Рур
Рур (германски: Ruhrgebiet, разговорно: Ruhrpott, Kohlenpott, Pott или Revier) — урбана област во Северна Рајна-Вестфалија, Германија.[3] Со 4.435 км2 и население од некои 5,2 милиони (2009), е најголемата урбана агломерација во Германија. Се состои од неколку големи, поранешно индустриски градови и се граничи со реките Рур на југ, Рајна на запад и Липе на север. На југозапад се граничи со Бергишес Ланд. Се смета како дел од поголемиот метрополитенската област Рајна-Рур со повеќе од 12 милиони луѓе.
Метрополитенска област Рур Metropolregion Ruhr | |
---|---|
Карта на метрополитенскиот регион во рамките на Германија | |
Држава | Германија |
Покраина | Северна Рајна-Вестфалија
|
Најголеми градови | Дортмунд Есен Дисбург Бохум |
Управа | |
• Орган | Регионална заедница Рур |
Површина | |
• Метро | 4.435 км2 (1,712 ми2) |
Најг. вис. | 441 м |
Најм. вис. | 13 м |
Население | |
• Метро | 5,172,745 |
• Метро | 1.646/км2 (4,260/ми2) |
Час. појас | CET (UTC+1) |
БРП | 2007 |
Номинален | 136,3 милијарди €[1] |
Мреж. место | www.metropoleruhr.de |
Бидејќи Рур е полицентричен, координатите се покажани општо во природа, за да може да се фокусира на целокупниот регион на Рур: 51°30′N 7°30′E / 51.500° СГШ; 7.500° ИГД.
Од запад на исток, областа ги вклучува градовите Дисбург, Оберхаузен, Ботроп, Милхајм на Рур, Есен, Гелзенкирхен, Бохум, Херне, Хаген, Дортмунд и Хам, како и делови од повеќе „рурални“ окрузи Везел, Реклингхаузен, Уна и Енепе-Рур. Историски, западните рурски градови, како Дисбург и Есен, припаѓаат на историската област Рајнска област, додека пак источниот дел на Рур, меѓу кои Гелзенкирхен, Бохум, Дортмунд и Хам, биле дел од областа Вестфалија. Од 19-от век, овие окрузи заедно растеле во голем комплекс на индустриски пејзаж, населен од околу 7,3 милиони луѓе (ако се додадат и Диселдорф и Вупертал). Таа е четврта најголема урбана област во Европа, веднаш по Москва, Лондон и Париз.
За 2010, областа Рур е еден од европските престолнини на културата.
Географија
уредиУрбаниот пејзаж на Рур се простира од басенот Долна Рајна источно кон Вестфалската низина и јужно на ридовите на Рајнските Шкрилни Планини. Низ централниот дел на Рур има сегменти на лесовиот појас, кои се простира низ цела Германија од запад на исток. Историски, овој лесов пејас бил сметан како едно од најбогати земјоделски подрачја во земјата.
Геолошки, областа е дефинирана со појава на слоеви на јаглен од горниот карбонски период, повеќе или помалку независно од неговата длабочина. Слоевите на јагленот може да се најдат долж реката Рур и низводно од реката на север. Под реката Липе, јагленот се наоѓа на длабочина од 600 до 800 метри. Дебелината на слоевите на јаглен се движат од еден од три метри. Оваа геолошка функција одиграла значајна улога во развојот на рударството во Рур.
Според регионалната заедница Рур, 37,6% од областа е изградена. Вкупно 40,7% од земјиштето се употребува за земјиделство. Шумите заземаат околу 17,6% од површината во областа. Водените површини и другите типови на земја го заземаат остатокот на областа Рур. Приклучувањето на четири, главно рурални окрузи во главно индустриската област Рур го објаснува високиот процент на земјоделска и пошумена област. Покрај тоа, градските области во областа Рур се наоѓаат во окрузи со рурален карактер.
Гледан на карта, Рур може да се смета како еден град, барем во правец север-југ, не постојат посебно прекини меѓу поединечните градски окрузи. Поради ова, Рур е опишан како полицентрична урбана зона. Областа е карактеризирана со слична историја на урбан и економски развој.
Поради неговата историја, Рур е структуриран различно од моноцентричните урбани области како Берлин и Лондон, кои се развивале низ брзо спојување на помалите градови и села со растечкиот централен град. Наместо тоа, поединечните и урбани окрузи во Рур растеле независно еден од друг во текот на индустриската револуција. Додека големите европски градови, обично имаат густина на население од 20.000 жители по километар квадратен, густината на населението во Рур е околу 2.100 жители по километар квадратен, прилично помала во споредба со другите германски градови.
Транзициите од еден рурски град во друг се состои од отворените предградија и дури отворени или земјоделски полиња. Во некои места, границите помеѓу градовите во централен Рур се непрепознатливи поради постојаниот развој низ нив.
Пренаменувањето на индустриските капацитети и јагленокопите создале нови паркови и зони за рекреација. Emscher Landschaftspark (Пејзажен парк Емшер) се наоѓа долж реката Емшер, порано буквално отворена канализација, дел од нив биле подложени на природна обнова. Овој парк се протега од север кон југ, кој бил развиен низ регионалното планирање во 1920-тите, за создавање на зелен појас низ рурските градови од исток кон запад.
Демографија
уредиНајголеми градови
уреди10-те најголеми градови во Рур се:
Место | Име | Нас. 2010 | Површина (км2) | Нас. по км2 | Карта |
---|---|---|---|---|---|
1 | Дортмунд | 580.688 | 280,37 | 2.071 | |
2 | Есен | 575.027 | 210,38 | 2.733 | |
3 | Дисбург | 501.564 | 232,81 | 2.154 | |
4 | Бохум | 385.626 | 145,43 | 2.652 | |
5 | Гелзенкирхен | 268.102 | 104,86 | 2.557 | |
6 | Оберхаузен | 218.898 | 77,04 | 2.841 | |
7 | Хаген | 196.934 | 160,36 | 1.228 | |
8 | Хам | 184.239 | 226,24 | 814 | |
9 | Херне | 170.992 | 51,41 | 3.326 | |
10 | Милхајм на Рур | 169.917 | 91,29 | 1.861 |
Јазик
уредиЛокалниот дијалект на германски е нарекуван Ruhrdeutsch или Ruhrpottdeutsch, иако навистина не постои посебен дијалект, кој може да се забележи како еден дијалект. Тоа е повеќе социолект на работничката класа со влијанија на повеќе различни дијалекти, кои се наоѓаат во областа и зависи од професијата на работниците. Една од главните заеднички влијанија произлегува од традицијата за јаглен во областа. На пример, неколку жители сакаат Рур да се нарекува „Ruhrpott“, каде „Pott“ е изведенка од „Pütt“ (термин за рудник), или "Revier".
Култура
уредиГрадот Есен (претставувајќи го Рур) бил избран за европска престолнина на културата за 2010 г. од Советот на Европската Унија.
Пат на индустриското наследство
уредиПатеката на индустриското наследство (германски: Route der Industriekultur) ги поврзува туристичките атракции поврзани со европскиот пат на индустриското наследство во областа Рур.
Стопанство
уредиНајголеми компании
уредиСообраќај
уредиПатен сообраќај
уредиОбласта Рур ја има една од најгустите мрежи на автопати во Европа, со дузина Autobahns и автопати како Schnellstraßen (експресен пат) минуваат низ областа. Мрежата на автопати е изградена во мрежа, со 4 исток-запад (A2, A40, A42, A44) и 7 север-југ (A1, A3, A43, A45, A52, A57, A59) рути. A1, A2 и A3 се најчесто користени за сообраќај, додека другите автопати имаат поголема регионална фукција. Двата A44 и A52 имаат определени делови кои недостигаат, во различни фази на планирање. Некои делови моментално се планираат да се изградата.
Дополнителни брзи патишати кои служат како бајпаси и локални патишта, особено низ Дортмунд и Бохум. Поради густината на автопат и брзи патишта, Bundesstraßes се помалку важни за меѓуградскиот сообраќај. Првиот автопат во Рур е отворен во текот на средината на 1930-тите. Поради густината на мрежата и бројот на алтернативни патишта, обемот на сообраќај е генерално помал во споредба со останатите големи метрополитенски области во Европа. Метежот во сообраќајот е редовна појава, но многу помалку во споредба со Рандстад, друга полицентрична урбана зона. Многу важните автопатишта поседуваат шест ленти, но нема автопати со осум ленти во Рур.
Јавен сообраќај
уредиСите компании за јавен превоз во областа Рур се водени од една Verkehrsverbund Rhein-Ruhr, кој обезбедува ист систем за карти валиден во целокупната област. Областа Рур е добра интегрирана со Deutsche Bahn, како за патнички, така и за товарен превоз.
Воздушен сообраќај
уредиМеѓународниот аеродром Диселдорф претставува интерконтинентален аеродром за Северна Рајна-Вестфалија и е во рамките на 20 километри за поголемиот дел во западната рурска област. Аеродромот Дортмунд во источен Рур е аеродром од средна големина, кој нуди летови за домашни и европски одредишта.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ metropoleruhr.de
- ↑ Највисока: Венгеберг во Брекерфелд, Најниска: Ксантен
- ↑ „Некои странци всушност знаат дека 'Рур' е име на 200-километарска река, десна притока на Рајна, која по влегувањето во индустрискиот басен е именувана така, влегува во европската најголемо речно пристаниште Дисбург.“ Volume 10 (1966), стр. 30. „Територијата низ која Рур тече е наречена округ Рур.“ Види Едмунд Јан Османчук и Ентони Манго, Енциклопедија на ОН и меѓународни договори: A до F, 2003, стр. 1970. „Многу индустрии биле изградени во областа Рур, поради наоѓањето на железо и јаглен.“ Катрин Лејн, Германија: Земја (2001), стр. 24.
Додатна литература
уреди- Kift, Roy, Tour the Ruhr: The English language guide (3rd ed., 2008) (ISBN 3-88474-815-7) Klartext Verlag, Essen [1] Архивирано на 22 мај 2022 г.
- Berndt, Christian. Corporate Germany Between Globalization and Regional Place Dependence: Business Restructuring in the Ruhr Area (2001)
- Crew, David. Town in the Ruhr: A Social History of Bochum, 1860–1914 (1979) (ISBN 0231043007)
- Fischer, Conan. The Ruhr Crisis, 1923–1924 (2003)
- Gillingham, John. "Ruhr Coal Miners and Hitler's War", Journal of Social History Vol. 15, No. 4 (Summer, 1982), pp. 637–653 in JSTOR* Chauncy D. Harris, "The Ruhr Coal-mining District", Geographical Review, 36 (1946), 194–221.
- Gillingham, John. Industry and Politics in the Third Reich: Ruhr Coal, Hitler, and Europe (1985) (ISBN 0231062605)
- Pounds, Norman J. G. The Ruhr: A Study in Historical and Economic Geography (1952) online
- Pierenkemper, Toni. "Entrepreneurs in Heavy Industry: Upper Silesia and the Westphalian Ruhr Region, 1852 to 1913", Business History Review Vol. 53, No. 1 (Spring, 1979), pp. 65–78 in JSTOR
- Royal Jae Schmidt. Versailles and the Ruhr: Seedbed of World War II (1968)
- Spencer, Elaine Glovka. "Employer Response to Unionism: Ruhr Coal Industrialists before 1914" Journal of Modern History Vol. 48, No. 3 (Sep., 1976), pp. 397–412 in JSTOR
- Spencer, Elaine Glovka. Management and Labor in Imperial Germany: Ruhr Industrialists as Employers, 1896–1914. Rutgers University Press. (1984) online
- Todd, Edmund N. "Industry, State, and Electrical Technology in the Ruhr Circa 1900", Osiris 2nd Series, Vol. 5, (1989), pp. 242–259 in JSTOR
Надворешни врски
уреди„Ruhrgebiet“ на Ризницата ? |
Видете Ruhrgebiet во Викиречник, слободниот речник. |
Викивестите имаат новост на оваа тематика: Themenportal_Ruhrgebiet |
- Повоена програма за Германија (септември 1944)
- Рурска делегација на САД, Совет на надворешни министри 24 март 1947 Архивирано на 10 март 2007 г.
- Слики од областа Рур Архивирано на 24 август 2021 г.