Плоче Литотелми или само Плочи е природен резерват сместен во Североисточна Македонија на југозападните падини на планината Герман, во областа Средорек, на западниот раб на Славишко Поле, на надморска височина од 400 до 1.000 метри. Од село Страцин, Кратовско е оддалечен два километра. Станува збор за значајно природно наследство оставено од природата. Владата на Македонија ја почнала постапката ова наоѓалиште да биде прогласено за строг природен резерват[1]. Наоѓалиштето било заштитено и со стариот Закон за заштита на природните реткости, а во процедура е постапка за повторно прогласување.[2] Наоѓалиштето Плочи името го добило поради карпестите блокови во вид на зарамнети плочи и грамади од мек туф. Под дејство на атмосферските промени настанале повеќе природни вдлабнатини со специфични форми и големини, кои во науката се познати под името литотелми. Во поголемите вдлабнатини водата се задржува подолг период што овозможува во нив да се развива посебен жив свет. Основниот белег на ваквите литотелми го даваат посебните минијатурни водени екосистеми од безрбетници од класата ракообразни. Најпознат од нив е ендемското вилинско ракче (Tanymastix stagnalis)[3], кое поред Европската црвена список на инвертебратни претставители за слатководни екосистеми, сместено е во категоријата на загрозени видови.

Плоче Литотелми
Површина0,23 км2
Воспоставен(а)2003 (2003)

Наводи

уреди
  1. октомври 2003.pdf „Закон за прогласување на локалитетот „Плоче Липотелми" за строг природен резерват“ Проверете ја вредноста |url= (help) (PDF). Собрание на Македонија. Посетено на 2010-10-19.[мртва врска]
  2. „Седница на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија“. Курир. 6 септември 2010 14:58. Посетено на 2010-10-19. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)[мртва врска]
  3. Swetozar Petkovski (1995). D. Belk, H. J. Dumont & G. Maier (уред.). „Studies on Large Branchiopod Biology and Aquaculture II“. On the presence of the genus Tanymastix Simon, 1886 (Crustacea: Anostraca) in Macedonia. Hydrobiologia. 298 (1–3): 307–313. doi:10.1007/BF00033825.

Надворешни врски

уреди