Говедарство
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Говедарството е најзначајна сточарска гранка. Тоа е застапено секаде каде што има поволни услови за одгледување говеда. Тоа се, главно, пределите со умерена клима, во кои се наоѓаат пространи пасишта со бујна и сочна трева. Говедата се најзастапени домашни животни. Денес, најмногу се одгледуваат говеда од швајцарска и фризиска раса.
Говедарството во светот
уредиНајмногу говеда има во Индија. Меѓутоа, во таа земја кравата се смета за „свето животно“ и затоа млекото и месото од неа не се употребуваат за исхрана. По Индија, најголем број говеда има во Бразил, САД, Кина и Аргентина.
Говедарството во Македонија
уредиВо Македонија доминираат традиционалните мали фарми, кои учествуваат со 75% во вкупниот број. Овие фарми најчесто се состојат од 1 до 3 говеда кои даваат мали годишно производство на млеко од 2 до 3 илјади литри по крава. Само 3% од фармите отпаѓаат на големите специјализирани фарми со повече од 20 крави, чие годишно производство изнесува 5 илјади литри млеко по крава, додека само 1% од фармите имаат повеќе од 50 говеда.[1]
Наводи
уреди- ↑ „Извозниот потенцијал на агрокомплексот!“, Економија и бизнис, година 22, број 267, ноември 2020, стр. 75.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |