Рајна-Рур
Рајна-Рур (германски: Metropolregion Rhein-Ruhr) — најголема метрополитенска област во Германија со околу 11.000.000 жители. Тој е полицентричен по природа и единствен мегаград во Германија. Таа зафаќа површина од 7.110 квадратни километри и целосно се наоѓа во рамките на сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија. Метрополитенската област Рајна-Рур се шири од Дортмунд-Бохум-Есен-Дисбург (Рур) на север, до урбаните подрачја на градовите Менхенгладбах, Диселдорф (покраински главен град), Вупертал, Келн (најголемиот град во областа и германскиот четврти најголем град) и Бон на југот. Локацијата на Рајна-Рур во срцето на европската „сина банана“ го прави добро поврзан со другите големи европски градови и метрополитенски области , како што се Амстердам и Рандстад, Фламанскиот дијамант и Франкфурт/областа Рајна-Мајна.
Рајна-Рур Metropolregion Rhein-Ruhr | |
---|---|
Рајна-Рур според LEP Северна Рајна-Вестфалија, 1995 | |
Држава | Германија |
Покраина | Северна Рајна-Вестфалија
|
Најголеми градови | Келн Диселдорф Дортмунд Есен Дисбург Бон |
Површина | |
• Метро | 7.110 км2 (2,750 ми2) |
Најг. вис. | 494 м |
Најм. вис. | 20 м |
Население [1][2] | |
• Метро | 11,316,429 жители |
• Метро | 1,422/км2 (3,684/ми2) |
Час. појас | CET (UTC+1) |
БРП | 2004 |
номинален | €330.9 милијарди (трет во ЕУ) |
Метрополитенската област е наречена по реките Рајна и Рур, кои ги дефинираат географските одлики на области и историски неговиот економски столб.
Поделби
уредиПостојат многу различни поддефиниции на она што му припаѓа на областа Рајна-Рур, но метрополитенската област официјално има граници со Хам на исток, Менхенгладбах на запад и Бон на југ и малиот град Везел како своја најсеверна точка. Северната граница е слична со границата на Рурската област.
Табелата подолу го покажува неофицијалниот збир на областите. Во официјалната дефиниција метрополитенската област е многу помала.
Област | поголеми градови | површина | население |
---|---|---|---|
Рурска метрополитенска област[3] | 4.435 км² | 5.172.745 | |
Дортмунд | 280 км² | 581.308 | |
Есен | 210 км² | 576.259 | |
Дисбург | 233 км² | 491.931 | |
Диселдорф метрополитенска област | 2.404 км² | 2.944.700 | |
Диселдорф | 217 км² | 586.217 | |
Нојс | 99 км² | 151.280 | |
Менхенгладбах | 170 км² | 258.251 | |
Вупертал | 168 км² | 351.050 | |
Келн/Бон метрополитенска област[4] | 2.920 км² | 2.818.178 | |
Келн | 405 км² | 1.000.298 | |
Бон | 141 км² | 319.841 | |
Рајна-Рур метрополитенска област | 9.759 км² | 10.935.623 |
Евростат Urban Audit го дели Рајна-Рур областа во шест Поголеми урбани зони (ПУЗ). Овие шест урбани зони не ги покриваат градовите Ремшајд и Золинген, ниту округот Рајна-Нојс.
Поголема урбана зона | поголеми градови | површина | население |
---|---|---|---|
Поголема урбана зона Рур[5][6] | 4.434 км² | 5.172.745 | |
Дортмунд | 280 км² | 581.308 | |
Есен | 210 км² | 576.259 | |
Дисбург | 233 км² | 491.931 | |
Поголема урбана зона Диселдорф[7][8] | 1.200 км² | 1.525.774 | |
Диселдорф | 217 км² | 586.217 | |
Нојс | 99 км² | 151.280 | |
Ратинген | 67 км² | 91.306 | |
Поголема урбана зона Менхенгладбах[9][10] | 170 км² | 258.251 | |
Менхенгладбах | 170 км² | 258.251 | |
Поголема урбана зона Вупертал[11][12] | 168 км² | 351.050 | |
Вупертал | 168 км² | 351.050 | |
Поголема урбана зона Келн[13][14] | 1.627 км² | 1.899.930 | |
Келн | 405 км² | 1.000.298 | |
Поголема урбана зона Бон[15][16] | 1.295 км² | 918.248 | |
Бон | 141 км² | 319.841 | |
Област Рајна-Рур | 8.894 км² | 10.125.998 |
Градови со повеќе од 1.000.000 жители
уредиГрадови со повеќе од 500.000 жители
уреди-
Диселдорф (покраински главен град)
Градови со повеќе од 100.000 жители
уредиРурска област (Вестфалски дел)
уредиБохум, Ботроп, Гелзенкирхен, Хаген, Хам, Херне, Изерлон, Реклингхаузен, Витен
Рурска област (Рајнски дел)
уредиДисбург, Мерс, Милхајм во Рур, Оберхаузен
Бершки крај
уредиБершки Гладбах, Ремшајд, Золинген, Вупертал
Рајнска долина
уредиЕкономија
уредиИсториски гледано, поголемиот дел од Рур бил во најголем дел се одликува со тешката индустрија од времето на доцниот 19-ти и раниот 20 век. Од средниот век, Келн, Дортмунд и другите градови биле важни регионални трговски центри, но во текот на 19-от век градот Диселдорф постигнал голем пораст и станал администативен центар на областа, а од 1945 година и политички главен град.
Денес, метрополитенската област Рајна-Рур изнесува околу 15% од БДП-то на германската економија и може да се постави како трет најголем БРП на метрополитенските области во Европската Унија и 16-ти најголем БДП во светот. И покрај оваа големина, областа Рајна-Рур често нема меѓународна конкурентност од недостатокот на единствена презентација, во која градовите и урбаните области во рамките на областа, често се занимаваат со посебна инвестициона политика едни против други.[17]
Во рамките на областа, Диселдорф и Келн се далеку најголеми економски центри,[18] со специјализација во финансиите/високата технологија и осигурувањето/мултимедија услугите соодветно. Други поголеми економски центри се Бон, Дортмунд и Есен. Областа е дом на дванаесет[19] Форчн Глобал 500 компании, меѓу кои се Е.ОН АГ, Диселдорф; Deutsche Post AG, Бон; Метро АГ, Диселдорф; Deutsche Telekom AG, Бон; ThyssenKrupp AG, Есен/Дисбург; RWE AG, Есен; Бајер АГ, Леверкузен; Франц Ханиел & ГмбХ, Дисбург; Евоник Индустрија, Есен; Аркандор АГ, Есен; Хохтиф АГ, Есен и Henkel Group, Диселдорф.
Сообраќај
уредиМетрополитенската област може да се пофали со два меѓународни аеродрома Келн/Бон и Диселдорф и неколку регионални/домашни аеродроми како Дортмунд, Диселдорф/Менхенгладбах и Веце. Градот Келн, исто така, е поврзан со аеродромот Франкфурт со едночасовна железничка брза линија Келн-Франкфурт.
Комерцијални аеродроми
уредиАеродром | ИАТА код | ИКАО код | годишен патнички сообраќај |
---|---|---|---|
Аеродром Диселдорф | DUS | EDDL | 18,98 милиони (2010) |
Аеродром Келн/Бон | CGN | EDDK | 10,35 милиони (2008)[20] |
Аеродром Дортмунд | DTM | EDLW | 2,30 милиони (2008) |
Северна Рајна-Вестфалија ја има најгустата мрежа на аутобанови во Германија и Феркерсфербунд Рајна-Рур е регионалниот подземен железнички систем, кој ги поврзува сите градови и нивните локални У- и С-железнички системи (С-железница Рајна-Рур).
Пристаниште Дисбург (Дуиспорт) и пристаниште Дортмунд се големите индустриски пристаништа во внатрешноста и служат како центри по Рајна и германскиот континентален воден транспортен систем.
Туризам
уредиНастани
уредиОбласта е домаќин на бројни мега настани, составени од забавни саеми и културни настани како што се кенски и диселдорфски карневал, Келн Комеди Фестивал, Рурфестшпиле Реклингхаузен, РурТринале и Келн геј прајд, како и трговските саеми на Келнскиот саем - Келнски саем и Саем во Диселдорф. Со капацитет од над 20.000 луѓе, Келнарена и Вестфаленхален влегуваат во кругот на најголемите затворени арени во Германија.
Областа е домаќин на осум фудбалски клубови, најуспешните меѓу нив се ФК Борусија Дортмунд, ФК Борусија Менхенгладбах, ФК Келн, ФК Шалке 04 и ФК Бајер Леверкузен.
Знаменитости
уредиНеколкуте туристички одредишта во областа привлекуваат над 12 милиони туристи годишно; Келнската катедрала, самата над 6 милиони туристи. Други поважни атракции се палатите Августусбург и Фалкенлуст близу Бон и Замок Бенрат близу Диселдорф, како и рудникот за јаглен и индустриски комплекс Цолферајн и други знаменитости на европскиот пат на индустриското наследство.
-
Цолферајн
Музеи
уредиНРВ Форум, Уметничка галерија Северна Рајна-Вестфалија, Кунстхале Диселдорф, Музеј Кених, Музеј Лудвиг, Римско-германски музеј, Музеј Валраф-Рихарц, Неандерталски музеј и Германски музеј Бон се некои од најпознатите примери.
Образование
уредиМетрополитенската област Рајна-Рур е дом на девет универзитети и преку 30 високи школи, со вкупно над 300.000 студенти. Најголемиот е најстариот универзитет е Келнскиот (Universität zu Köln), првично основан во 1388. Други универзитети се:
Општини
уредиСледниве регистри ги покажуваат сите општини кои официјално припаѓаат на областа Рајна-Рур. Демографски, овие општини вклучуваат 20 градови (слободни градови (German: „Kreisfreie Städte“)), секој со повеќе од 100.000 жители и 11 окрузи (German: „Kreis“), секој со население со повеќе од 250.000 жители. Некои окрузи припаѓаат само делумно на областа Рајна-Рур. Во таков случај единствено општините кои припаѓаат на метрополитенската област се прикажани.
Слободни градови | |||
---|---|---|---|
Општина | Жители 31 декември 2009[2] |
Површина км² |
Жители на/ км² |
Бохум (BO) | 376.319 | 145,44 | 2.587,45 |
Бон (BN) | 319.841 | 141,22 | 2.264,84 |
Ботроп (BOT) | 117.241 | 100,61 | 1.165,3 |
Дортмунд (DO) | 581.308 | 280,39 | 2.073,21 |
Дисбург (DU) | 491.931 | 232,81 | 2.113,01 |
Диселдорф (D) | 586.217 | 217,01 | 2.701,34 |
Есен (E) | 576.259 | 210,38 | 2.739,13 |
Гелзенкирхен (GE) | 259.744 | 104,86 | 2.477,06 |
Хаген (HA) | 190.121 | 160,36 | 1.185,59 |
Хам (HAM) | 181.741 | 226,26 | 803,24 |
Херне (HER) | 165.632 | 51,41 | 3.221,79 |
Келн (K) | 998.105 | 405,15 | 2.463,54 |
Крефелд (KR) | 235.414 | 137,76 | 1.708,87 |
Леверкузен (LEV) | 160.593 | 78,85 | 2.036,69 |
Менхенгладбах (MG) | 258.251 | 170,45 | 1.515,11 |
Милхајм во Рур (MH) | 167.471 | 91,29 | 1.834,49 |
Оберхаузен (OB) | 214.024 | 77,04 | 2.778,09 |
Ремшајд (RS) | 111.422 | 74,60 | 1.493,59 |
Золинген (SG) | 160.992 | 89,46 | 1.799,6 |
Вупертал (W) | 351.050 | 168,39 | 2.084,74 |
вкупно/просечно | 6.503.676 | 3.163,74 | 2.055,69 |
|
|
|
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2011-06-29.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеIT NRW
. - ↑ http://www.metropoleruhr.de/
- ↑ http://www.region-koeln-bonn.de/
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-04-16. Посетено на 2011-06-30.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-07-17. Посетено на 2011-06-30.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-04-16. Посетено на 2011-06-30.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-07-17. Посетено на 2011-06-30.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-06-26. Посетено на 2011-06-30.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-07-17. Посетено на 2011-06-30.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-06-26. Посетено на 2011-06-30.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-07-17. Посетено на 2011-06-30.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-06-26. Посетено на 2011-06-30.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-05-22. Посетено на 2011-06-30.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-06-26. Посетено на 2011-06-30.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-10-20. Посетено на 2011-06-30.
- ↑ http://www2.bezreg-duesseldorf.nrw.de/static/download/chef/raumplanung/versionenglish.pdf Архивирано на 28 октомври 2006 г. Компаративна анализи за метрополитенската област Рајна-Рур, Обласна управа на Диселдорф, август 2002 г.
- ↑ http://www.raumplanung.uni-dortmund.de/rlp/Personal/Blotevogel/original/2006_Blotevogel_MetropolregionRheinRuhr.pdf Архивирано на 11 јули 2007 г. Метрополитенски функции на градовите во метрополитенската област Рајна-Рур
- ↑ „Please create a screen name to access this feature“. CNN.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-07-18. Посетено на 2011-06-30.
Додатна литература
уреди- Кнап, Волфганг (1998). The Rhine-Ruhr area in transformation: Towards a European metropolitan region?. европска планска студија.
- Дилеман, Франс М. (1998). Randstad, Rhine-Ruhr and Flemish diamond as one polynucleated macro-region?. Блеквел.
- Блитефогел, Ханс Х. (1998). The Rhine-Ruhr metropolitan region: Reality and discourse. европска планска студија.
Надворешни врски
уреди„Рајна-Рур“ на Ризницата ? |
- Мегаградови - Келнски универзитет
- Иднината припаѓа на метрополитенскиот регион Рајна-Рур Архивирано на 5 јануари 2013 г., Регионална влада Диселдорф
- Рајна-Рур Архивирано на 19 октомври 2015 г., Европски метрополитенски области во Германија
- Метрополитенски регион Рајна-Рур - уметнички производ Архивирано на 19 октомври 2015 г., Сојузен завод за градба и регионално планирање (Bundesamt für Bauwesen und Raumordnung, BBR)