aerosmith, Џејсон Невинс |
Мреж. место | rundmc.com |
Поранешни членови | |
Џозеф „Ран“ Симонс Дерил „ДиЕмСи“ МекДаниелс Џејсон „Џем-мастер Џеј“ Мизел |
По издавањето на нивниот дебитантски албум - Run-DMC (1984), Run-DMC станала првата хип хоп група со златен тираж. Нивниот следен албум King of Rock (1985) достигнал платинест тираж, а Run-DMC станала првата хип хоп група со ваков успех. Raising Hell (1986) станала првата мултиплатинумска хип хоп плоча. Преработката на песната „Walk This Way“, која Run-DMC ја испеала заедно со групата Aerosmith, се искачила на четвртото место на Billboard Hot 100, повисоко од оригиналната верзија на Aerosmith.[4] Оваа песна е една од најпознатите песни во хип хоп и рок музиката.[5] Run-DMC биле првите хип хоп музичари чии музички спотови биле емитувани на MTV, кои се појавиле на American Bandstand, кои се нашле на насловната страница на Rolling Stone, настапувале на Live Aid и биле номинирани за наградата Греми. [6]
Во 2004 година, Ролинг Стоун ја рангирал Run-DMC на 48-то место на листата на 100-те најдобри уметници на сите времиња. [3] Во 2007 година, MTV ги прогласила за Најдобра хип хоп група на сите времиња[7] и VH1 за Најдобар хип хоп изведувач на сите времиња.[8] Во 2009 година, Run-DMC станала втора хип хоп група (прва била Grandmaster Flash & the Furious Five, 2007) која била примена во Рокенрол Куќата на славните. [9] Во 2016 година, групата ја добила наградата Греми за животно дело.[10] Во 2018 година, нивниот албум Raising Hell бил внесен во Националниот регистар на снимени материјали при Конгресната библиотека како „културно, историски или уметнички значајно“ дело.[11]
На 30 октомври 2002 година, Мизел беше застрелан и убиен во неговото студио за снимање во Квинс.[12] По неговото убиство групата се распаднала, а Џозеф Симонс, Дерил Мекданиелс се посветија на самостојни кариери и повремено работат како ТВ водители.
Дискографија
уреди- Run-D.M.C. (1984)
- King of Rock (1985)
- Raising Hell (1986)
- Tougher Than Leather (1988)
- Back from Hell (1990)
- Down with the King (1993)
- Crown Royal (2001)
Музички спотови
уреди- Rock Box (1984)
- King of Rock (1985)
- You Talk Too Much (1985)
- It's Tricky (1986)
- My Adidas (1986)
- Proud to Be Black (1986)
- Walk This Way (feat. Aerosmith) (1986)
- Mary, Mary (1988)
- Beats to the Rhyme (live) (1988)
- Christmas in Hollis (1988)
- Run's House (1988)
- Pause (1989)
- Ghostbusters (1989)
- The Ave. (1990)
- What's It All About (1990)
- Faces (1991)
- Christmas Is (1992)
- Down with the King (1993)
- Ooh, What'cha Gonna Do (1993)
- Praise My DJ's (со Џастин Симонс) (1999)
- The Kings [D-Generation X] (2000)
- Let's Stay Together (Together Forever) (со Jagged Edge) (2001)
- Rock Show (featuring Stephan Jenkins) (2001)
Наводи
уреди- ↑ Augustin K. Sedgewick (November 6, 2002). „Run-D.M.C. Call It Quits“. RollingStone. Архивирано од изворникот на 2015-02-27. Посетено на April 9, 2015.
- ↑ „Run-D.M.C.“. Rock and Roll Hall of Fame. Посетено на 2019-09-12.
- ↑ 3,0 3,1 „Music News: Latest and Breaking Music News“. Rolling Stone. Архивирано од изворникот на May 21, 2006. Посетено на September 29, 2013.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Dreisinger, Baz (2019-02-13). „Run-DMC, Aerosmith and the Song That Changed Everything“. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Посетено на 2019-11-30.
- ↑ Winning, B (November 2006). „Run-DMC: 'It's like that“. REMIX, Electronic • Urban. 8 (11).
- ↑ „MTV News: The Greatest Hip-Hop Groups Of All Time“. Mtv.com. March 9, 2006. Архивирано од изворникот на 2007-03-04. Посетено на December 7, 2009.
- ↑ „VH1: 50 Greatest Hip Hop Artists“. Rock On The Net. Посетено на December 7, 2009.
- ↑ „Run-DMC“. Rock and Roll Hall of Fame. Посетено на January 21, 2018.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „National Recording Registry Reaches 500 [MARCH 21, 2018]“. loc.gov. Посетено на 2019-05-01.
- ↑ „Run-DMC DJ slain in recording studio - Nov. 1, 2002“. CNN.com. Посетено на September 29, 2013.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Run-DMC на Curlie (англиски)
- Run-DMC discography at Discogs
- Image of Run-DMC's Joseph "Run" Simmons and Darryl "D.M.C." McDaniels performing in Long Beach, California, 1984. Los Angeles Times Photographic Archive (Collection 1429). UCLA Library Special Collections, Charles E. Young Research Library, University of California, Los Angeles.