1927 во архитектурата
Во 1927 година во архитектурата се случиле некои значајни настани.
Години во архитектурата |
---|
Поврзани теми од периодот |
Настани
уреди- 11 јули – Јеричовскиот земјотрес уништува или оштетува многу џамии и други објекти во Палестина.
- Отворањето на Бахметевската гаража во Москва, дизајнирана од страна на Константин Мелников и Владимир Шуков, го означува почетокот на мелниковската "златна сезона", дизајнирајќи над десет згради во една година, вклучувајќи ги Клубот на фабриката Каучук, Русаковскиот дом на културата, Клубот на фабриката Свобода и неговиотот дом во Москва. Овие објекти биле завршени во 1928–1929.
Градби
уредиОтворени
уреди- 1 јули – Централен блок, главната зграда на парламентот на Канада во Отава, обновен по пожарот во 1916 година и дизајниран од страна на Џон А. Пирсон и Жан Омер Марчанд.
- 14 јули – Шкотскиот национален воен споменик кај Единбуршкиот замок, дизајниран од страна на Роберт Лоример.
- 24 јули – Менинска порта - Споменик за исчезнатите во Ипр, Белгија, дизајнирана од страна на Сер Реџиналд Бломфелд.
- 9 октомври – Воениот споменик на Норвич во Англија, дизајниран од страна на Сер Едвин Лутјенс.
Завршени
уреди- Вајсенхоф во Штутгарт, Германија, дизајниран од страна на тим предводен од Лудвиг Мис ван дер Рое.
- Двојната куќа во Брно, дизајнирана од страна на Ото Ајслер.
- Обновениот Квадрант во Реџент Стрит, Лондон, Англија.
- Монументот на сеќавањето во Мелбурн, Австралија е завршен.
- Левекската кула, дизајнирана од страна на К. Хауард Крејн и Џон Гил, во Колумбус, Охајо, САД. Таа е 169 метри висока и само малку повисока од Вашингтонскиот споменик.
- Аванискиот хотел во Јосемитскиот национален парк, Калифорнија, дизајниран од страна на Гилберт Стенли Андервуд.[1]
Награди и признанија
уреди- Златен медал од Американскиот институт за архитекти – Хауард Ван Дорен Шо.
- Кралски златен медал од Кралскиот институт на британски архитекти – Херберт Бејкер.
Родени
уреди- 18 јуни – Рут Ривера Марин, мексикански архитект (почина во 1969)
- 6 јули – Антон Алберт, холандски архитект најдобро познат по Банката ИНГ, Амстердам
- 4 декември – Гае Ауленти, италијански архитект, дизајнер на ентериер и осветлување (почина во 2012)
Починати
уреди- 3 јануари – Антонио Ривас Меркадо, mексикански архитект (роден во 1853)
- 13 јули – Мимар Камаледин Бег, турски архитект (роден во 1870; церебрално крвавење)[2]
- 29 октомври – Херман Мутезиус, германски архитект и писател за архитектурата (роден во 1861)
- 27 декември – Љуис Доменек и Мунтанер, каталонски шпански архитект (роден во 1850)
Наводи
уреди- ↑ Harrison, Laura Soullière (2001-02-26). „The Ahwahnee Hotel“. Architecture in the Parks: A National Historic Landmark Theme Study. National Park Service – Department of the Interior. Архивирано од изворникот на 2006-07-16. Посетено на 2006-07-07.
- ↑ „Mimar Kemaleddin: Tarihin dönüm noktalarında bir mimar“ (турски). arkitera. 2008-01-25. Посетено на 2013-02-26.