Света Недела (село)

село во Костурско, Егејска Македонија

Света Недела (грчки: Αγία Κυριακή, Агија Кирјаки) — село во Општина Костур во Костурскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.

Света Недела
Αγία Κυριακή
Света Недела is located in Грција
Света Недела
Света Недела
Местоположба во областа
Света Недела во рамките на Костур (општина)
Света Недела
Местоположба на Света Недела во Костурско и областа Западна Македонија
Координати: 40°31′N 21°7′E / 40.517° СГШ; 21.117° ИГД / 40.517; 21.117
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски округ
ОпштинаКостур
Општ. единицаЧетирок
Надм. вис.&10000000000000680000000680 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно346
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 15 километри западно од градот Костур и Костурското Езеро во историско-географската област Пополе. Селото се наоѓа на надморска височина од 680 метри.

Историја

уреди

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Света Недела се состоело од 90 семејства со 70 жители муслимани и 220 Македонци[2][3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Света Недела имало 80 жители Македонци и 350 Турци[2][4].

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Света Недеља се води како мешано македонско-турско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 85 куќи.[5]

Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 120 македонски патријаршисти[2][6]. Според грчката статистика од 1905 година селото било мешано со 175 Грци и 375 Турци[7]. Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 15 македонски и 30 муслимански семејства[8].

Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[9]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 450 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 398 жители. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото.

Демографија

уреди

Во 1928 година селото броело 264 жители.[10], додека во 1940 година селото броело 427 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 362 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 349 жители, во 1971 година имало 258 жители, во 1981 година имало 278 жители, додека во 1991 година имало 305 жители[11]. Денеска, населението на селото е 263 жители според пописот од 2011 година.

Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем број на жители на селото биле принудени да ги напуштат своите домови, и тие главно заминале кон Костур. По нормализирање на состојбата, жителите на селото се вратиле во своите домови.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 427 362 349 258 278 305 346 263
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости

уреди
Верски објекти

Личности

уреди

Наводи

уреди
  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. 2,0 2,1 2,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  3. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 106-107.
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 266.
  5. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 100.
  6. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 180-181.
  7. „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Agia Kiriaki“. Архивирано од изворникот на 2007-07-26. Посетено на 2016-03-19.
  8. Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 8.
  9. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 35.
  10. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  11. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-19.