Грипа
Грипа | |
---|---|
Широколисна грипа (Phillyrea latifolia) | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Нерангирано: | Евдикоти |
Нерангирано: | Астериди |
Ред: | Усноцветовидни |
Семејство: | Маслинки |
Род: | Грипа L. |
Видови | |
во текстот. |
Грипа (науч. Phillyrea) — ред што се состои од два вида на цветни растенија од семејството на маслинките (Oleaceae) автохтони на Средоземјето, Канарските Острови и Мадејра.
Овие растенија се зимземени грмушки или мали дрва високи 3-9 м и сродни на прасиката (Ligustrum), маслинката (Olea) и османтусот (Osmanthus). Листовите се мали и кожести, распоредени во спротивни парови и јајцевидни до зашилени по облик. Долиги се 2-6 см, а широки 0,5-2 см. Цветовите се мали и зеленикаво бели, мали китки. Плодот е јаткаст со една семка.
Во Република Македонија се среќаваат како примеса на термофилните заедници во Повардарието, Струмичко, Дојранско и Охридско.[1]
- Видови
- Phillyrea angustifolia L. - теснолисна грипа
- Phillyrea latifolia L. (syn. P. media) - широколисна грипа
Наводи
уреди- ↑ Грипа“, „Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. 2009. стр. 400.
Надворешни врски
уреди- Грипа на Викивидовите ?
- Флора на Европа: Грипа (Phillyrea) (англиски)