Сокол (Серско)
Сокол (грчки: Συκιά, Сикија)[2] — село во Општина Довишта во Серскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Сокол Συκιά | |
---|---|
Координати: 41°4′N 23°43′E / 41.067° СГШ; 23.717° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Серски округ |
Општина | Довишта |
Општ. единица | Довишта |
Надм. вис. | 297 м |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 1.715 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 27 километри источно од градот Сер и на 2 километри источно од Довишта, на надморска височина од 297 метри.
Историја
уредиОтоманско Царство
уредиСелото во текот на XIX век се наоѓало во Серската каза во составот на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 115 жители Турци[3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 180 Грци и 100 Турци[4].
Грција
уредиПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година населбата била евидентирана како напуштена[5].
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Демографија
уредиВо 1928 година селото броело 167 жители, додека во 1940 година селото броело 224 жители. Селото според пописот од 1951 година броело 200 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 205 жители, во 1971 година имало 96 жители, во 1981 година имало 83 жители, додека во 1991 година имало 114 жители.[5] Денеска, населението на селото е 111 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 224 | 200 | 205 | 96 | 83 | 114 | 111 | 30 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Знаменитости
уреди- Црква „Воздвижение на Чесниот Крст“ од 1955 г.
Наводи
уреди- ↑ Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαρμουσακλή - Συκιά
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 124.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 177.
- ↑ 5,0 5,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 81.
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
Надворешни врски
уреди- [1] Архивирано на 23 јули 2017 г.