Секавец

село во Нигритско, Егејска Македонија

Секавец (познато и како Сjaкавец, Саковча, Сјакавче; грчки: Λιβαδοχώρι, Ливадохори; до 1927 г. Σακάφτσια, Сакафција или Σακάφτσα, Сакафца[2]) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот округ, Грција. Населението брои 420 жители (2011). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци.[3]

Секавец
Λιβαδοχώρι
Секавец is located in Грција
Секавец
Секавец
Местоположба во областа
Секавец во рамките на Долна Џумаја (општина)
Секавец
Местоположба на Секавец во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°2′N 23°22′E / 41.033° СГШ; 23.367° ИГД / 41.033; 23.367
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаДолна Џумаја
Општ. единицаОрљак
Надм. вис.&1000000000000002000000020 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно420
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 20 км западно од градот Сер и на 17 км северно од Нигрита, во североисточното подножје на Богданска Планина, на надморска височина од 20 м.[3]

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во XIX век Секавец било македонско село во Серската каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Сакафча (Sakaftcha) имало 75 домаќинства со 169 жители Македонци и 48 муслимани.[4][5]

Во 1889 година Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Секавец:

Секавец - чифлик, жителите се христијански Македонци, од Нигрита на 3 часа.[6]

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Секафче, на 412 на запад од Сер, до реката. Блатеста земја но плодна за памук и сусам. Патот е мачен кога врне. Грчка црква. 40 македонски куќи.[7]

Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Сјакавче имало 360 жители, сите Македонци.[8][9] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Секавец имало 600 Македонци под врховенство на патријаршијата и во селото работело грчко училиште.[8][10]

Во Грција

уреди

За време на Првата балканска војна Секавец е окупиран од Бугарија, но по Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 374 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 327.[3]

Во 1924 година, во селото се населиле 44 бегалски семејства (вкупно 189 бегалци), така што селото станало мешана населба.[3] Во 1927 година, името на селото било променето во Ливадохори (Ливадохори).[2]

Селото многу настрадало и во Втората светска војна, кога македонското население било принудно иселено во Бугарија и Југославија, а на нивно место биле населени бегалци од попасивните села.[3]

Стопанство

уреди

Населението одгледува фуражни растенија, памук и други индустриски култури, произведува жито и други земјоделски производи, а внимание му посветува и на краварството.[3]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 561 816 1.000 600 524 546 560 420
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Во 1927 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 10,3 квадратни километри.[3] Општината Секавец била приклучена во општината Орљак во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Долна Џумаја.

Селото припаѓа на општинската единица Орљак со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Долна Џумаја, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Секавец, во кој е влегува и Долно Караџово.

Културни и природни знаменитости

уреди

Цркви

Личности

уреди

Родени во Секавец

Починати во Секавец

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 17 март 2024.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 241.
  4. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 118–119. ISBN 954-8187-21-3.
  6. Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 59.
  7. Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVII-XXXVIII, 1891, стр. 845.
  8. 8,0 8,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  9. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 176. ISBN 954430424X.
  10. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 198–199.