27 октомври (настани)
шаблон на Викимедија
710 | Сарацените извршиле инвазија во Сардинија. |
1275 | Основан градот Амстердам. |
1524 | Италијански војни: Француските војски го опседнале градот Павија. |
1644 | Започнала Втората њуберска војна. |
1787 | Наполеон Бонапарт бил назначен за генерал на француската армија. |
1806 | По големата победа над Прусија, Наполеон Бонапарт влегува триумфално во Берлин. |
1807 | Потпишан договор помеѓу Наполеон Бонапарт и Карлос IV за поделба на Португалија. |
1920 | Седиштето на меѓународната организација Лига на народите (основана е на 19.04.1919 година со задача да го зачува светскиот мир, колективната безбедност и политичката независност на земјите, членки на Лигата на народите) од Лондон е префрлено во Женева, Швајцарија. Во тој град многубројните институции на Лигата на народите останаа сè до 1945 година, кога и формално беше укината, отстапувајќи и го местото на Организацијата на обединетите нации. |
1922 | Под притисок на фашистите на чело со Бенито Мусолини, владата на Италија поднела оставка. |
1924 | Создадена Узбечката ССР. |
1947 | Во Лерин е извршена смртна пресуда врз 13 Македонци од селото Герман, Леринско, обвинети за соработка со партизаните. |
1969 | Бања Лука била погодена од голем земјотрес. |
1971 | Демократска Република Конго била преименувана во Заир. |
1979 | Свети Винсент и Гренадините добиле независност од Обединетото Кралство. |
1978 | Египетскиот претседател Анвар ел Садат и израелскиот премиер Менахем Бегин, добиле Нобелова награда за мир. |
1991 | Туркменистан ја објавил својата независност. |
1991 | Во Полска биле спроведени првите демократски избори. |
1998 | Герхард Шредер станал канцелар на Германија, по оставката на Хелмут Кол. |
1999 | Фустанот на Мерилин Монро која го носела додека ја пеела песната „Happy Birthay, Mr. President“ на претседателот на САД, Џон Кенеди, бил продаден за рекордни 1.267.500 долари, што претставува рекордна сума на пари потрошени во аукција при таква намена. |