Северна Рајна-Вестфалија
Северна Рајна-Вестфалија или СРВ (германски: Nordrhein-Westfalen, скрат. NRW) — сојузна покраина на западот на Германија и најголема по население и стопанство. Има преку 18 милиони жители, придонесува со 22% од германскиот бруто-домашен производ и зафаќа површина од 34.083 км2. Северна Рајна-Вестфалија се наоѓа во западниот дел на Германија и се граничи со Белгија и Холандија.
Северна Рана-Вестфалија Nordrhein-Westfalen | |||
---|---|---|---|
сојузна покраина | |||
Земја | Германија | ||
Главен град | Диселдорф | ||
Управа | |||
• Орган | Собрание на СРВ | ||
• Премиер | Армин Лашет (ДХС) | ||
• Владејачки партии | ДХС / СлДП | ||
Површина | |||
• Вкупно | 34.084,13 км2 (1,315,996 ми2) | ||
Население (2017-12-31) | |||
• Вкупно | 17.912.134 | ||
• Густина | 5,3/км2 (14/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
ISO 3166 | DE-NW | ||
БДП (номинален) | 702 млд € (2018)[1] | ||
БДП/жител | 39.358 € (2018) | ||
NUTS-регион | DEA | ||
ИЧР (2017) | 0,934[2] многу висок | ||
Мреж. место | land.nrw |
Главен град е Диселдорф, а други поголеми градови се Келн, Есен, Дортмунд, Дисбург, Билефелд, Бон и Минстер.
Географија
уредиВо средиштето на покраината се наоѓа метрополитенска регион Рајна-Рур, каде се наоѓаат градовите Келн, Диселдорф и Бон, како и рурскиот индустриски комплекс. Рурската област се состои, меѓу другите, од градовите Есен, Дортмунд, Дисбург, Бохум и Гелзенкирхен.
Покраината покрива растојание од 291 км север-југ и 266 км исток-запад.
Вкупната должина на границите ѝ е 1,645 км. Следниве земји и покраини се граничат со неа:[3]
- Белгија (99 км)
- Холандија (387 км)
- Долна Саксонија (583 км)
- Хесен (269 км)
- Рајнска област-Пфалц (307 км)
За многу луѓе Северна Рајна-Вестфалија е синоним за индустриска област. Но најголемиот дел од покраината се состои од шуми и полиња. Јужните делови од Тевтобуршката Шума се наоѓаат североисточно. На северозапад, Северна Рајна-Вестфалија помалку зафаќа и од Ајфел, кој се наоѓа на границата помеѓу Белгија и Рајнската област-Пфалц. Југоистокот е ретко населен. Тоа се областите Зауерланд и Зигерланд. Северозападните области на покраината се дел од Северноевропските Низини.
Најважните реки кои макар делумно течат низ Северна Рајна-Вестфалија се: Рајна, Рур, Емс, Липе и Везер. Реката Падер, која тече низ градот Падерборн, се смета за најкратката река во Германија.
Покраината се состои од 5 управни окрузи (Regierungsbezirke), поделени на 31 округ (Kreise) и 23 урбани окрузи (kreisfreie Städte). Вкупно, Северна Рајна-Вестфалија има 396 општини (1997), вклучувајќи ги оние кои се општини сами за себе.
Окрузи во Северна Рајна-Вестфалија:
Слободни градови кои не му припаѓаат на ниеден округ:
Петте административни региони кои им припаѓаат на, еден од двата Landschaftsverbände:
Историја
уредиПокраината Северна Рајна-Вестфалија била основана од британската воена администрација во 1946. Првобитно оваа се состоела од Вестфалија и северните делови од Рајнската област, поранешни територии на Прусија. Во 1947 поранешната покраина Липе била припоена кон Северна Рајна-Вестфалија, така сочинувајќи ги денешните покраински граници.
Знаме
уредиЗнамето на Северна Рајна-Вестфалија е зелено-бело-црвено со комбинираните грбови на пруската Рајнска провинција (лела линија пред зелена позадина), Вестфалија (белиот коњ) и Липе (црвената роза).
Според една легенда коњот во вестфалскиот грб е коњот кој саксонскиот водач Видукинд го јавал по неговото крштевање. Други пак сметаат дека коњот е поврзан со Хајнрих Лавот.
Образование
уредиОбразованието во северно вестфалскиот систем се одликува со четири годишно основно образование. Потоа учениците се насочуваат според успехот во неколку типа на средни училишта. Помеѓу кои се вбројуваат училишта кои претставуваат припрема за стручно образование, гимназија и неколку типа средни училишта ( интегрирано средно училиште и др.). Само некои од овие училишта овозможуваат продолжување на образованието.
До 1950-тите имало само неколку универзитети во оваа покраина (во градовите Минстер, Келн и Бон). Започнувајќи од шеесеттите години отворени сè поголеми број други универзитети. Некои од универзитетите од оваа покраина се вбројуваат помеѓу најголемите во Германија.
Во рамките на научноистражувачките центри се вбројува и „Макс Планк“ институтот во Јулих.
Премиери на Северна Рајна-Вестфалија
уредиОва се премиерите (германски: Ministerpräsident) на сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалја:
Премиери на Северна Рајна-Вестфалија | |||||
---|---|---|---|---|---|
Бр. | Име и презиме | Слика | Партија | Од | До |
1 | Рудолф Амелунксен | ПЦ | 1946 | 1947 | |
2 | Карл Арнолд | ДХС | 1947 | 1956 | |
3 | Фриц Штајнхоф | СДП | 1956 | 1958 | |
4 | Франц Мајерс | ДХС | 1958 | 1966 | |
5 | Хајн Кин | СДП | 1966 | 1978 | |
6 | Јоханес Рау | СДП | 1978 | 1998 | |
7 | Волфганг Клемент | СДП | 1998 | 2002 | |
8 | Пер Штајбрик | СДП | 2002 | 2005 | |
9 | Јирген Ритгерс | ДХС | 2005 | 2010 | |
10 | Ханелора Крафт | СДП | 2010 | 2017 | |
11 | Армин Лашет | ДХС | 2017 | — |
Наводи
уреди- ↑ „GDP NRW official statistics“. Архивирано од изворникот на 2015-06-26. Посетено на 17 February 2019.
- ↑ „Sub-national HDI - Area Database - Global Data Lab“. hdi.globaldatalab.org (англиски). Посетено на 2018-09-13.
- ↑ Length of borders taken from Statistisches Jahrbuch NRW 2005, 47. Jahrgang, Landesamt für Datenverarbeitung und Statistik Nordrhein-Westfalen, p. 22