Липе (река)

река во Германија

Липе (германски: Lippe) — река во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија, Германија, десна притока на Рајна. Долга е 255 км.

Липе
Местоположба
Физички особености
УстиеРајна
51°39′3″N 6°36′15″E / 51.65083° СГШ; 6.60417° ИГД / 51.65083; 6.60417
Должина255 км
Особености на сливот

Извира од пограничниот дел на Тевтобуршката шума во Бад Липшпринге, недалеку од Падерборн. Тече во западен правец низ градот, па низ Липштат и потоа долж северната граница на областа Рур. Таму минува низ Хам, Линен, Халтерн и Дорстен, за на крајот да се влее во Рајна кај Везел.

Реката е во катастрофална еколошка положба поради отпадните води од фабриките и менувањето на коритото. Денес се преземаат извесни мерки за возобнова на фауната по нејзиното течение.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди