Сал Ага (грчки: Μονόβρυση, Моновриси)[2] — село во Општина Довишта во Серскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Сал Ага
Μονόβρυση
Сал Ага is located in Грција
Сал Ага
Сал Ага
Местоположба во областа
Сал Ага во рамките на Довишта (општина)
Сал Ага
Местоположба на Сал Ага во Општина Довишта и областа Централна Македонија
Координати: 41°4′N 23°36′E / 41.067° СГШ; 23.600° ИГД / 41.067; 23.600
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски округ
ОпштинаДовишта
Општ. единицаСтрума
Надм. вис.&1000000000000001400000014 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно566
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа на 13 километри југоисточно од градот Сер и на 12 километри југозападно од Довишта, на надморска височина од 14 метри.

Историја уреди

Отоманско Царство уреди

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Серската каза во составот на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 68 муслимани и 70 цигани[3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 60 Македонци и 50 цигани[4][5]. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 40 македонски гркомани, 12 Власи и 252 цигани[4][6].

Грција уреди

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година селото било евидентирано како напуштена населба, додека на пописот од 1920 година во селото биле евидентирани 58 жители[7].

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1930 година, селото било преименувано во Моновриси[8].

Демографија уреди

Во 1928 година селото броело 300 жители, додека во 1940 година селото броело 418 жители. Селото според пописот од 1951 година броело 550 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 472 жители, во 1971 година имало 523 жители, во 1981 година имало 523 жители, додека во 1991 година имало 573 жители.[7] Денеска, населението на селото е 566 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 418 467 550 472 523 573 604 566
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Знаменитости уреди

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βερζιανή - Μονόβρυση
  3. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 124-125.
  4. 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 177.
  6. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 200-201..
  7. 7,0 7,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 80.
  8. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.

Надворешни врски уреди