Природни резервати во Македонија

Природни резервати во Македонија — на територијата на Македонија се наоѓаат четири строго заштитени природни резервати, додека резерватот „Јасен“ не влегува во оваа категорија и се води како посебен природен предел, формирани заради заштита на определени биоценолошки, флористички, фаунистички, геолошки и хидролошки природни реткости.

Четирите строго заштитени природни резервати во Македонија се:

  • Езерани — резерватот се простира на 2.080 хектари на северниот брег на Преспанското Езеро, во близина на истоименото село. Овој природен резерват е најстар, прогласен за таков уште на 29 јули 1996 година[1]. Самиот резерват претходно бил прогласен за рамсарско место.
  • Тиквеш — резерватот се простира на 10.650 хектари во јужниот дел на Тиквешкото Езеро и околината. Резерватот вкупно зафаќа 9.700 хектари водена површина и 950 хектари копно, на кои живеат 39 грабливи птици. Резерватот е прогласен за таков на 23 јули 1997 година[2].
  • Локви — резерватот се простира на само 50 хектари во близина на селото Големо Коњари, во општината Прилеп. Резерватот претставува последен остаток на некогашното Пелагониско Блато и во него живее вилинското ракче, ендемски вид во светски рамки. Наоѓалиштето отпрвин било заштитен како строг природен резерват уште на 5 ноември 2003[3], но со нов закон 15 хектари од наоѓалиштето се прогласени за споменик на природата, што претставува понизок степен на заштита.
  • Плоче Литотелми — најмалиот резерват зафаќа само 23,2 хектари и се простира на два километри од селото Страцин, во општината Кратово. Наоѓалиштето е важно поради ракчињата кои живеат на тој простор, од кои дел од нив се ендемски видови. Резерватот е прогласен на 5 ноември 2010 година.[4]

Наводи

уреди
  1. „Закон за прогласување на орнитолошкиот локалитет „Езерани" на Преспанското Езеро, за строг природен резерват“ (PDF). Собрание на Република Македонија. Службен весник на Република Македонија. 29 јули 1996. Посетено на 26 април 2014.
  2. „Закон за прогласување на орнитолошкиот локалитет „Тиквеш" во клисурата на Црна Река, за строг природен резерват“ (PDF). Собрание на Република Македонија. Службен весник на Република Македонија. 23 јули 1997. Посетено на 26 април 2014.
  3. „Закон за прогласување на локалитетот „Локви – Големо Коњари", за строг природен резерват“ (PDF). Собрание на Република Македонија. Службен весник на Република Македонија. 5 ноември 2003. Посетено на 26 април 2014.
  4. „Закон за прогласување на локалитетот „Плоче Литотелми" за строг природен резерват“ (PDF). Собрание на Република Македонија. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-06-17. Посетено на 26 април 2014.