Детмолд (административен округ)
Детмолд (германски: Detmold) — еден од петте административни окрузи во Северна Рајна-Вестфалија, Германија, кој се наоѓа во североисточниот дел на покраината. Тој е поврзан со административната непостоечката територија Источна Вестфалија-Липе (Ostwestfalen-Lippe).
Детмолд | |
---|---|
Административен округ | |
Карта на North Rhine-Westphalia со округот Детмолд | |
Земја | Германија |
Сој. покраина | Северна Рајна-Вестфалија |
Админ. центар | Детмолд |
Површина | |
• Вкупна | 6.518,14 км2 (251,667 ми2) |
Население (31 декември 2023)[1] | |
• Вкупно | 2.087.744 |
• Густина | 3,2/км2 (8,3/ми2) |
Мреж. место | www.brdt.nrw.de |
Округот е создаден во 1947, кога поранешната покраина Липе бил припоена кон Северна Рајна-Вестфалија со спојување на поранешниот округ Минден со територијата на Липе. Минден како управна единица потекнува од 1815, кога со воспоставувањето на ваквите окрузи.
Местоположба
уредиОкругот Детмолд се наоѓа на североистокот на Северна Рајна-Вестфалија и затоа претставува област каде германските ниски планини се поделени од Северногерманската Низина. Како округ зафаќа површина од околу 6.500 км², тоа е една петтина од површината на Северна Рајна-Вестфалија. На север и исток од округот е германската покраина Долна Саксонија, на југ е покраината Хесен. На западната граница се наоѓаат административните окрузи Арнсберг и Минстер.
Управа
уредиУправата се наоѓа во Детмолд во округот Липе. Од 21 јули 2005 Мариан Томан-Штал (ФДП) — водачот на администрацијата (Regierungspräsidentin).
Административна поделба
уредиОкругот е составен од сочинуваат шест окрузи со 69 општини и еден слободен град.
Окрузи Kreise |
Слободни градови Kreisfreie Städte |
---|---|
Историја
уредиДетмолд има два историски корена:
- источниот вестфалски дел (скоро 80% од површината) припаѓа на поранешната пруска провинција Вестфалија и таму е формирана единицата округ Минден. Во 1946 пруската провинција ја формирала новата покраина Северна Рајна-Вестфалија, заедно со северната Рајнска област.
- округот околу кого се наоѓа денешниот округ Липе бил наречен Ланд Липе до 1947 и бил одделена германска држава, исто како Прусија. До 1918 тој бил кнежевство (Fürstentum), потоа слободна држава (Freistaat) и поради тоа има различно историско минато отколку Источна Вестфалија.
Надворешни врски
уреди- Службена страна (германски)
52°0′N 8°45′E / 52.000° СГШ; 8.750° ИГД
- ↑ „Населеност на местата“. Статистичка служба на Северна Рајна-Вестфалија. 20 јуни 2024. (германски)