Чам Чифлик
Чам Чифлик — историско село на територијата на Општина Струмица, во близина на градот Струмица.
Чам Чифлик | |
Координати 41°25′13″N 22°36′51″E / 41.42028° СГШ; 22.61417° ИГД | |
Регион | Југоисточен |
Општина | Струмица |
Население | нема жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | |
Географија
уредиСелото се наоѓало на планината Еленица, југозападно од градот Струмица и тврдината Цареви Кули. Местото е јужно од манастирот „Св. Илија“, источно од Попчево и северно од Раборци и Три Води. Поставено е на рамнина на 510 м.н.в.[2] Било северно од важниот пат Струмица – Солун.
Денес местото има статус на парк на природата со истото име „Чам Чифлик“.[2]
Историја
уредиСелото имало црква од средновековието,[3] како и манастир. За него митрополитот Герасим Струмички вели:
„ | Близу до с. Чам Чифлик има остатоци од стар манастир, и кај неговите урнатини секогаш стои иконата на Пророк Илија. Тука еднаш во годината, на 20 јули, излегуваат и прават водосвет.[4] | “ |
Името на селото укажува на тоа дека тоа било чифлик.[5]
Во XIX век Чам Чифлик било мало македонско село во Струмичката каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. Чам-Чифлик (Tcham-Tchiflik) се води со 12 домаќинства сочинети од 40 Македонци.[6][7] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. населеното место Чим Чифлик има 100 жители, сите Македонци христијани.[6][8]
На почетокот на XX век сите жители на селото биле под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев (La Macédoine et sa Population Chrétienne) во 1905 г. во Чам-Чифлик (Tcham-Tchiflik) имало 80 Македонци под егзархијата.[6][9]
Во предвечерието на Балканските војни (1912 – 1913) во селото имало околу 15–20 домаќинства.[5][10] Самото село немало црква. За празниците селаните оделе во црквата на соседното село Попчево.[5]
Иселување
уредиЛетото 1913 г. селото е запалено од Грци во текот на Втората балканска војна и оттогаш е иселено.[11][10]
Личности
уреди- Починати во Чам Чифлик
- Каме Пулизов (1920 – 1944) — партизан од Струмичкиот партизански одред, загинат на 18 септември 1944 г.[12]
- Jордан Колев Георгиев — бугарски подофицер (40. полк) од русенското село Трстеник, прегазен од тенк на 22 септември 1944 г.[13]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 „Парк на природата Чам Чифлик – непознатата македонска шума над Струмица“. doma.edu.mk. 23 август 2018. Посетено на 9 февруари 2023.
- ↑ Пандевски, Манол; Стоев - Трнката, Ѓорѓи (1969). Струмица и Струмичко низ историјата. Струмица: Општински одбор на Соjузот на здружението на борците од НОБ - Струмица. стр. 92.
- ↑ „Материали по географията. Струмишко. Отъ архимандритъ Герасимъ“. Библиотека (XVI–XVII): 80. 1896.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Гласник Српског географског друштва. LV. Београд. 1975. стр. 76–77.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 186–187. ISBN 954-8187-21-3. no-break space character во
|pages=
во положба 4 (help) - ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 160. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 106–107. no-break space character во
|pages=
во положба 4 (help) - ↑ 10,0 10,1 Доклад на международната комисия за разследване причините и провеждането на Балканските войни. София. 1995. стр. 299.
- ↑ Пандевски, Манол; Стоев - Трнката, Ѓорѓи (1969). Струмица и Струмичко низ историјата. Струмица: Општински одбор на Соjузот на здружението на борците од НОБ - Струмица. стр. 16, 296.
- ↑ Струмички партизански одред. Струмица: Сојуз на борците од НОАВМ и граѓани продолжувачи. 2018. стр. 149.
- ↑ „Убитите във Втората световна война“. obuch.info. Архивирано од изворникот на 2023-02-09. Посетено на 9 февруари 2023.