Destiny's Child
Destiny's Child (позната и како DC) била американска R&B женска група чии последни и најпознати водечки пејачи биле Бијонсе Ноулс заедно со Кели Роуланд и Мишел Вилијамс. Групата била формирана во 1997 година во Хјустон, Тексас. Бендот прво се викал Girls' Tyme и негови членови биле Ноулс, Роуланд, ЛеТавиа Роберсон и ЛеТоја Лукет. После неколку години од подземни изведби, групата потпишала договор со Columbia Records и го промениле нивното име. Destiny's Child бил препознаван од мејнстрим публиката по издавањето на нееговиот најдобро продаван втор албум, The Writing's on the Wall, кој ги содржел број-еден сингловите „Bills, Bills, Bills“ и „Say My Name“.
Destiny's Child | |
---|---|
Последните членови на Destiny's Child; од лево кон десно: Бијонсе Ноулс, Кели Роуланд, Мишел Вилијамс | |
Животописни податоци | |
Потекло | Хјустон, Тексас, САД |
Жанрови | R&B, соул, хип-хоп, поп |
Период на активност | 1997–2006 |
Издавачи | Columbia/SME Records |
Соработници | Girl's Tyme, Соланж Ноулс |
Мреж. место | DestinysChild.com |
Поранешни членови | |
Бијонсе Ноулс Кели Роуланд Мишел Вилијамс ЛеТоја Лукет ЛеТавиа Роберсон Фара Френклин |
И покрај критичкиот и комерцијалниот успех, групата била поразена од внатрешниот конфликт и правните превирања, како кога Робертсон и Лукет се обиделе да го одвојат менаџерот на групата Метју Ноулс. Тие набрзо биле заменети со Вилијамс и Фара Френклин, но сепак, во 2000 година, Френклин, исто така, се раздели од групата, оставајќи ги како трио. Нивниот трет албум, Survivor, кој содржи теми протолкувани од јавноста како канал за искуство на групата, содржи светски хитови „Independent Women“, „Survivor“ и „Bootylicious“ Во 2002, Destiny's Child најавиле пауза, дозволувајќи им на своите членови да постигнат поединечен успех. Тие повторно се обединиле во 2004 година со албумот Destiny Fulfilled, а една година подоцна во текот на нивната светска турнеја, најавиле дека групата ќе се распушти и нејзините членови ќе продолжат со своите соло кариери.
За време на својата кариера, групата објавила четири студиски албуми и имала четири број-еден синглови во САД. Има продадено повеќе од 60 милиони албуми ширум светот,[1][2] becoming one of the best-selling recording artists in the U.S.[3] Билборд магазинот ја ранкирал групата како едно од најдобрите музички триа на сите времиња[4] и ја сместил групата на 68-то место на табелата Хот 100 Артисти на Сите времиња.[5] Во 2005, Светските Музички Награди ја препознавале групата како светски најдобро продавана група на сите времиња. Групата исто така била ранкирана на деветтото место на декадата од 2000 до 2010 од Билборд.[6]
Издавачка историја
уреди1990–1997: Почетоци и Girl's Tyme
уредиВо 1990, Бијонсе Ноулс ја запознала ЛеТавиа Роберсон за време на аудициите за женска група.[7] Тие ѝ се придружиле на група од Хјустон, Тексас која се занимавала со рап музика и танцување.
Дискографија
уреди- Студиски албуми
- 1998: Destiny's Child
- 1999: The Writing's on the Wall
- 2001: Survivor
- 2001: 8 Days of Christmas
- 2004: Destiny Fulfilled
- Other albums
- 2002: This Is the Remix
- 2005: #1's
Поврзано
уреди
Наводи
уреди- ↑ "Billboard Books". Billboard. 14 јануари 2006.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-03-18. Посетено на 2011-04-26.
- ↑ „Top Selling Artists“. Recording Industry Association of America. Архивирано од изворникот на 2012-02-22. Посетено на 2008-05-24.
- ↑ „Billboard Greatest Trios of All Time“. Billboard. Архивирано од изворникот на 2008-04-30. Посетено на 2008-05-13.
- ↑ „The Billboard Hot 100 All-Time Top Artists“. Billboard. Nielsen Business Media, Inc. Архивирано од изворникот 2012-05-25. Посетено на 2008-11-17.
- ↑ [1]
- ↑ Kaufman, Gil (2005-06-13). „Destiny's Child's Long Road To Fame (The Song Isn't Called 'Survivor' For Nothing)“. MTV News. Архивирано од изворникот на 2009-06-28. Посетено на 2008-04-13.
Надворешни врски
уреди„Destiny's Child“ на Ризницата ? |
- Официјална страница
- Дискографија на Destiny's Child на Discogs.
- Destiny's Child — AllMusic (англиски).
- Destiny's Child на MySpace.
- Destiny's Child на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
.