Марковски округ

округ во Северна Рајна-Вестфалија, Германија

Марковски округ (германски: Märkischer Kreis) — округ во средишниот дел на покраината Северна Рајна-Вестфалија во Германија. Се граничи со окрузите Уна, Зост, Горен Зауерланд, Олпе, Обербершкиот округ, Енепе-Рур и градот Хаген. Наречен е по некогашната грофовија Марк која се наоѓала на ова подрачје.

Марковски округ
Märkischer Kreis

округ
Знаме на Марковски округ Märkischer KreisГрб на Марковски округ Märkischer Kreis
Карта
Земја Германија
ПокраинаСеверна Рајна-Вестфалија
Адм. подр.Арнсберг
СедиштеЛиденшајд
Површина
 • Вкупна1,058,95 км2 (0,40.886 ми2)
Население (31 декември 2023)[1]
 • Вкупно408.579
 • Густина390,000/км2 (1,000,000/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.MK
Мреж. местоhttp://www.maerkischer-kreis.de
Општините во Марковскиот округ

Историја

уреди

Округот е создаден во 1975 г. како дел од реформите во окрузите на покраината. Направен е со спојување на поранешните окрузи Лиденшајд и Изерлн, градскиот округ на Изерлон и подрачјето околу Балве (дотогаш во состав на округот Арнсберг).

Географија

уреди

Во географски поглед, Марковскиот округ го опфаќа северозападниот дел на ридската област Зауерланд, јужно од долината на Рур. Највисоко место е Нордхеле, на надморска височина од 683 м. Поважни реки во округот се Лене и Хене. Иако е претежно шумовит и слабо населен, округот сепак бележи долга индустриска историја поради изобилството на огревно дрво за тополниците за челик, кое се користело сè до воведувањето на јаглен од Рур.

Градови и општини

уреди
Градови (население) Општини (население)
  1. Алтена (20.997)
  2. Балве (12.200)
  3. Изерлон (102.456)
  4. Кирспе (18.313)
  5. Халвер (17.550)
  6. Хемер (37.790)
  1. Вердол (20.333)
  2. Лиденшајд (79.131)
  3. Мајнерцхаген (21.823)
  4. Менден (58.184)
  5. Нојенраде (12.402)
  6. Плетенберг (28.149)
  1. Нахрот-Виблингверде (6.856)
  2. Хершајд (7.617)
  3. Шалксмиле (12.257)

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Населеност на местата“. Статистичка служба на Северна Рајна-Вестфалија. 20 јуни 2024. (германски)

Галерија

уреди

Надворешни врски

уреди

51°13′30″N 7°36′52″E / 51.22500° СГШ; 7.61444° ИГД / 51.22500; 7.61444