Карбон
Карбон — геолошки период и систем од развитокот на Земјата кој опфаќа 60 милиони години, од крајот на периодот девон пред 358,9 милиони години до почетокот на пермскиот период пред 298,9 милиони години. Името (carboniferous) карбон се поврзува со јагленот од латинскиот зборови carbō ("јаглен") и е смислено од геолозите Вилијам Конибар и Вилијам Филипс во 1822 година. Многу лежишта и наоѓалишта на јаглен во светот се создадени токму во овој геолошки период. Копнениот животински свет во периодот на карбонот веќе бил добро развиен и воспоставен, при што водоземците биле доминантни копнени ’рбетници, од кои една гранка на крајот се развила во амниоти, први само копнени рбетници.