Фабињо (фудбалер 1993)

Фабио Енрике Таварес (роден на 23 октомври 1993 година во Кампинас), попознат како Фабињобразилски фудбалер играч од одбраната или од средниот ред на Ливерпул и на бразилската репрезентација.

Фабињо
Лични податоци
Полно име Фабио Енрике Таварес
Роден на 23 октомври 1993(1993-10-23)(31 г.)
Роден во Кампинас, Бразил
Држава Бразил Бразил
Висина &100000000000001760000001,76 м
Позиција одбрана, среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Ливерпул Ливерпул
Број 3
Младинска кариера
Паулиниа
Флуминенсе Флуминенсе
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2012-2015 Рио Аве Рио Аве 0 (0)
2012-2013Реал Мадрид Кастиља РМ Кастиља 30 (2)
2013Реал Мадрид Реал Мадрид 1 (0)
2013-2018Монако Монако 105 (22)
2018- Ливерпул Ливерпул 64 (3)
Репрезентација
2013 Бразил Бразил 20 5 (0)
2014- Бразил Бразил 23 6 (0)
2015-  Бразил 7 (0)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Клупска кариера

уреди

Почетоци и Рио Аве

уреди

Тој ја започнал својата фудбалска кариера во 2006 година, носејќи го дресот на Паулиниа. Во 2010 година отишол во Флуминенсе, каде игра во младинските категории. На 20 мај 2012 бил повикан од страна на тренерот на првиот тим да учествува во натпреварот против Коринтијанс во кој неговиот клуб победил со 1-0, меѓутоа Фабињо останал неискористена замена.[1] Во јуни 2012 година го напуштил Флуминенсе без ниту еден официјален настап за првиот тим и потпишал шестгодишен договор со португалскиот Рио Аве.[2]

Реал Мадрид

уреди

Само еден месец подоцна, Фабињо му се приклучил на Реал Мадрдид Кастиља на заем до крајот на сезоната.[3] Тој го направил своето професионално деби на 17 август, во натпревар од првото коло на Сегунда дивизион, играјќи 90 минути во поразот со 2-1 од Вилјареал.[4] На 28 април 2013 година, тој го постигна својот прв гол во професионалната кариера, стрелајќи со глава за изедначување во судиското продолжение против Нумансија поставувајќи го конечниот резултат на натпреварот 3-3.[5]

Тој го направил своето деби за првиот тим на Реал Мадрид на 8 мај 2013 година, играјќи 14 минути откако се појавил како резерва на местото на Фабио Коентрао и асистирал за шестиот гол кој го постигнал Анхел Ди Марија во победата со 6-2 над Малага на Сантјаго Бернабеу во Примера Дивисион.

Монако

уреди
 
Фабињо во дресот на Монако.

На 19 јули 2013 година, Фабињо му се приклучил на Монако со договор за заем до крајот на сезоната.[6] Тој го направил своето деби на 10 август на отворањето на сезоната во Лига 1 играјќи го целиот натпревар во победата со 2-0 над Бордо на Стад Шабан-Делма.[7] Својот прв погодок за Монако го постигнал на 26 март 2014 во победата со 6-0 над Ленс во четвртфиналето од Купот на Франција. Својата прва сезона во црвено-белиот дрес ја завршил со вкупно 31 настап во сите конкуренции и еден постигнат гол, помагајќи му на клубот да го освои второто место во првенството и на тој начин да се пласира во Лига на шампионите за наредната сезона за првпат по речиси една деценија и да дојде до полуфиналето на купот каде загубил од Генгамп со 3-1 по продолженија.

По завршувањето на неговиот едногодишен заем во Монако, тој се приклучи на клубот одново на уште една година договор за заем на 2 јули 2014 година. На 16 септември 2014 дебитирал во Лигата на шампионите во победата со 1-0 над Баер Леверкузен во групната фаза,[8] а на 9 декември го постигнал својот прв гол во ова натпреварување во победата со 2-0 над Зенит Санкт Петербург, помагајќи му на својот клуб да го завери пласманот во осминафиналето. На 22 март 2015 Фабињо го постигнал својот прв погодок за Монако во Лига 1 во победата со 3-1 на гостувањето кај Рем.[9] Својата втора сезона повторно ја завршува без освоен трофеј откако Монако завршил на третото место во првенството, меѓутоа клубот имал мошне успешна сезона во Лигата на шампионите каде што стигнале до четвртфиналето каде биле елиминирани од подоцнежниот вицешампион Јувентус; Фабињо одиграл 53 натпревари во сите конкуренции и постигнал два гола.

По две сезони на заем, на 19 мај 2015 Фабињо потпишал перманентен договор со Монако во трајност до 2019 година.[10] Фабињо бил еден од клучните играчи на Монако за време на сезоната 2016-2017 во која клубот станал шампион во Лига 1, прекинувајќи ја низата од неколку последователни титули во првенството на Париз Сен Жермен. Тој одиграл 37 натпревари во лигата и постигнал 9 гола, како само напаѓачите Радамел Фалкао, Килијан Мбапе и Валери Жермен имале повеќе од него. Тој исто така постигнал 3 гола во Лигата на шампионите, меѓу кои бил и голот на домашен терен против Манчестер Сити во четвртфиналето,[11] во победата со 3-1 која на црвено-белите им донела пласман во полуфиналето на натпреварувањето во кое биле елиминирани повторно од Јувентус како и две години претходно.

Сезоната 2017-2018, била последната за Фабињо во кнежевството, а својот последен настап за Монако го имал на 19 мај 2018, во победата со 3-0 на гостувањето кај Троја.

Вкупно во дресот на Монако тој одиграл 233 натпревари и постигнал 31 гол.

Ливерпул

уреди

На 28 мај 2018, Фабињо потпишал повеќегодишен договор со Ливерпул во трансфер вреден 39 милиони фунти.[12][13] Дебитирал за црвените влегувајќи како замена во судиското продолжение на местото на Садио Мане, во победата со 3-2 во Лигата на шампионите над Париз Сен Жермен на Анфилд.[14][15] Своето деби во Премиер лигата го направил во победата со 1–0 кај Хадерсфилд Таун на 20 октомври, влегувајќи во игра во последните 21-на минути на местото на Адам Лалана.[16]

Репрезентативна кариера

уреди

Фабињо дебитирал за сениорската репрезентација на Бразил на 7 јуни 2015, влегувајќи како замена на полувремето на местото на Данило во победата со 2-0 над Мексико во склоп на подготовките за Копа Америка 2015 во Чиле.[17] Тој бил повикан од страна на селекторот Дунга за самиот турнир, меѓутоа имајќи го Дани Алвес за конкуренција на позицијата десен бек Фабињо не одиграл ниту една минута, а Бразил бил елиминиран во четвртфиналето.

Следното лето Фабињо бил повикан помеѓу 23-цата играчи кој учествувале на Копа Америка Сентенарио, но и таму не забележал ниту еден настап во трите натпревари на Бразил.

Хронологија на репрезентативните настапи

уреди
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Бразил
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
07-06-2015 Саун Пауло Бразил   2 – 0   Мексико Пријателска -   46'
10-06-2015 Порто Алегре Бразил   1 – 0   Хондурас Пријателска -   20'   75'
09-07-2015 Фоксбороу САД   1 – 4   Бразил Пријателска -
30-05-2016 Денвер Панама   0 – 2   Бразил Пријателска -   77'
8-9-2018 Ист ратерфорд САД   0 – 2   Бразил Пријателска -
12-10-2018 Ријад Саудиска Арабија   0 – 2   Бразил Пријателска -
16-10-2018 Џеда Бразил   1 – 0   Аргентина Пријателска -   53'
26-3-2019 Прага Чешка   1 – 3   Бразил Пријателска -   87'
10-9-2019 Лос Анџелес Бразил   0 – 1   Перу Пријателска -   64'
13-10-2019 Сингапур Бразил   1 – 1   Нигерија Пријателска -   80'
15-11-2019 Ријад Бразил   0 – 1   Аргентина Пријателска -   55'
19-11-2019 Абу Даби Бразил   3 – 0   Јужна Кореја Пријателска -
Вкупно Настапи 12 Голови 0

Клупска статистика

уреди

Статистиката е ажурирана на 3 септември 2016

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2012-2013   РМ Кастиља СД 30 2 - - - - - - - - - 30 2
мај 2013   Реал Мадрид ПД 1 0 КШ - - ЛШ - - - - - 1 0
2013-2014   Монако Л1 26 0 КФ+ЛКФ 4+1 1+0 - - - - - - 31 1
2014-2015 Л1 36 1 КФ+ЛКФ 4+3 0 ЛШ 10 1 - - - 53 2
2015-2016 Л1 34 6 КФ+ЛКФ 3+1 2+0 ЛШ+ЛЕ 4+5 0 - - - 47 8
2016-2017 Л1 2 2 КФ+ЛКФ 0+0 0+0 ЛШ 0 0 - - - 2 2
Вкупно Монако 98 9 16 3 19 1 - - 133 13
Вкупно во кариерата 129 11 16 3 19 1 - - 164 15

Наводи

уреди
  1. „Corinthians vs. Fluminense 0 - 1“. soccer-blogger.com (португалски). 20 мај 2012.
  2. „Fluminense, UFFICIALE:“. calciomercato.com. 17 јуни 2012. Text "Fabinho al Rio Ave" ignored (help)
  3. Real Madrid sign Fabinho on loan
  4. „Villarreal 2 Real Madrid Castilla 1“ (шпански). Diario AS. 17 August 2012. Посетено на 7 June 2015.
  5. Jiménez, Rubén (28 April 2015). „Set-piece draw in Soria“ (шпански). Marca. Посетено на 7 June 2015.
  6. „Fabinho new ASM FC recruit“. AS Monaco FC. Архивирано од изворникот на 2013-07-19. Посетено на 20 July 2013.
  7. „Falcao seals win for Monaco“. Sky Sports. 10 August 2013. Посетено на 7 June 2015.
  8. „Monaco-Leverkusen 1-0“. sports.fr (француски). 16 септември 2014.
  9. Reims - Monaco 1-3 us.soccerway.com
  10. „Fabinho commits to the club until 2019“. AS Monaco FC. 19 May 2015. Архивирано од изворникот на 2018-07-04. Посетено на 3 June 2015.
  11. „Monaco 3 Manchester City 1 (agg 6–6): Pep Guardiola's side crash out on away goals as attacking approach backfires“. The Daily Telegraph. London. 15 March 2017.
  12. „Fabinho: Liverpool agree £39m deal for Monaco midfielder“. BBC Sport. 28 May 2018. Посетено на 20 August 2018.
  13. Carroll, James (28 May 2018). „Reds agree deal to sign Fabinho“. Liverpool F.C. Посетено на 29 May 2018.
  14. Taylor, Daniel (18 September 2018). „Liverpool's Roberto Firmino leaves it late to sink PSG in five-goal thriller“. The Guardian. Посетено на 19 September 2018.
  15. „Liverpool 3–2 Paris Saint Germain“. BBC Sport. 18 September 2018. Посетено на 23 September 2018.
  16. Hawkins, Billy (21 October 2018). „Liverpool midfielder Fabinho finally makes Premier League debut, and fans praise player once branded 'flop' and 'fraud'. Talksport. Посетено на 4 November 2018.
  17. „Brazil 2-0 Mexico: Coutinho and Tardelli seal friendly victory“. Goal.com. 7 June 2015. Посетено на 8 June 2015.

Надворешни врски

уреди