Тиквешко Езеро

вештачко езеро во Македонија
(Пренасочено од Тиквешко езеро)

Тиквешко Езеровештачко езеро на Црна Река 12 км југозападно од Кавадарци, односно 3 км јужно од селото Возарци. Езерото е настанато во 1968 година со преградување на кањонот на реката и со изградба на брана висока 104 м. Браната е изградена од нафрлан камен со глинено јадро чија должина изнесува 338 м.

Тиквешко Езеро
Залез над езерото
Карта
ПодрачјеТиквешко
Видвештачко
Главни приливиЦрна Река
Главни истециЦрна Река
Сливни земјиМакедонија
Најг. должина29 км
Површина&1000000000000001400000014 км2
Најг. длабочина105 м
ОстровиГрадиште и
неименувано островче во Брушани

Местоположба

уреди

Тиквешкото Езеро на север се граничи со вештачки создадената брана во близина на с. Возарци, на исток со атарите на населените места: Брушани, Ресава, Бегниште и Куманичево, како и висорамнината Витачево, на запад се граничи со атарите на с. Добротино, Праведник и планината Вишешница, а на југ со Мрежичко и Клиново.

Географска местоположба

уреди

Според својата географска положба, езерото може да се подели на два дела:

  • горен дел; кој се протега во правец запад-исток, во должина е 9 км, при полн капацитет на езерото со вода почнувајќи јужно од мигрираната населба Гудјаково, па сè до сливот на реката Блашница во Тиквешкото Езеро, и
  • долен дел; кој прави лак од 90 степени, почнувајќки од сливот на реката Блашницата па сè до бранта на хидроелектраната "Тиквеш", во должина од 19,5 км и се протега во правец југ-север.

Вкупната должина на Тиквешкото Езеро при полн капацитет со вода изнесува 28,5 км. Вкупната зафатнина на водата во Тиквешкото Езеро изнесува околу 400 милиони км3, при максимална кота на акумулацијата од 265 м надморска висина. Корисната зафатнина на вода во акумулацијата изнесува околу 240 милиони квадратни метри, при што каналот за наводнување „Тисовец“ се наоѓа на кота 245 м надморска висина. Минималната кота на водата во акумулацијата е 233 м надморска височина.

Клима

уреди

Тиквешијата во климатски поглед претставува подрачје во кое се мешаат средоземната, континенталната и планинската клима. Влијанието на средоземната клима која продира од Егејското Море, по должината на реката Вардар, значајно влијае на зголемување на средната годишна температура. Тиквеш е еден од најтоплите реони во Р.М. Неговата средна годишна температура изнесува 14,1 °C. Најтопол месец во годината е Јули, со средна температура од 25,6 C. Централната област на Тиквеш спаѓаше во најсувите подрачја во нашата земја. Годишен просек на врнежи за целото подрачје изнесува околу 420мм, од кои поголемиот дел спаѓа во вонвегетациониот период. Со изградбата на акумулацијата, видно се измените климатските услови во Тиквешијата. Во последните десетина година, есенско-зимскиот период е доста богат со врнежи, што пак придонесува за снижување на просечните температура во овој регион. Период се одликува со нешто пониски температура, така да сега има поблаги зими и посвежи летни периоди.

Острови

уреди
 
Островот Градиште.
  • Градиште — археолошко наоѓалиште, некогашна тврдина од разни периоди
  • Брушански Остров во атарот на с. Брушани
  • неименуван остров во атарот на с. Драдња[1]
  • неименуван остров кај одливот на езерото во р. Блаштица.[2][3]

Флора и фауна

уреди

Планинските масиви кои го оградуваа Тиквешкото Езеро се слабо зашумени, со исклучок на Мариовскиот дел и масивот Чатино, кои ја чинат десниот брег од горниот дел на езерото. Планинските масиви од левата страна на езерото (долен дел), Голема Рудина - Вишешница - Мала Рудина, како и десната страна на долниот дел на езерото, кои ја чинат висорамнината Витачево - Самовилец се посиромашни со шуми. Шумите главно се листопадни и нискожбунести, кои не можат да се користат за индустриски цели. Најзастапени се следните видови: даб, габер, тиса, дива фоја, грипа, смрека, додека борот се јавува многу слабо на горната страна од езерото. На средниот дел од езерото, на левиот брег, северно од месноста Полошко се сретнува дрвото наречено гол човек (Arbutus andrachne) кое е зимзелено и претставува реткост во Европа. Карактеристично е за шумите, посебно дабот кој е доста богат со жир и претставува добра храна за голем дел на животинските видови (питоми и диви). Значајно е да напоменеме дека во овие планински предели може да се сретне разновиден дивеч, од кои најчесто се: дива свиња, срна, волкот, лисицата и зајакот. По целото крајбрежје се одгледува крупна стока и тоа: говедо од расата „буша“, која е практично најзастапена како и мал број товарни грла: коњи и мазги, додека од ситната стока се одгледува коза и мал број на свиња.

Со изградбата на акумулацијата, на целото крајбрежје, се населија разни видови на езерски птици, од кои најмногубројни се: корморан, сива чапја, дивите бели галеби, преку зимскиот период - диви шатки. Исто така, на овој предел, посебно карпестиот, на планината Вишешница и Голема Рудина, можат да се сретнат разни птици грабливки и тоа: кањата (Neophron percnopterus), белоглавиот орел и брадестиот орел кои се во изумирање, потоа соколот, и други.

Во Тиквешкото Езеро се констатирани повеќе видови риби од кои предмет на стопанската експлоатација се:

Хидропотенцијал

уреди
 
Канал на хидросистемот кај селото Сирково.

Тиквешкото Езеро е најголемо вештачко езеро по површина , длабочина и по должина во нашата земја, а второ по вкупното количество вода во него. Зафаќа површина од 14 км2 и должина од 29 км. Вкупната бруто-зафатнина во езерото изнасува 475 милиони м3 вода. Водата од Тиквешкото Езеро се користи за наводнување и за добивање на електрична енергија. Наводнувањето се врши преку хидросистемотТиквеш“, а во близина на браната е подигната ХЕЦ „Тиквеш“.

Хидроелектрана "Тиквеш"

уреди

Хидроелектранта "Тиквеш" односно браната на Тиквешката акумулација е оддалечена од вливот на Црна Река во Вардар околу 26 км, а околу 2,5 км пред излезот на реката Црна од својот кањонски дел на течението. Изградбата на браната и хидроелектранта "Тиквеш" на реката Црна со своите два агрегати е завршена 1968 година додека останатие два агрегати се пуштени во погон 1981 година. Дното на Црна Река на местото на браната се наоѓа на просечна кота од 165м надморска височина. Нивото на големи количини на вода во акумулацијата е на 270м надморска височина, додека котата на круната на преливниот шахт е на 265м надморска височина. Должината на браната изнесува 417м, а висината изнесува 105м. Ширината на основицата на браната (тампонирана - насипана од глина и чакал) изнесува 300м, додека ширината на круната на браната изнесува 14м. Енергетската вредност на акумулацијата со четирите агрегати изнесува 51.8 GW/h, со средно годишно производство од 220 GM/h, со инсталиран проток од 120 м3/sec и инсталирана моќ од 96 MW/h.

Знаменитости

уреди

На просторот на Тиквешкото Езеро постојат голем број на археолошки наоѓалишта, населби, манастири и споменици. Од античкиот период, на овој простор се откриени повеќе наоѓалишта, како на пример: Римските гробишта кај с. Клиново и населбата Црквиште. Од средновековните наоѓалишта, познати се: населбата Тиквеш, пештерската црква „св. Лазар“ во близина на утоката на реката Каменица во Тиквешкото Езеро, Полошкиот манастир „св. Ѓорѓи“, пештерската црква „св. Марко“ во близина на с. Драдња) и др.

Во близината на селото Куманичево се наоѓа локалитетот Моминска карпа за кој постои легендата според која три девојки од селото Галиште, за да си ја спасат честа, се фрлиле од карпата. Пирота, за некоја да не се премисли, тие претходно си ги врзале косите во заедничка плетенка. Во близината на селото Моклиште се наоѓа манастир од XVI век, посветен на св. Никола.[4] Непосредно над езерото се наоѓа Полошкиот манастир и црквата „Свети Ѓорѓи“ од XIV век, богато украсена со фрески. За неа се мисли дека потекнува од крајот на IX век, бидејќи според архитектурата е многу слична со охридските црковни градби.[5]

Галерија

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди

41°21′0″N 21°58′12″E / 41.35000° СГШ; 21.97000° ИГД / 41.35000; 21.97000